Доналд Трамп Џуниор се венча во тајност- невестата не го зема неговото презиме - Канал 5

Доналд Трамп Џуниор се венча во тајност- невестата не го зема неговото презиме

Доналд Трамп Џуниор и Бетина Андерсон сега се официјално венчани.

Доналд Трамп Џуниор се венча во тајност- невестата не го зема неговото презиме

Според TMZ, двојката се венчала во тајност пред раскошниот свадбен викенд на Бахамите. Според венчалниот лист што го добиле TMZ, Доналд Трамп Џуниор и Бетина Андерсон ја завршиле потребната правна постапка во четврток во округот Палм Бич.

Документот бил потпишан од заменик-службеникот на округот, исполнувајќи ги условите за церемонијата да се одржи на приватен остров на Бахамите. Бракот официјално го склучил Бред Мекферсон, адвокат за недвижности кој со години работи со семејството Трамп.

Според TMZ, ова е формалност што двојката морала да ја реши пред свадбата надвор од Соединетите Американски Држави. Во документите исто така се наведува дека невестата, барем засега, нема законски да го промени презимето во Трамп.

Свадба на Бахамите без Доналд Трамп

Двојката планира да размени завети овој викенд пред мал број членови на семејството и блиски пријатели за време на приватна прослава на Бахамите. Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно објави дека нема да присуствува на свадбата на својот син, нема да биде меѓу гостите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија на семеен одмор во Шпанија: Браќа скокнале од ферибот за да допливаат до плажата, едниот се удавил

Семеен одмор во Шпанија заврши со трагедија откако двајца браќа скокнаа од туристички ферибот во морето, наводно со намера да допливаат до барот на плажата. Сепак, само еден од нив успеал да стигне до брегот.

Трагедија на семеен одмор во Шпанија: Браќа скокнале од ферибот за да допливаат до плажата, едниот се удавил

Британски турист (45) се удави во близина на шпанскиот брег Коста Дорада откако скокна од ферибот што пловеше помеѓу популарните одморалишта Камбрилс и Салу во петокот вечерта со својот 42-годишен брат.

Нивните родители исто така биле на бродот.

Според „Мирор“, повикувајќи се на локалниот весник „Дневник Тарагона“, трагедијата се случила само неколку минути пред фериботот да исплови во пристаништето Салу.

Постариот брат, според овие тврдења, скокнал во морето од прозорецот на фериботот по своја слободна волја, а неговиот помлад брат скокнал кратко потоа.

Наводно имале намера да допливаат до плажата и барот.

Нивните родители останале на фериботот и наводно верувале дека нивните синови ќе можат да стигнат до брегот без никакви проблеми бидејќи биле добри пливачи.

Екипажот на фериботот ги известил службите за итни случаи во 18:41 часот, по што започнала потрага на море.

Помладиот, 42-годишен брат успеал да преживее и да стигне до брегот. Неговиот постар брат не.

Телото на 45-годишниот маж било пронајдено подоцна, а полицијата го обезбедила местото. На местото на настанот присуствувал и форензички службеник.

Според локалните медиуми, кратко пред инцидентот, браќата сакале да пијат пиво на фериботот, но капетанот наводно не им дозволил да пијат алкохол.

Точните околности што довеле до нивната одлука да скокнат од бродот сè уште не се утврдени.

Родителите дале изјави во полицијата откако фериботот се закотвил, а подоцна биле информирани дека нивниот син е пронајден мртов. Семејството добива и психолошка поддршка.

Цивилната гарда во Тарагона започнала истрага за да ги утврди сите околности на трагедијата. Се чекаат и резултатите од обдукцијата, која треба да ја утврди точната причина за смртта.

Според локалните податоци што ги објавија британските медиуми, 45-годишниот турист е веќе 14-то лице што се удавило покрај брегот на Тарагона ова лето и првата жртва на давење во септември.

Патувањето со ферибот помеѓу Камбрилс и Салу вообичаено трае околу половина час, а двете туристички дестинации се поврзани со редовни линии покрај брегот на Коста Дорада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Демократската унија за интеграција реагира на зголемувањето на цените на меѓуградскиот транспорт, што директно ги оптоварува граѓаните, особено студентите и вработените кои секојдневно патуваат од еден во друг град.

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Од Тетово до Скопје, билетот кој досега чинеше 200 денари е зголемен на 250 денари, што претставува зголемување од 25% по патување. За студент или вработен кој секојдневно патува, ова значи значително дополнително месечно оптоварување.

Истовремено, според презентираните податоци, месечните трошоци за транспорт се зголемиле од околу 5.500 на 6.500 денари, што дополнително го зголемува притисокот врз семејните буџети.

Дали ова е политиката на „грижа за граѓанинот“ што ја нуди власта?

Наместо да се креираат политики за подостапен јавен транспорт и за поддршка на студентите и вработените кои секојдневно патуваат, граѓаните се соочуваат со сè повисоки цени.

ДУИ бара од надлежните институции јавно да ги објаснат причините за ова зголемување и да преземат мерки за заштита на граѓаните, особено на студентите и категориите кои зависат од меѓуградскиот транспорт.

Граѓаните не можат да бидат тие што ќе ја плаќаат сметката за секој неуспех на власта, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Целата акција против вработениот е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата

Лицето со иницијали Д. Ц. е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода. 

Влада: Целата акција против вработениот е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата

Првичната пријава за незаконскиот поткуп потекнува и е на иницијатива на институциите на кои им било пријавено барањето за поткуп.

На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани.

Истото лице во моментот на незаконското делување работело и остварувало задачи како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, откако претходно засновало работен однос по примерот на сите останати институции во Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Оваа акција беше спроведена претходно во соработка со службите на МВР, при што беа дадени бележани пари и целата акција е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата. Со овој случај се покажува дека законите важат за сите, се докажува волјата и целта на Владата да се бори против корупцијата. Со ова се подвлекува јасна граница помеѓу оние кои сакаат злоупотреби и сите други кои се борат против нив. Ова е уште еден пример како преку заедничка соработка на органите и институциите може да се спроведе правда, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер