Доналд Трамп Помладиот ќе ја посети Романија - Канал 5

Доналд Трамп Помладиот ќе ја посети Романија

Доналд Трамп Помладиот, најстариот син на претседателот на Соединетите Американски Држави, денеска ќе ја посети Романија.

Доналд Трамп Помладиот ќе ја посети Романија

Поводот е настан посветен на деловното опкружување, објавуваат романските медиуми, повикувајќи се на информации од организаторите.

Трамп Помладиот нема планирани средби со романски политичари.

Посетата ќе биде организирана само една недела пред првиот круг од претседателските избори во Романија на 4 мај, забележуваат медиумите.

Романија е дел од источноевропската турнеја на Доналд Трамп Помладиот, во која беа вклучени и Унгарија, Србија и Бугарија.

Минатиот декември, 47-годишниот син на американскиот претседател ја опиша одлуката на Уставниот суд на Романија да го поништи првиот круг од претседателските избори во земјата како „уште еден соросоидно-марксистички обид за манипулирање со резултатот“.

На почетокот на март оваа година, независниот кандидат Виктор Понта објави фотографија на социјалните мрежи со Доналд Трамп Помладиот.

Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него

 Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него, Унијата е со вас.

Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него

Европската Унија останува со Македонија на патот кон целосното интегрирање, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Каја Калас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје.

Високата претставничка истакна дека разговарале за повеќе теми, при што потенцира дека земјава е првиот корисник во регионот на она што го нуди Планот за раст на Западен Балкан, но и прва држава, која го потпишала Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ. Нагласи дека на средбата меѓу другото се разговарало за напредокот на македонската економија и истакна дека тој процес е од големо значење и за самата Унија.

-Ова партнерство подразбира заедничка работа за Украина и во сферата на борбата против тероризмот секако, а тоа покажува дека функционира постепената интеграција. Но двете страни сакаат повеќе и тоа е мошне јасно. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. Вие имате навистина долга историја на усогласувањето со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, а тоа нам ни е особено многу важно во овие трубулентни времиња, кога гледаме дека има сериозни геополитички промени во светот, рече Калас.

Таа говореше за напорите кои се преземени од страна на Владата во однос на реформаката агенда.

-Вие, подобро од кој било знаете дека патот до членството не е лесен и мојата порака денеска е да останете на тој пат, да ги преземете чекорите потребни за отворање на пристапните преговори. Тоа исто така ќе значи дека ЕУ на Македонија ќе и дава уште поголема поддршка, без разлика дали станува збор за владеењето на правото, борбата против корупцијата или модернизирањето на јавната администрација, нагласи Калас.

Таа додаде дека од искуство знаат дека напредокот може да биде брз доколку има политичка волја, а како добар пример за тоа ги посочи Албанија и Црна Гора.

-Секако Македонија се соочува со носење избор за своите граѓани и за иднината. Веруваме дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е најдобриот рецепт за мир и безбедност во целиот регион. Затоа ајде да се придвижиме заедно и тука сакам да ве уверам дека ЕУ останува покрај вас, порача Калас.

Вања ја води кариерата на Лука Модриќ: Се запознале преку телефон и двапати се венчале

Љубовта на својот живот Лука Модриќ ја запознал кога имал само 19 години, а таа била шест години постара. 

Вања ја води кариерата на Лука Модриќ: Се запознале преку телефон и двапати се венчале

Вања тогаш работела во спортска агенција, а нивната врска започнала со деловен разговор што прераснал во тричасовно муабетење.

Како продолжила нивната приказна, Модриќ открива во својата автобиографија „Мојата игра“:

„Ја поканив на кафе за да ѝ се заблагодарам за помошта. Времето со неа леташе. И секогаш ми беше малку. Имавме уште неколку средби на кафе. Понекогаш навраќав кај неа дома, бидејќи живеевме блиску еден до друг.“

Можеби ќе ве интересира: Мбапе го прокоментирал заминувањето на Модриќ од Реал: Сите ги пренесуваат неговите зборови

Љубовта се родила на прв поглед

„Преку долгите разговори сфативме дека имаме ист поглед кон животот и семејството. Веќе бев вљубен кога првпат ѝ предложив да излеземе вечерта. Прифати. Беше тоа на 1 декември 2004 година. Таа вечер се бакнавме за првпат. Не знам дали некогаш дотогаш сум почувствувал таква среќа.“

Вања била импресионирана од таинственоста и самодовербата на Лука, додека тој од самиот почеток бил сигурен дека се создадени еден за друг.

Граѓански се венчале во 2010 година во Загреб, а една година подоцна и црковно. Церемонијата била гламурозна – Вања носела фустан во боја на шампањ и букет од божури, а пред бројни познати гости од спортскиот свет размениле прстени од „Cartier“.

Во бракот добиле три деца: Иван, Ема и Софија.

Можеви ќе ве интересира: Модриќ ќе го напушти Реал по Светското клупско првенство

Иако Модриќ и неговата сопруга го чуваат приватниот живот далеку од јавноста, не е тајна дека и денес се вљубени како кога се запознале. Згодната русокоса со текот на времето станала и негов агент, а добро информирани извори тврдат дека токму Вања е најзаслужна за милионскиот договор што Лука Модриќ го потпиша со Реал Мадрид пред околу десет години, пишува Блиц.

Лишен од слобода возач во валандовско,возило со брзина од 97 км на место каде е дозволено 40км

Лишен од слобода возач во валандовско, управувал возило со брзина од 97 км/час на место каде е дозволено 40 км/час, информира МВР.

Лишен од слобода возач во валандовско,возило со брзина од 97 км на место каде е дозволено 40км

На 22.05.2025 во 09.30 часот во село Јосифово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово го лишија од слобода А.Р.(33) од село Банско, струмичко. При сообраќајна контрола, полициские службеници констатирале дека А.Р. управува моторно возило со брзина од 97 километри на час на место каде што брзината на движење е ограничена на 40 километри на час.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против А.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

притисни ентер