Донација од амбасадата на Израел-Два дефибрилатори за Здравствениот дом во Битола

Здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел" од Битола денеска ќе добие два дефибрилатори кои се донација од израелското Министерство за надворешни работи, соопштија од Израелската амбасада.

Оваа скромна помош е наменета за потребите на Службата за Итна медицинска помош и домашно лекување и е од големо значење за оваа служба која има полни раце работа во услови на пандемијата од Ковид-19. Со денешната активност само продолжува пријателската соработка меѓу амбасадорот на Израел за Република Македонија, Дан Оријан и директорката на Здравствениот дом во Битола, Весна Спиркоска која неуморно работи на зголемувањето на ефикасноста на установата. Се очекува оваа соработка да се збогати и со нови поголеми активности, информираат од Израелската амбасада.

Во таа смисла, како што се посочува, амбасадорот Оријан веќе обезбеди финансиска поддршка во опремувањето на новиот дијабетес центар кој се планира да биде готов во почетокот на 2021 година, а во соработка со Министерството за здравство е отпочната постапка за реновирање на старата азбестна покривна конструкција над целиот објект, за која Израел најави подготвеност да помогне во инсталирање на најнова генерација фотоволтаици.

Модернизацијата на овој објект е од витално значење за обезбедување на превентивни услуги со висок квалитет за секој граѓанин. Тоа е од приоритетно значење и за Израел кој високо ја цени грижата на битолчани да го зачуваат споменот на некогашната еврејска заедница во овој град. Помошта ќе ја предаде Емилија Дуковски од Проектот Хоуп Македонија како организација која ја даде неопходната техничка поддршка за прием на меѓународната испорака. Проектот во многу наврати соработуваше со амбасорот на Израел, како на пример во програмата на организацијата Дрим доктори од Израел за обука на македонските здравствени работници. На настанот на примопредавање кој ќе се одржи на отворено во Здравствениот дом во Битола ќе присуствува и претставник од Министерството за здравство. Следниот месец се очекува израелска помош за Градската општа болница „8 Септември" во Скопје за потребите на медицинските тимови кои се борат со заболените од коронавирусот, истакнуваат од Израелската амбасада.

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

притисни ентер