Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветДоналд Трамп објави дека ги помирил Ерменија и Азербејџан „засекогаш“Ерменија и Азербејџан ветија дека ќе престанат да се борат меѓусебно „засекогаш“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Двете земји со децении имаат територијален спор што доведе до неколку војни меѓу нив.Во присуство на американскиот лидер, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашињан изјавија дека тој заслужува Нобелова награда за мир, јавија американските медиуми. „Двете држави се посветени на „засекогаш да престанат да се борат, да ги отворат (своите граници) за трговија и патувања и да развиваат дипломатски односи, почитувајќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на другата страна“, рече републиканецот. „Ќе имате многу добри односи“, им рече Трамп на своите двајца гости, додавајќи: „Ако не, јавете ми се и јас ќе средам“. „Го поздравуваме успехот постигнат на патот кон воспоставување траен мир меѓу Ерменија и Азербејџан“, соопшти турското Министерство за надворешни работи во коментар за договорите од Вашингтон. Франција, дом на стотици илјади луѓе од ерменско потекло, го опиша договорот како „решавачки чекор кон нормализација на односите“ меѓу Баку и Ереван. Опишувајќи го настанот како „историски ден“, Алиев предложи, заедно со Пашинјан, официјално да го номинира Трамп за Нобелова награда за мир. „Кој друг освен претседателот Трамп го заслужува тоа?“, праша тој, и му се заблагодари на својот американски колега. Ерменскиот лидер, исто така, ја изрази својата поддршка за номинацијата на републиканецот за Нобелова награда за мир. „Ние ќе ја поддржиме (неговата кандидатура)“, рече Пашинјан. Израел, Пакистан и Камбоџа неодамна објавија дека и тие го номинираат Трамп, кој искрено верува дека ја заслужува наградата за неговите напори како медијатор во голем број конфликти. Алиев и Пашинјан се ракуваа во присуство на Трамп и потпишаа заедничка декларација. „Денес воспоставуваме мир на Кавказ“, рече азербејџанскиот претседател. Ерменскиот премиер го опиша потпишувањето на документот како чекор „што го отвора патот за крај на долгогодишниот конфликт“. Спогодбата склучена синоќа предвидува создавање транзитен коридор низ територијата на Ерменија, поврзувајќи го Азербејџан со неговата енклава Нахичеван, која е одвоена од неа. Создавањето таков коридор е долгогодишно барање на Баку. Ќе се вика „Патот на Трамп кон светскиот мир и просперитет“. Американскиот претседател рече дека е многу почестен што коридорот е именуван по него, но нагласи дека не инсистирал на тоа. Според американските претставници, името е идеја на Ерменија. САД ќе имаат право да учествуваат во изградбата на оваа зона, која ќе вклучува железница, нафтоводи и гасоводи и оптички кабли. Американски претставник нагласи дека Ерменија нема што да изгуби, бидејќи со договорот всушност добива од продлабочувањето на соработката со Вашингтон.Тагови: Азербејџан Доналд Трамп Ерменија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактотВкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“. Kapal Virgo Transport 8 rute Surabaya-Banjarmasin dilaporkan hilang kontak di perairan Laut Jawa, Kalimantan Selatan, Minggu (13/9/2026) dini hari. Berdasarkan laporan awal Kantor Pencarian dan Pertolongan atau SAR Banjarmasin, kapal tersebut membawa 240 orang. Kapal diketahui… pic.twitter.com/sCB7cBtS5V — Radio Suara Surabaya (@e100ss) September 13, 2026 Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот. BREAKING: At least 125 people are missing after the passenger ship Virgo Transport 8 lost contact in the Java Sea near South Kalimantan, Indonesia. Authorities have rescued 115 people, while 1 person has been confirmed dead. Search and rescue operations are ongoing. pic.twitter.com/urIUSJQ0e7 — Weather Monitor (@WeatherMonitors) September 13, 2026 Тагови: брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на РусијаТериторијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата. Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.Тагови: Кушнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДевет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранетиБројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца.Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети во серијата жестоки руски воздушни напади врз неколку украински области, во кои се оштетени станбени згради и критична инфраструктура, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија загрижувачки ја пренесува војната кон економијата со истрелување на речиси 500 дронови од раните утрински часови. Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените руски напади врз електроцентралите и другата инфраструктура. Од своја страна, украина изведува напади врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија, а двете страни напаѓаат и бродски пловни објекти. „Москва ја пренесува војната од фронтот, каде што не постигнува успех, кон економијата, уништувајќи објекти што му помагаат на населението да се справи со воените услови. Русија сака да ја уништи украинската економија и да го скрши нашиот отпор“, изјави Зеленски на Телеграм.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45