Донација од 62.000 евра за Клиниката за детски болести од Фондацијата „Ти си сончоглед"

Хуманитарното здружение „You are a Sunflower" (Ти си сончоглед) денеска го одбележа завршувањето на хуманитарната кампања.

Фондот од 62.000 евра, собран благодарание на хуманоста на луѓето кои се облекоа во маичките на кампањата „Македонија – ти се сончоглед" и се солидаризираа со љубов и внимание кон децата, се искорисистија за набавка на неоходна болничка опрема и апаратура наменета за Одделот на хематоонкологија на Клиниката за детски болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Имено, хуманитарното здружение „You are a Sunflower" (Ти си сончоглед) денеска го одбележа завршувањето на хуманитарната кампања.

По тој повод, Филипче истакна дека, со цел унапредување на условите за преглед на сите пациенти, смета оти покрај сите нивни заложби, посебно е важна и поддршката за повеќе чинители.

– Фондацијата која имаше идеја, имаше волја и доволно хуманост и пожртвуваност во себе да иницира хуманитарна кампања која не познава и не признава граници и има тенденција да се прошири и пошироко во регионот. Започна во Тирана, продолжи во Приштина и денеска сме еве тука во Скопје, на крунисување на оваа кампања која резултираше со набавка на техночка болничка опрема која недостасуваше на Одделот за онкохематологија, нагласи претседателот на Собранието Талат Џафери.

Тој посочи дека кога Фондацијата се обратила во Собранието, тие без двоумење прифатиле да се приклучат.

– Знам дека со ова нема да се решат сите прашања кои го тиштат нашето здрвство, нашите здравствени работници, нашите драги дечиња, меѓутоа дозволете оваа капка во морето, да биде капка која ќе започне бран кој ќе се шири и ќе ги разбранува срцата и мислите на сите кои на кој било начин можат да придонесат со своите дела и постапки во градењето на еден похуман свет, похумано општество и достоинствен живот за сите, потенцираше Џафери.

Директорката на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ наведе дека со донацијата се набавени 10 инфузиони пумпи, шест монитори, два аспиратори, две ваги, еден апарат за ехосценографски прегледи и машина за чистење, посочувајќи дека со тоа ке се современат условите за следење на интензивните онколошки протоколи кои се спроведуваат кај малите пациенти кои се спревуваат со тешка болест.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер