3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЗдравјеДонација во вредност од 38.185 евра за Универзитетската клиника за максилофацијална хирургијаПациентите повеќе нема да бидат изложени на ризик од повреда на нервите и нарушување на функцијата на лицето, ниту принудени да бараат помош од странство, истакна амбасадорот Севада, по потпишувањето.Во Амбасадата на Јапонија во земјава денеска јапонскиот амбасадор Хиронори Севада и директорката на Универзитетската клиника за максилофацијална хирургија Даница Поповиќ Моневска потпишаа договор за грант во вредност од 38.185 евра, со што ќе се набави интероперативен невромониторинг систем кој ќе обезбеди попрецизни и побезбедни здравствени услуги за пациентите при операција на лицето, вилицата и вратот. – Пациентите повеќе нема да бидат изложени на ризик од повреда на нервите и нарушување на функцијата на лицето, ниту принудени да бараат помош од странство, истакна амбасадорот Севада, по потпишувањето. Директорката на Клиниката за максилофацијална хирургија упати искрена благодарност за помошта, посочувајќи дека со набавка на апаратот ќе се исполни една од поважните цели на Клиниката. – Со потпишувањето на овој договор за грант од страна на пријателскиот јапонски народ, конечно се остварува една од поважните цели и потреби на Универзитетската клиника за максилофацијална хирургија, која значајно ќе придонесе во унапредувањете и подобрувањето на квалитетот на хируршките интервенции во лицето-виличната и врантната регија, а со тоа и во обезбедување подобра, посигурна и поквалитетна здравствена услуга, кон која сите се стремиме, потенцираше Поповиќ Моневска. Договорот е потпишан во рамки на „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“, со кој досега Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема во повеќе од 72 училишта и градинки, 64 здравствени установи и ибезбеди 34 специјализирани возила за управување со отпад и комунални услуги за 51 општина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦелосно реновирани домовите на култура во Текија, Кадино и МралиноОпштина Илинден го заврши реновирањето и санацијата на домовите на култура во населените места Текија, Кадино и Мралино, во рамки на програмата за обновување и модернизација на јавните објекти. Со реализираните градежни активности значително се подобрени условите за одржување културни, општествени и јавни настани. Во Домот на култура во Текија извршена е санација на кровната конструкција со поставување нов пластифициран лим, поставени се нови ПВЦ-врати и обновена е електричната инсталација. Дополнително, извршено е глетување и молерисување на внатрешните простории, целосна санација на санитарните јазли и обновување на фасадата. Во Домот на култура во Кадино поставени се нови вертикални олуци и пластифициран лим за симс, санирана е фасадата и обновени се внатрешните простории. Поставени се нови ПВЦ-врати и прозорци, заштитна ограда и нови плочки на надворешните скали, а извршена е и санација на електричната инсталација. Во Домот на култура во Мралино целосно е обновена кровната конструкција, поставени се нов пластифициран лим, хоризонтални и вертикални олуци, како и нови ПВЦ-врати и прозорци. Извршена е санација на фасадата, обновени се надворешните скали и терасата со нови плочки и заштитна ограда, додека во внатрешноста се поставени гипс-картон и ново осветлување, а ѕидните површини се глетувани и молерисани. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека со реновирањето на домовите на култура се обезбедуваат подобри услови за развој на културниот и општествениот живот, како и функционални простори за организирање различни активности и настани за потребите на граѓаните. Општина Илинден продолжува со вложувањата во културната инфраструктура, при што во изминатиот период беа реновирани и санирани домовите на култура и во населените места Ајватовци, Бујковци, Бучинци и Дељадровци. Општина ИлинденТагови: Општина Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШасивари на средба со претставникот на Катар: Унапредување на соработката во правосудствотоНа средбата, Шасивари ја истакна важноста од воспоставување директни контакти со Министерството за правда на Катар и неговите специјализирани институции.Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари средба со вршителот на должноста во Амбасадата на Државата Катар, Рашид бин Саед Ал-Хајарин, на која се разговараше за можностите за продлабочување на билатералните односи и отворање ново поглавје во институционалната соработка во областа на правосудството. На средбата, Шасивари ја истакна важноста од воспоставување директни контакти со Министерството за правда на Катар и неговите специјализирани институции, со фокус на обуката на правните професионалци, борбата против корупцијата и финансискиот криминал, како и дигитализацијата на правосудниот систем. Односите меѓу нашата држава и Катар континуирано се развиваат. Политичките консултации одржани во Доха во јули 2026 година и потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на трудот во септември оваа година го потврдуваат потенцијалот за натамошно проширување на соработката. Во таа насока, министерот Шасивари изрази интерес за разгледување на можностите за техничка и финансиска поддршка за приоритетни проекти во рамките на реформите во правосудството, со цел соработката да се преточи во конкретни проекти и мерливи резултати. Добрите дипломатски односи создаваат можности, а институционалната соработка ги претвора во резултати. Министерството за правда има за цел односите со Катар да ги надминат рамките на дипломатскиот дијалог и да донесат конкретни придобивки за институциите и граѓаните на двете земји. Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНова фекална канализациона мрежа во Пинтија Општина Кисела Вода ја финализираше изградбата на новиот крак од фекалната канализација на улицата „Саса“ во населбата Пинтија. Со овој инфраструктурен проект се надминува повеќегодишниот проблем на жителите од овој дел на општината, кои конечно добиваат соодветно и стандардизирано одведување на отпадните води. Изведена е нова фекална канализација во должина од 320 метри, при што се поставени 15 нови ревизиони шахти. Новата мрежа е директно поврзана со постоечката канализациска инфраструктура на улицата „Саса“. Се работи за проект финансиран од Општина Кисела Вода, додека дел од материјалите беа обезбедени во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. -Реализацијата на овој проект е директен одговор на барањата на граѓаните од овој дел на Пинтија. Моето ветување до нив беше дека ова прашање ќе биде решено во најскоро време, и денес тоа ветување е реалност. Со изградбата на новата мрежа, го надминуваме овој комунален предизвик и обезбедуваме достоинствени услови за живот. Општина Кисела Вода продолжува со континуираните инвестиции во изградба и реконструкција на подземната инфраструктура во секое населено место- истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Пинтија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook