3Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!
ЗабаваДончиќ е најголемиот „плачко“ во НБА„Секогаш се жали и плаче кај судиите, Лука Дончиќ е „најголемиот плачко“ во НБА.Познатиот новинар на ЕСПН Зек Лав кој ја следи најдобрата светска кошаркарска лига, НБА изјави дека ѕвездата на Далас, Словенецот Лука Дончиќ е кошаркарот кој најмногу им се жали на судиите и дека наскоро тој ќе стане „најголемиот плачко во историјата на НБА лигата“. Искусниот новинар вели дека Лука нон стоп се жали кај судиите. „Лука стана еден од најголемите плачковци во НБА лигата. Тоа се случува константно. Секогаш кога оди на влез тој се жали и кука кај судиите. Троши време на плачење и жалење, а тоа му штети на тимот. Го „цица“ живото од тимот. Целата енергија ја троши на расправии и жалење кај судиите“, изјавил новинарот Зек Лав. Познатиот спортски новинар смета дека 22 годишниот Лука мора да почне да се однесува многу по зрело за доброто на тимот. Лука Дончиќ инаку ја игра третата сезона во НБА лигата, и бележи просек од 27,3 коша, 9 скока и 9,4 асистенции по натпревар. Во моментов неговиот Далас е на 13 мезсто во Западната конференција на НБА со скор од 8 победи и 13 порази.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Стапката на инфлација се намалува, пониска е и од инфлацијата во еврозонатаПодатоците од Државниот завод за статистика укажуваат на забавување на инфлацијата.Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти на годишно ниво што покажува тренд на намалување. Во јули стапката на инфлација во Македонија е под просекот на еврозоната во која стапката на инфлација во јули изнесува 2,9 проценти. Колку за споредба во април 2026 година инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 5,7 проценти, во мај 4,8 отсто и во јуни 3,4 проценти. Особено е значајно што и во текот на јули продолжува трендот на намалување на цените на храната и безалкохолните пијалаци, кои се пониски за 1,1 процент во однос на претходниот месец. Ова е од големо значење бидејќи храната има најголемо влијание врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните. Овие податоци од надлежната институција, Државниот завод за статистика се потврда на политиките кои ги креира Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Бројките несомнено се позитивен сигнал за движењата во економијата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги следи економските движења и да креира мерки во интерес на граѓаните и нивниот животен стандард. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај КарпалакДелегација на СДСМ денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак.Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно организацискиот секретар Зоран Трифуновски и претседателот на ОО СДСМ Тетово, Жика Алексоски денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак. Вечна им слава на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски, армиските резревисти кои на 8 август 2001 година беа убиени кај месноста Карпалак. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураКараванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!Со големо задоволство споделуваме дека караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден", по повод 35 години независност на Македонија, на 11 август пристигнува во Битола, на платото на Офицерски дом, со почеток во 20:30 часот.Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении. Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата. Караванот започнува во недела (9 август) во Охрид, а потоа продолжува во Битола (11 август) и Велес (12 август). Во наредниот период ќе посети уште осум градови низ Македонија, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени. Се гледаме на „Силно светнал ден", за заедно, на емотивен и спектакуларен начин да го започнеме одбележувањето на 35 години независност.Тагови: Силно светнал ден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook