3Манасиевски: Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието
ЗдравјеДонација на два инкубатори за Универзитетската клиника за детски болестиВерувајте дека грижата за предвремено родените за болните бебиња треба да претставува исклучително важен приоритет и во таа смисла беше и желбата да се набави оваа опрема и на таков начин да се спасат што е можно поголем број на животи. Сопругата на претседателот на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, заедно со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити денеска присуствуваше на настан на којшто беа донирани инкубатори за предвремено родени и болни бебиња сместени на Одделот за неонатологија, педијатрија и цистична фиброза на Универзитетската клиника за Детски болести во Скопје. Ѓоргиевска истакна дека денешниот настан е свечен крај на една донаторска акција којашто е започната непосредно пред почетокот на пандемијата и се работи за набавка на високо софистицирана опрема – инкубатори, коишто ќе бидат поставени во одделението за неонатологија кадешто се грижат за најмладите бебиња. „Верувајте дека грижата за предвремено родените за болните бебиња треба да претставува исклучително важен приоритет и во таа смисла беше и желбата да се набави оваа опрема и на таков начин да се спасат што е можно поголем број на животи. Во последните две години во Македонија се забележува позитивен тренд во смисла на намалување на смртноста кај предвремено родените бебиња и сметам дека и оваа донација ќе помогне во тој правец ", рече сопругата на претседателот. Г-ѓа Ѓоргиевска се заблагодари на сите коишто се одзваа на оваа хуманитарна акција, пред се на хуманите граѓани и на општествено одговорните компании. „Тие препознаа дека навистина има потреба од вакво нешто, особено во овие тешки моменти на пандемија, и сепак се решија дека треба да донираат во овој правец, бидејќи видовме дека и децата не се поштедени од Ковид-19 ", истакна г-ѓа Ѓоргиевска. Генералниот секретар на Црвениот Крст, Саит Саити посочи дека со денешната донација за Детската клиника организацијата одбележува голем јубилеј, односно 75 години постоење. „Денеска сметавме дека треба да бидеме токму тука, одбележувајќи го нашиот јубилеј преку предавање на оваа донација која сметаме дека навистина ќе биде од голема корист и ќе помогне за подобрување на условите на Детската клиника", изјави генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити. Директорката на Универзитетската клиника за Детски болести, д-р Наташа Алуловска се заблагодари за организирање на кампањата, којашто покажала дека и во услови на криза има општествено одговорни чинители коишто сакаат да помогнат. „Се лоцираше приоритетот на најранливата категорија. Тоа се предвреме родените бебиња коишто се во најголем ризик. Оваа донација значи многу и за нашите најмали пациенти, а најголеми борци, и за нивните семејства, но и за целиот персонал којшто ги лекува овие бебиња. Сакам да се заблагодарам на Црвениот крст и на д-р Бети којашто ни помогна во целата оваа кампања. Ова е од исклучително големо значење и се надевам дека оваа соработка ќе продолжи", подвлече директорката Алуловска. Инкубаторите се обезбедени како дел од кампањата за помош на предвремено родени и болни бебиња, спроведена по повод 75 години од постоењето на Црвениот крст на Република Македонија, „75 години каде е потребно", а под покровителство на г-ѓа Ѓоргиевска. Средствата се собираа преку телефонски повици и со уплати во Фондот за солидарност на Црвениот крст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗападот „брка“ критични материјали а нашата Иловица е во „длабок сон“. Кој е виновен?Геополитичката трка за критични минерали ги принудува западните држави сè поактивно да го финансираат рударскиот сектор.Американскиот Центар за стратегии за критични минерали предупредува дека без поголема државна финансиска поддршка, Западот ќе продолжи да зависи од Кина за суровините клучни за современата технологија и одбраната. Но, додека развиените земји бараат начини да го зголемат јавниот капитал за ископ, во Македонија стои неискористен приватен инвестициски потенцијал. Проектот за бакар „Иловица“ останува во застој, иако за него веќе е обезбеден приватен капитал. Во време кога критичните минерали се основа за економска отпорност, игнорирањето на овој рударен потенцијал значи пропуштена можност за позиционирање на Македонија во новите глобални синџири на снабдување. Како што се истакнува во извештаите, битката за ресурси ќе ја добијат само оние земји кои можат брзо да мобилизираат капитал и да ги префрлат стратешките проекти во фаза на производство. Домашните експерти веќе апелираат Македонија да го искористи својот ресурсен потенцијал во соработка со западните партнери. Рудникот Иловица има капацитет да експлоатира 10 милиони тони руда годишно (со просечно производство од над 10.000 тони бакар) во период од 23 години. За разлика од Западот кој бара јавни пари, за овој проект веќе има приватен капитал кој нуди огромни економски придобивки: 340 милиони евра инвестиција само во првата фаза на изградба на рударскиот комплекс. Стотици нови директни вработувања. 75 милиони евра годишно кои ќе се слеваат во локални и регионални компании од угостителството, земјоделството, текстилната индустрија и тековното сервисирање. Во меѓувреме, Западот се соочува со недостиг на бакарен концентрат поради застрашувачката пазарна доминација на Кина, која досега инвестирала 98 милијарди долари во вакви проекти. Според Меѓународната агенција за енергетика, светот има потреба од над 500 милијарди долари нови инвестиции во критични минерали. Затоа, реализацијата на подготвени и финансирани проекти како „Иловица“ претставува стратешки императив кој носи долгорочен економски развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
ЕвропаЛатвија откри тунел под границата со Белорусија, користен од мигрантиЛатвија денес објави дека открила тунел под границата со Белорусија и најави планови за сузбивање на мрежите за кои тврди дека им помагаат на сè поголем број мигранти илегално да ја преминат границата.Минатиот месец, летонски војници употребија солзавец и испукаа предупредувачки истрели за да ги запрат мигрантите кои се обидуваа да влезат во земјата од Белорусија, која дели граница долга 173 километри со Латвија, земја-членка на Европската унија. „Заштитата на источната граница на Латвија ќе се засили, граничната контрола, полицијата, вооружените сили и безбедносните служби ќе соработуваат поинтензивно, а беспилотните летала ќе се користат почесто за рано откривање и задржување на илегалните мигранти“, изјави министерот за внатрешни работи Јанис Домбрава на заедничката прес-конференција со премиерот Андрис Кулбергс. Во последните недели, европските земји изразија загриженост поради илегалната миграција, откако десетици илјади луѓе преминаа од Мароко во шпанската енклава Сеута, иако оттогаш повеќето од нив ја напуштија шпанската територија. Кулбергс изјави дека криминални групи им помагаат на мигрантите да влезат во Латвија – а со тоа и во Шенген-зоната без внатрешни граници – од Белорусија, но дека нивните крајни дестинации се наоѓаат на други места на континентот. „Тие мигрираат таму каде што е полесно (да се влезе во ЕУ). Затоа, ние не смееме да бидеме најлесното место (за влез)“, рече Кулбергс на прес-конференција. Тој вети дека ќе преземе строги мерки против мрежите што ги превезуваат мигрантите од границата до нивните дестинации и дека ќе ги идентификува сите локации што ги користат мигрантите во рамките на Латвија. „Ако сè оди според планот, уверени сме дека ќе му зададеме доволно силен удар на системот“, рече Кулбергс. „Сакам да им порачам на организаторите: на сето ова ќе му дојде крај.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманиетоКога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието.Суштината на политиката што ја гледаме од раководството на талогот Венко Филипче е Македонија да зборува за инциденти, расправии и поделби. Затоа што тие се навикнати на таков начин на водење на држава, па сега мислат дека такa повторно ќе дојдат на власт. Таа политика излезе на виделина кога пратија осудени насилници да направат инцидент во Ново Село токму кога и претседателот Мицкоски беше таму. Ефтимов и Стојанов, децата на Заев, осудени насилници без проблеми се ставија на располагање на Филипче и без никакво размислување отидоа да направат инцидент. Но граѓаните ги прочитаа. Граѓаните знаат дека од овој СДС освен создавање на хаос и инциденти, проблеми и манипулации, друго и не може да се очекува. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09