СветДоналд Трамп промовира економски план за намалување на цените и го повикува Маск да помогне„Јас ветувам ниски даноци, ниски регулативи, ниски енергетски трошоци, ниски каматни стапки, сигурни граници, ниско, ниско, ниско ниво на криминал и растечки приходи за граѓаните од секоја раса, религија, боја и вероисповед“.Доналд Трамп ја претстави својата обемна економска програма за намалување на цените и укинување на бирократските пречки, и најави дека ќе го назначи најбогатиот човек на светот, Илон Маск, да му помогне, ставајќи ја економијата во центарот на својата претседателска кампања. Зборувајќи вчера во Економскиот клуб на Њујорк, републиканскиот претседателски кандидат вети дека ќе ја зголеми енергетската продукција во САД, ќе ги намали даноците и ќе го реформира регулаторниот режим на земјата – со цел да направи контраст со економската визија на Камала Харис. „Таа ветува комунистички контролирани цени, конфискација на богатството, уништување на енергијата, репарации, најголемо зголемување на даноците што некогаш било наметнато и масовна амнестија и државјанство за десетици милиони мигранти кои ќе потрошат трилиони долари на федерални бенефиции и ќе ја уништат социјалната сигурност и Медикер“, рече Трамп. „Јас ветувам ниски даноци, ниски регулативи, ниски енергетски трошоци, ниски каматни стапки, сигурни граници, ниско, ниско, ниско ниво на криминал и растечки приходи за граѓаните од секоја раса, религија, боја и вероисповед“. Поранешниот претседател додаде: „Мојот план ќе ја победи инфлацијата многу брзо, ќе ги намали цените и ќе предизвика експлозивен економски раст“. Трамп рече дека ќе повлече најмалку 10 регулативи за секоја нова креирана и ќе го назначи шефот на Тесла - Маск да раководи со новата комисија за ефикасност „задолжена да спроведе целосна финансиска ревизија и ревизија на перформансите на целата федерална влада и да дава препораки за драстични реформи“. Маск изјави на платформата Х дека со нетрпение ја очекува можноста да служи на САД ако се појави можноста. „Ниту плата, ниту титула, ниту признание не се потребни“. Говорот на Трамп пред публика составена од извршни директори од Волстрит доаѓа во моментот кога тој и Харис се обидуваат да ги убедат Американците дека можат да ги решат високите цени на куќите, прехранбените производи и другите трошоци, кои остануваат централно прашање за многу гласачи два месеца пред изборите на 5 ноември. Додека Харис, демократскиот кандидат, вети дека ќе го прошири пристапот до достапно домување и ќе ги ограничи цените на храната, со фокус на таканаречената економија на грижа, Трамп ги стави во центарот на својата понуда пониските даноци, тарифите на увозот и дерегулацијата. „Ние испорачавме економско чудо, кое Камала и Џо [Бајден] го претворија во економска катастрофа“, рече Трамп, обвинувајќи ја Харис за високата инфлација во последните неколку години. Додека инфлацијата растеше за време на претседателството на Бајден поради пандемијата на коронавирусот која ги заглави синџирите на снабдување, таа драматично се намали откако го достигна врвот во 2022 година. Инфлацијата сега се движи кон целта од 2 проценти на Федералните резерви, што ја прави централната банка подготвена да ги намали каматните стапки овој месец. Пазарот на труд, исто така, остана историски здрав во овој период, со рекорден раст на работни места и ултра ниска невработеност, додека економијата се прошируваше со стабилно темпо. Во текот на сето ова, S&P 500 достигна нови рекорди. Трамп, исто така, вети дека ќе испорача „енергетско изобилство, енергетска независност и дури и енергетска доминација“ ако победи на изборите, со веднаш прогласување на национална вонредна состојба за да постигне „масовно зголемување на домашното снабдување со енергија“. Тој тврди дека овие активности ќе ги намалат цените на енергијата за најмалку половина во рок од 12 месеци по стапувањето на должност. Производството на нафта и гас во САД достигна рекордни нивоа за време на претседателството на Бајден, иако цените на бензинот и другите енергетски трошоци се повисоки отколку кога Трамп беше на функција. Трамп, исто така, го повтори својот план за намалување на стапката на корпоративниот данок од 21 процент на 15 проценти за компании кои ги произведуваат своите производи во земјата, додека ќе ги прошири даночните кредити за бизниси кои се фокусирани на истражување и развој. Минатиот месец, Харис поддржа зголемување на корпоративниот данок на 28 проценти од 21 процент. Во средата, таа исто така предложи зголемување на даночната стапка на долгорочни капитални добивки за најбогатите Американци на 28 проценти, што е помалку драстично зголемување од она што го предложи Бајден. Предлозите на двајцата кандидати за промени во даночниот код на САД би требало да бидат одобрени од Конгресот. Изјавите на Трамп дојдоа во моментот кога анкетите покажаа дека Харис води во неколку од клучните свинг (променливи) држави кои ќе го одлучат исходот од изборите во ноември. Најновата анкета на FT-Michigan Ross, исто така, покажа дека повеќе Американци ѝ веруваат на Харис да управува со економијата на САД отколку на Трамп. Тој повторно го истакна својот строг став за имиграцијата, повторувајќи го својот план за масовна депортација на недокументираните лица. Тој би се обидел да ги блокира федералните бенефиции да не стигнуваат до недокументираните лица. Зборувајќи пред новинарите, Кевин Хасет, поранешен претседател на Советот на економски советници во администрацијата на Трамп, изјави дека поранешниот претседател ќе „удвои“ кога се во прашање политиките, вклучително и тарифите, кои беа карактеристични за неговиот прв мандат. Трамп веќе објави планови за обемни протекционистички мерки, вклучувајќи 10 проценти тарифа на сите увози и повеќе од 60 проценти данок на кинеските производи. Во четвртокот тој изјави дека неговиот план е „про-американска трговска политика која користи тарифи за да поттикне продукција овде“ и која ќе доведе до „национална економска ренесанса“. Трамп предложи дека би можел да ги користи приходите од тарифите за да започне суверен фонд, иако не понуди детали за тоа како би функционирал во пракса, со оглед на тоа што САД моментално имаат дефицити од трилиони долари. „Зошто немаме суверен фонд? Други земји имаат суверени фондови. Ние немаме ништо“, рече тој. „Ќе имаме суверен фонд, или можеме да го наречеме некако поинаку“. Многу економисти предупредија дека политиките на Трамп би можеле да додадат инфлаторни притисоци, наместо да ги намалат, и потенцијално да го намалат растот, додека неговиот план за дополнително намалување на даноците би можел да го зголеми долгот на САД. Хасет ги отфрли тие загрижености, изјавувајќи дека има „силни докази за успех“. Фајненшл Тајмс (ФТ) - Лондо /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Шоу бизЏенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко. „Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите. Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Најави концертен филм Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година. Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата. Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици. Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба. Извор: Индекс.хрТагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
АвтомобилизамСпортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење. Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите. Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“. Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле. Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени. И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили. Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот. Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“. Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч. Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек. Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека. Извор: Б92Тагови: Sanrivatti One Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНасилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото. Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници. Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел . Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци. Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви. Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти. Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат. The police in Berlin have had enough of those who create chaos in Germany. https://t.co/MOhad35F3m — RadioGenoa (@RadioGenoa) November 15, 2026 Обид за пробивање на полицискиот кордон Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат. Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници. На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење. На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата. Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти. Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам. Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам. Најавен е европски штрајк на младите Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување. На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци. Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин. Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55