Донација од Кина за поликлиниката „Шуто Оризари" - Канал 5

Донација од Кина за поликлиниката „Шуто Оризари"

 Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава донираше 1,6 милион денари  на ЈЗУ Здравствен дом Скопје за поликлиниката „Шуто Оризари". 

Донација од Кина за поликлиниката „Шуто Оризари"

Средствата се наменети за РТГ Кабинет, опремување со медицински мебел и реконструкција на покривот на поликлиниката.

По тој повод, претседателот Пендаровски, амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо, и претставници на ЈЗУ Здравствен дом Скопје денеска ја посетија поликлиниката „Шуто Оризари". Посетата е завршна фаза од оваа активност по потпишувањето на меморандумот за соработка и реализацијата на донацијата.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, Пендаровски истакна дека при денешната посета на поликлиниката „Шуто Оризари" имале чест на самото место да ја видат донацијата од Народна Република Кина за Република Македонија и конкретно за оваа општина која, како што наведува во соопштението, според сите стандарди во делот на здравствената заштита е подолу од тоа што е градски или републички просек.

– Кога минатата година првпат со господинот амбасадор започнавме да размислуваме каде најдобро би можело да се употреби нивната донација, не ни требаше многу време за да утврдиме дека поликлиниката „Шуто Оризари" е една од првите која треба да добие таква помош за граѓаните на оваа општина да имаат ниво на здравствена заштита еднакво како сите други граѓани кои живеат во другите општини на државата. Ви благодарам уште еднаш. Ова не е единствената донација која неговата држава ја направи кон нашата држава. Во време на пандемија добивме во неколку наврати медицинска опрема, заштитни маски и други работи. Јас се надевам дека ќе продолжиме во таа насока да соработуваме, рече претседателот Пендаровски.

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо истакна дека за време на денешната посета на одделите за имунизација, одделот на дежурната служба и рентген-кабинетот, имал можност да разговара со вработените медицински лица и подвлече дека е задоволен што се забележува значително подобрување на условите во оваа здравствена установа.

– Претседателот Пендаровски придава големо значење на билатералните односи меѓу Кина и Македонија и одржува пријателски размени со кинеските лидери. Неговата екселенција се сретна со кинескиот државен советник и министер за одбрана Веи Фенгхе во март годинава. Од избувнувањето на Ковид-19, претседателот Пендаровски активно ја промовира соработката меѓу нашите две земји во борбата против пандемијата и промовира пријателски размени со цел корист на народот и продлабочување на традиционалното пријателство меѓу Кина и Македонија, рече амбасадорот Ѕуо.

Директорот на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, Виктор Исјановски, истакна дека со оваа донација ќе се зголеми нивото на здравствена заштита во овој дел на Скопје, конкретно на граѓаните коишто гравитираат во оваа поликлиника.

– Пред сé, донацијата се однесуваше на превентивата, примарната здравствена заштита и делот на специјалистичката служба каде што првпат после толку години ќе се отвори и РТГ-кабинетот за граѓаните да може да дојдат да се снимат, со цел тие здравствени услуги да не мора да ги прават во пооддалечените поликлиники, нагласи Исјановски.

Од Кабинетот на Пендаровски посочуваат дека донацијата е поттик за натамошно изнаоѓање системски решенија за предизвиците со кои се соочува оваа поликлиника, како и дел од здравствените установи во општините со поголем процент на ромско население, од аспект на медицински кадар, опрема и соодветни просторни услови, како и за постојано вложување во здравствениот систем и овозможување квалитетни здравствени услуги на сите граѓани подеднакво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Се обидоа да ме убијат под вода“- нуркач објави страшна снимка од Малдивите (ВИДЕО)

Бизарен и потенцијално опасен инцидент се случил за време на нуркање на Малдивите, каде што наводно избувнала тепачка меѓу нуркачи на длабочина од околу 15 метри.

„Се обидоа да ме убијат под вода“- нуркач објави страшна снимка од Малдивите (ВИДЕО)

Снимките од инцидентот, кои се појавија на социјалните мрежи, ги прикажуваат мажите како се туркаат и влечат под вода.

Што се случило?

Според кинескиот инструктор по нуркање Сјао Ду, кој не бил на должност во времето на инцидентот, тој нуркал со пријател кога, како што рекол, им се приближиле уште тројца нуркачи.

Во разговор за локалните медиуми, Ду рекол дека на локацијата имало премногу луѓе, поради што ситуацијата станала непријатна. Според неговата верзија, еден човек одеднаш му се приближил и го турнал.

Кога нуркачот се обидел да се оддалечи, Ду наводно го удрил со перките. Кинескиот инструктор се обидел да му ја извади перката, но овој потег, рече тој, довел до тепачка под вода.

Видео што кружи на интернет, исто така, покажува друг маж, за кого Ду тврди дека е локален водич за нуркање, како го фаќа за рака. Додека кинескиот инструктор се обидува да го оттурне со нозете, друг нуркач посегнува по неговото лице.

Подоцна Ду рекол дека успеал да се оддалечи и да излезе на површина, по што рекол дека решил да се соочи со мажите и да побара објаснување.

„Свесни сме за видеото“

Во друго видео, снимено на бродот, може да се види како кинески инструктор му вика на човек на друг брод, објавува Дејли Меил.

„Дојдовте до мене и ме зграпчивте. Се обидовте да ми го зграпчите регулаторот за дишење. Се обидовте да ме убиете под вода, тројцата! Тројца на еден, тоа е многу грубо“, се слуша како вели Ду.

Компанијата „Малдиви Леџенд Флит“, со која Ду и неговиот пријател биле на нуркање, потврди дека инцидентот се случил.

„Свесни сме за видео кое кружи на интернет за инцидент што се случил на 28 октомври 2026 година во Куда Ра Тила помеѓу нуркачи од еден од нашите бродови и водич“, рекоа тие.

Тие додадоа дека го сфаќаат случајот многу сериозно, нагласувајќи дека безбедноста е нивен врвен приоритет и дека се стремат да обезбедат безбедна средина на сите места за нуркање.

Тие рекоа дека ги слушнале изјавите на своите гости и го проследиле случајот до надлежните органи за истрага. Бидејќи постапката е во тек, тие не сакаа да дадат дополнителни детали.

Јавен апел

Директорот за продажба и маркетинг на „Малдиви Леџенд Флит“, исто така, потврди дека еден од нивните водичи за нуркање е суспендиран по инцидентот.

Според него, информациите на компанијата укажуваат дека конфликтот започнал по инцидент во кој биле вклучени водич од друг брод и еден од нивните гости, по што интервенирал тимот за нуркање на компанијата.

„Свесни сме дека последователно се изнесени сериозни обвинувања за однесувањето на нашиот експерт за нуркање. Овие обвинувања, заедно со сите околности на инцидентот, бараат внимателна и непристрасна истрага“, рече директорот.

Националната асоцијација за пловење на Малдиви (NBAM), исто така, се приклучи на случајот, која објави дека спроведува истрага.

Тие велат дека е неопходна темелна и непристрасна истрага за да се утврди дали имало какво било несоодветно однесување, пропусти или небрежност од страна на која било од вклучените страни.

Тие, исто така, ја повикаа полицијата на Малдиви, Министерството за туризам и другите надлежни институции да го истражат случајот, апелирајќи до јавноста да не донесува предвремени заклучоци и да не дава обвинувања на социјалните медиуми пред да бидат познати резултатите од истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Упасен е лидер на заливскиот нарко картел- почна бран насилство на северот на Мексико (ВИДЕО)

Мексиканските федерални власти го потврдија апсењето на Аксел Алфредо Карденас Родригез, познат како „Ел Титан“ или „Аксел“, висок член на Лос Сиклонес, една од главните фракции на Заливскиот картел.

Упасен е лидер на заливскиот нарко картел- почна бран насилство на северот на Мексико (ВИДЕО)

Апсењето предизвика блокади на патиштата, вооружени судири и смртни случаи на цивили во северната гранична држава Тамаулипас.

Секретарот за безбедност и заштита на граѓаните, Омар Гарсија Харфух, рече дека Карденас Родригез бил цел со висок приоритет поврзана со убиства, киднапирања, изнуда и шверц на дрога, оружје и луѓе во Соединетите Држави.

Гарсија Харфух, исто така, рече дека се верува дека осомничениот наредил вооружен напад на 17 мај врз федералните полицајци кои го обезбедувале надворешниот периметар на американскиот конзулат во Матаморос. Еден мексикански полицаец беше убиен во нападот.

Специјалните сили на мексиканската армија и Националната гарда го уапсија Карденас Родригез и уште еден осомничен во Матаморос по операција заснована на воено разузнавање, изјави секретарот за безбедност.

Властите запленија оружје, муниција, дрога и возило за време на операцијата. Двајцата осомничени беа префрлени со авион во Мексико Сити и предадени на Канцеларијата на специјализираниот обвинител за организиран криминал, објави УПИ.

Карденас Родригез е дел од криминално семејство со седиште во Матаморос. Тој е син на Хозе Алфредо Карденас Мартинез, познат како „Ел Контадор“, кој е обвинет во Соединетите Држави за трговија со кокаин, метамфетамин и фентанил и сè уште е предмет на постапка за екстрадиција.

Според порталот Инфобае, истрагите покажуваат дека Лос Сиклонес управувал со прекугранична мрежа за шверц која превезувала оружје и пари од Соединетите Држави во Мексико, додека шверцувала мигранти, фентанил и други дроги во спротивна насока.

Лос Сиклонес и Лос Ескорпионес, друга фракција на Заливскиот нарко картел поврзана со семејството Карденас, исто така се поврзани со киднапирањето на четворица американски државјани во Матаморос во март 2023 година, случај истражуван од ФБИ и други американски федерални агенции.

Апсењата предизвикаа моментален насилен одговор од локалните криминални групи. Осомничени членови на картелот поставија повеќе барикади користејќи запалени возила по главните автопати што го поврзуваат Матаморос со Рио Браво и Сиудад Викторија, главниот град на државата, објави „Мексико дејли њуз“.

Американскиот конзулат издаде безбедносно предупредување за своите вработени и ги повика американските граѓани да ја избегнуваат погодената област. Немирите ги нарушија комерцијалните активности и доведоа до претпазливо затворање на училиштата низ пограничниот регион.

Властите за транспорт и цивилна заштита, исто така, објавија смртоносни инциденти поврзани со барикадите, вклучително и несреќа во која загинаа четири лица откако возило удри во запален товарен камион што блокираше автопат.

Едно друго, седумгодишно дете, државјанство на САД, беше убиено откако беше затекнато во вкрстен оган за време на вооружените судири.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Мицкоски е нервозен и во паника, се заканува на СДСМ затоа што се плаши од вистината за Алта банка

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во „Само интервју“ на телевизија Канал 5, нагласи дека Мицкоски се заканува на СДСМ затоа што е нервозен и уплашен од вистината за Алта банка.

Жерновски: Мицкоски е нервозен и во паника, се заканува на СДСМ затоа што се плаши од вистината за Алта банка

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во „Само интервју“ на телевизија Канал 5, нагласи дека Мицкоски се заканува на СДСМ затоа што е нервозен и уплашен од вистината за Алта банка, но и за другите скандали за кои клопчето ќе почне да се одмотува. Жерновски посочи дека Мицкоски наместо да одговори на прашањата за сомнителниот капитал, за одговорноста на институциите и за улогата на власта во целиот случај, со закани се обидува да ја замолчи СДСМ што ја открива вистината.

Ова го истакна секретарот за меѓународна политика на СДСМ, Андреј Жерновски, во интервју за Канал 5, посочувајќи дека Мицкоски е човекот кој е уплашен, а не опозицијата.

„Тој се плаши, бидете сигурни. Тоа што го слушнавте и што го видовте беше уплашен човек. Со право уплашен“, рече Жерновски.

Тој потсети дека СДСМ речиси една година предупредува за Алта банка, но власта ниту ги демантираше укажувањата, ниту пак презеде соодветни чекори. Напротив, Мицкоски овозможи сомнителен капитал да влезе во земјава, а сега се заканува со апсења на оние што го критикуваат.

„Ниту еднаш не бевме демантирани, ниту бевме послушани. Да бевме послушани тогаш немаше да се случи сè ова. Зошто се случи ова? Затоа што Мицкоски овозможи на својот бизнис партнер и политички ментор, јас тоа отворено го кажувам а тоа е Вучиќ, таков капитал да влезе во оваа држава и сега да се заканува со апсења на тие што го критикуваат“, рече Жерновски.

Жерновски посочи дека доколку Македонија беше членка на Европската Унија, Алта банка немаше да може да влезе во државата,заради тоа што и Европската централна банка забрани влез поради сомнежите околу потеклото на парите и ризиците што ги носи банката.

„Да бевме ние членки на Европската унија, немаше ни да влезе Алта банка, затоа што Европската централна банка веќе оцени дека таа банка не може да влезе на пазарот на Европската унија, затоа што под број еден има сомневање во потеклото на парите, под број два поради перење на пари и под број три што тоа носи безбедносен ризик за целиот регион“, рече Жерновски.

Во интервјуто Жерновски посочи дека недозволиво е министерката за финансии Димитриеска-Кочоска да тврди дека гувернерот Славески не ја консултирал за влзеот на Алта банка кога постои записник од седница на Влада во кој јасно се гледа на предлог на министерката Владата разгледувала прашања поврзани со понудата за преземање акции од Алта банка и со шеснаесет јавни институции.

„Веднаш добивме материјал којшто сакам денес да го презентирам. Не само што била информирана министерката, туку токму на предлог на Кочоска се носени заклучоци директно поврзани со понудата за преземање на акции од страна на Алта банка и на шеснаесет јавни институции“, рече Жерновски.

Воедно, Жерновски истакна дека недозволиво и неодговорно е Славески да тврди дека не знаел кој е сопственик на банката и дека не го интересирало тоа, кога во надзорниот одбор на банката прв на листата е сега уапсениот сопственик, Давор Мацура.

„Трајко Славески вели: „Не ме интересира кој е сопственик, ниту знам кој е сопственик.“ Така беше. Па вие во двор некој да пуштите, ќе се интересирате кој е. Тоа е првата грешка и за тоа треба да одговара“, рече Жерновски.

Жерновски нагласи дека одговорноста не е само кај гувернерот, бидејќи јасно е дека тој не постапувал самостојно, туку по наредба на Мицкоски.

„Не требаше воопшто, да влезе банка со таков капитал. Кога ќе дозволите влез на криминални пари, тоа ќе ви се случи. Трајко Славески го овозможи, но пак велам, тој тоа не го направи сам. Тој тоа го направи по наредба на Мицкоски и денеска ќе кажам дека ќе дојде денот кога тој прв ќе каже од кого ја добил наредбата. Памтете ми го зборот“, рече Жерновски.

Тој порача дека нервозата на Мицкоски е резултат на информациите кои излегуваат на виделина не само за Алта банка туку и за другите скандали.

„Ние во СДСМ знаеме зошто е нервозен. Затоа што најлошото допрва доаѓа. Тогаш ќе дојдеме до петте тони дрога, бидејќи клопчето веќе почна да се одмотува. Е, тука е нервозата и за сите други работи. Е, кога ќе се отвори таа точка, тогаш ќе видите зошто се заканува Мицкоски“, рече Жерновски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер