3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
НБАДончиќ дебитираше за Лејкерс, „езерџиите“ запишаа шеста победа по редЛука Дончиќ заврши со 14 поени, 5 скока и 4 асистенции, а Леброн Џејмс додаде 24 поени, 7 скока и 8 асистенции во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Јута Џез со 132-113 во дебито на словенечката ѕвезда за тимот. Дончиќ одигра 24 минути.Остин Ривс постигна 22 и забележа 9 скока, а Руи Хачимура додаде 21 поен за Лејкерси, кои ја забележаа шестата последователна победа. Џордан Гудвин постигна 17 на својот втор натпревар за Лејкерс. Лаури Марканен и Џон Колинс постигнаа по 17 поени, а Џордан Кларксон додаде 16 за Јута, која сега запиша деветти пораз по ред на гостувањата. Дебито на Лука Дончиќ за Лос Анџелес Лејкерс помина во голем стил, но тој самиот призна дека му било малку непријатно и имал трема. Дончиќ го одигра првиот натпревар во дресот на „езерџиите“ по трејдот, против Јута. Во своето деби за својот нов клуб, тој постигна 14 поени, забележа пет скока и четири асистенции, додека Л.А. го совлада противникот за шестата последователна победа (132:113). -Леле, многу луѓе. Тоа беше нешто посебно. Кога ги гледав момците на теренот на последните натпревари, само мислев дека сакам да играм со нив, рече Лука Дончиќ при пристигнувањето на прес-конференцијата по долгоочекуваното деби за Лос Анџелес Лејкерс. Дончиќ во дебито постигна 14 поени, но шутот не му одеше најдобро. Тој погоди 5 од 14 обиди од поле по долгото лекување на повредата на глутеалниот мускул, а последен пат играше на Божиќ. -Бев малку нервозен. Тоа не ми се случило пред натпревар долго време. Не сум играл долго време. Ова е нов тим за мене. Но, беше забавно на теренот, призна словенечкиот репрезентативец и додаде:„Ова е нов тим, ново сè. Ми се допаѓа начинот на кој ми помогнаа – моите соиграчи, Роб (Пелинка, ГМ), Џини (Бас, сопственик). Чувствував голема поддршка. Беше очигледно... Кога дојдов во салата, ги видов сите дресови „Лука“. Надреално чувство“. Пред натпреварот го охрабри и Леброн Џејмс кој му порача да биде тоа што е. -За Леброн да каже нешто такво ми дава дополнителна самодоверба. Се наежив. Посебно е. Тој ја гледа играта поинаку од многу луѓе, неговата интелигенција е луда. И знаете, имајќи двајца такви момци на теренот, мислам дека тоа ќе му помогне на целиот тим, рече Дончиќ. Натпреварот го следеше и Дирк Новицки, легендата на Далас Маверикс. -Многу ми значи. Дека дојде. Тој е мој голем пријател, секогаш сум го гледал, тој е одличен ментор. Фактот што се појави, што долета од Далас е неверојатно и јас навистина, навистина го ценам тоа, додаде Дончиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter