ЗдравјеДонација од СЗО за Судска медицина и Микробиологија Tри кабинети со високо ниво на заштита и еден автоматски екстрактор за изолација на вирусна РНК, како и реагенси за три илјади анализи добија лабораториите на Институтот за судска медицина и на Институтот за микробиологија. Станува збор за донација од Светската здравствена организација. На денешното примопредавање на донацијата присуствуваше министерот за здравство Венко Филипче кој изјави дека СЗО се покажа како еден од нашите најсериозни и најголеми партнери од почетокот на оваа криза, по претходниот период на соработка на други полиња. – Меѓутоа, сега по појавата на пандемијата со Ковид-19 навистина многу интензивно комунициравме, соработувавме и разменувавме информации. Тоа беше институцијата од која на глобално ниво доаѓаа првите сознанија за вирусот, начинот на ширење, препораките, превентивните мерки итн. И ова сега е еден сегмент на соработка кој значи сериозно зајакнување на лабораториските капацитети. Конкретно, денешната донација се состои од три био сејфти кабинети. Два се наменети за Институтот за микробиологија и еден за Институтот за судска медицина, рече Филипче. Тој посочи дека ова е една значајна поддршка за Медицинскиот факултет во Скопје, со што се одделува работата од форензиката со делот на дијагностика на коронавирусот, нешто што е многу значајно посебно за работата на Институтот за судска медицина и дополнително автоматски значајно зајакнување на дијагностичките, лабораториските капацитети во делот на идентификување на коронавирусот на Медицинскиот факултет во Скопје. Филипче се заблагодари што СЗО беше од почетокот на кризата присутна и со донација на лична заштитна опрема и био сејфти кабинети за Институтот за јавно здравје. Шефицата на канцеларијата на СЗО во земјава, Џихан Тавила рече дека се многу горди што поддршката што ја дава Светската здравствена организација не е само за справувањето со Ковид-19, туку помага и за подобра подготвеност на земјата преку воведување нова технологија и подобра обученост на здравствениот кадар. – Задоволни сме што работиме со Филипче, со Медицинскиот факултет и со сите партнери во земјава, бидејќи веруваме дека одговорот на пандемијата е силен, ќе напредува и нема да запре. Има уште многу работа да се направи со вакцинацијата која претстои, додаде Тавила. Деканка на Медицинскиот факултет, Соња Топузовска се заблагодари на министерот Филипче и на Тавила што овозможиле Медицинскиот факултет да биде дел од институциите на кои СЗО донира опрема, која, како што потенцира, е многу значајна во овој момент. – Се работи за три кабинети со високо ниво на заштита и еден автоматски екстрактор за изолација на вирусна РНК, како и реагенси за три илјади анализи. Оваа опрема ќе овозможи лабораториите на Институтот за судска медицина и на Институтот за микробиологија да го зголемат својот капацитет односно бројот на анализи за детекција на Ковид-19 на дневна основа. Се разбира „biosafety" кабинетите ќе овозможат високо ниво на заштита на вработените. Оваа опрема во иднина ќе се користи и за други анализи. Со тоа се зголемува капацитетот на Медицинскиот факултет за молекуларната дијагностика воопшто. Уште еднаш голема благодарност до СЗО, додаде Топузовска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Кога арамијата најавува поевтинување, цената оди нагоре. Ребаланс - бидејќи нема пари! Мицкоски вчера рече од следната недела горивата поевтинуваат. Македонија е енергетски стабилна. Европа ги отвора резервите, кај нас нема проблем.Во превод од досегашната пракса: кога тој најавува намалување, цената оди нагоре. Така беше со мерките на почетокот на кризата. СДСМ бараше веднаш: целосно укинување на акцизата, намалување на ДДВ на 5%, заштита на основните производи. Тој остави цените да подивеат. Горивото стигна до плафон, над 100 денари. Со него лебот, млекото, превозот. Потрошувачката кошница со вклучена кирија отиде кон 95.000. Земјоделецот плаќа поскапо гориво, а откупот паѓа. Цените се покачија затоа што не се реагира навреме. Сега, тоа што на сила ги симнува, пак го плаќаат граѓаните. Разликата се покрива со ново задолжување. Државата се задолжува. Сметката повторно доаѓа за наплата. Цените нема да паднат затоа што тој ја спуштил цената на горивото. Граѓанинот е во загуба двапати: поскап живот, плус враќање на кредитот со камата. Така изгледа економската политика на арамијата Мицкоски. Од шупливо во празно. Исто како дипломатијата. Ребалансот што го најави за овој месец е признание, не победа: буџетот веќе е пократок за 7 до 8 милијарди денари. Па дупката ќе ја крпи со нов план и со нов кредит. Поевтинувањето на бензинот е цената што граѓанинот ја плаќа двапати. Што вели Европа, не кабинетот на арамијата. Просечниот дизел во ЕУ на крајот на септември е 2,24 евра за литар. Бензинот 2,10. Рекорд од 2005. Од Февруари дизелот во Унијата е зголемен околу 35 до 40 отсто. Експерти на ЕЦБ: маржата на дизелот го достигнува врвот во Октомври. БНП Париба: во четвртиот квартал дизелот веројатно продолжува да расте. Европа ги отвора резервите затоа што има притисок, не затоа што поевтинува. Кај нас последната одлука на РКЕ, 28 септември: дизел минус 4,5 денари, на 100 денари. Бензин 95 остана 100 денари, додека бензин 98 отиде на 102 денари. Дел од тоа е поради намалениот ДДВ до 12 Октомври и намалената акциза. Тоа не е тренд на намалување. Туку е даночна крпеница. Ако следната недела падне за еден денар, тоа не е победа. Тоа е една котација. Зимата доаѓа. Истата логика за струјата. Вели: бара начин цената да не порасне. Исходот го знаеме. Македонија увезува. А увозот го сака истиот круг на луѓе како и за броилата на ЕВН - Адамовиќ, Лазаревиќ, Божиновска. Разликата ја покрива со кредит. Граѓанинот не го гледа веднаш трошокот. Го плаќа со камати. И броилата. ИНРМ денеска: задолжителната замена кај сите домаќинства е штетна. Трошокот за набавка, монтажа и одржување паѓа на товар на мрежарината или на буџетот. Член 185 од Законот за енергетика веќе дефинира неточно мерење: претпоставена потрошувачка, усогласување на три месеци. Прво закон. Потоа нов трошок. Инженерите не се против нова технологија кај производителите и во заедницата. Тие се против данокот над секое домаќинство. Арамијата не го интересира дали ќе се вградат по закон. Го интересира дека се купени. Провизијата е земена. Паметни се броилата. За касата на арамијата. Да ги послушаше мерките на СДСМ на почетокот, основните производи немаше да поскапат вака. Кошницата немаше да порасне вака. Земјоделецот ќе имаше поевтино гориво. Куповната моќ ќе беше поголема. Но не. Имаше бајка за трета економија во Европа. Сега пак најавува. Народот веќе знае што следи по неговата најава. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТесно во Бразил: Граѓаните избираат помеѓу Лула и БолсонароКандидатот на Работничката партија, Луиз Инасио Лула да Силва, би освоил 46 проценти од важечките гласови во првиот круг од претседателските избори во Бразил.Од друга страна, кандидатот на Либералната партија, Флавио Болсонаро, би добил 45 проценти, според најновата анкета на институтот Кваест, објавена пред гласањето. Разликата од еден процентен поен е во рамките на статистичката грешка од два процентни поени, поради што двајцата кандидати се во статистички еднаква позиција, објавува порталот Глобо. Според анкетата, Аугусто Кари, Ренан Сантос и Роналдо Кајадо се на третото место со по три проценти од гласовите. Резултатите укажуваат на висок степен на неизвесност пред првиот круг и голема веројатност дека бразилскиот претседател ќе биде решен во вториот круг помеѓу Лула и Флавио Болсонаро, објавува бразилскиот портал. Меѓу вкупниот број посветени и неопределени гласачи, Лула има 40 проценти поддршка, додека Флавио Болсонаро има 38 проценти. Кајадо, Сантос и Кари имаат по три проценти. Анкетата е спроведена од 2 до 3 октомври на примерок од 3.702 гласачи над 16 години. Статистичката грешка е два процентни поени, со ниво на точност од 95 проценти. Извор: Б92Тагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРегистриран силен земјотрес во ИндонезијаЗемјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Сумбава во Индонезија, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).Земјотресот се случил во саботата во 22:55 часот по Гринич, со епицентар на длабочина од 10 километри. Според прелиминарните податоци од „GFZ“, епицентарот е регистриран на 9,69 степени јужна географска ширина и 118,93 степени источна географска должина. Засега нема информации за можни жртви или материјална штета.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05