Шасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужува
ВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортисти
1Шасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужува
2ВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортисти
3Директорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на годишна конференција за спроведување на законот во САД
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
КултураДомот на последниот руски цар повторно ќе биде отворен за јавноста , по реновирањето вредно 40 милиони евраПалатата на последниот руски цар Николај II и неговото семејство во која живееле пред егзекуцијата , повторно ќе биде отворена за јавност идното лето по обновата вредна околу 40 милиони евра или 2 милијарди рубљи.Александровата палата се смета за едно од најдобрите дела на италијанскиот архитект Џакомо Кваренги. Изградена е кон крајот на 18 век за императорот Александар Први, а во 1905 година стана постојана резиденција на последниот руски император. Сместена на работ на поранешниот империјален главен град Санкт Петерсбург, палатата започна да се обновува во 2012 година. Била целосно затворена за јавноста три години подоцна. Реконструкцијата досега чинела две милијарди рубли (40 милиони евра). Претежно беа реновирани подовите, таваните и таписериите. Првите простории што повторно ќе се отворат за јавноста ќе ги опфатат просториите на Царот и Царицата и бањата дизајнирана од мавританскиот дизајнер. - Палатата Александар е посебно место. Изградена е за приватниот живот на империјалното семејство - вели Олга Таратјанова, директор на музејот во Империјалното село. За разлика од другите палати, ,,Александар” не билa уништенa од нацистичките војници за време на Втората светска војна. Таа им служела како воена команда и затвор. Во дворот имало гробишта на СС. Царот Никола и неговото семејство биле протерани од палатата во август 1917 година во Тоболск, Сибир. Подоцна сите биле однесени во Екатеринбург, каде ги погубиле болшевиците во јули 1918 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужуваПравдата е темелот на правната држава, чуварот на слободата, достоинството на секој човек и најсилниот доказ за вистинската зрелост на институциите. Без независно судство, професионално обвинителство и одговорни институции, нема правна сигурност, нема еднаквост и нема вистинска доверба. Како министер за правда, мојата определба е да градиме правосудство во кое законот ќе биде над секој интерес, правдата нема да зависи од ничија моќ, а секој граѓанин ќе има еднакво право на заштита и правично постапување. Ни треба судство кое одлучува независно, непристрасно и во разумен рок. Обвинителство кое постапува професионално, одлучно и неселективно. Институции што ќе ја оправдаат довербата не со зборови и ветувања, туку со конкретни резултати, интегритет и одговорност. Довербата во правдата не се бара – таа се заслужува. Не со декларации, туку со дела. Не со ветувања, туку со резултати. Затоа, реформите нема да ги мериме само според бројот на донесени закони, туку според промените што граѓаните реално ќе ги почувствуваат: поефикасни постапки, поквалитетни одлуки, поголема правна сигурност и еднаква примена на законот за сите. Европската иднина на државата подразбира европски стандарди во секоја институција, доследност во спроведувањето на реформите и одговорност без исклучок. Тоа не е само наша обврска на европскиот пат, туку пред сè обврска кон граѓаните и нивното право да живеат во праведна и уредена држава. Правдата е обврска. Одговорноста е должност. Довербата се заслужува. Честит 25 Октомври – Европски ден на правдата! Министер за правда д-р Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортистиВо изминатите 11 месеци, Општина Кочани реализираше и започна значајни проекти за подобар живот на граѓаните, со фокус на инфраструктурата, социјалната грижа и младите.Се реконструира булеварот „Теодосија Паунов“, во должина од 1.040 метри, инвестиција од 88 милиони денари, од кои 85 милиони се обезбедени од Министерството за транспорт. Изведени се атмосферската канализација, тротоарот и велосипедската патека, а поставен е и завршниот асфалтен слој на едната коловозна лента. Започна и изградбата на домот за стари лица, со вкупна вредност од околу 247 милиони денари. Државата учествува со 200 милиони денари, а Општина Кочани со околу 47 милиони денари, со цел да се обезбедат подобри услови за грижа и достоинствен живот на повозрасните сограѓани. Посебно внимание се посветува на младите. За академската 2025/2026 година доделени се стипендии на 31 студент, во износ од 4.000 денари месечно за 10 месеци, а за спортските клубови и младите спортисти се обезбедени над 7 милиони денари. Со инвестиции во инфраструктурата, социјалните услуги и младите, Општина Кочани продолжува да гради град со повеќе можности, подобри услови и посигурна иднина за сите граѓани. Кочани напредува со работа, одговорност и конкретни резултати, се наведува во партиското сопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на годишна конференција за спроведување на законот во САДДиректорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на највлијателната годишна конференција за спроведување на законот во САД.На покана на Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамки на Кривичниот Оддел при Министерството за правда на САД, директорот на Царинска управа Бобан Николовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, присуствува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефови на полиции, која се одржува во САД. Поканата за учество на еден од најголемите и највлијателните годишни настани во областа на спроведување на законот, претставува признание за остварените резултати на Царинската управа во успешно гонење на криминалот. Тоа се огледа во фактот што, во периодот од јули 2024 до денес, Царинската управа поднесе 422 кривични пријави до надлежните јавни обвинителства. Преку вмрежување со органите за спроведување на законот на светско ниво, се овозможува значително зајакнување на капацитетите за борба против организираниот криминал. Истовремено, конференцијата претставува одлична можност за запознавање со најновите технологии и иновации во областа на откривањето и сузбивањето на криминалот. На настанот учествуваат повеќе од 600 изложувачи кои ги претставуваат најновите технолошки решенија, овозможувајќи директен увид во современите алатки и практики за спроведување на законот. Минатиот месец со поддршка и донација од Министерството за правда на САД, на три гранични премини, беше воведен систем за телесни камери. Примената на современа технологија во оперативното работење се очекува да резултира со зголемена ефикасност во спречување на нелегална трговија. Продолжуваме да ја зајакнуваме соработката на национално и меѓународно ниво, со цел поефикасна борба против организираниот криминал и заштита на границите. Царинска управаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38