Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
2Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
КултураДомот на култура во Ченто доби мурал со пораката “Солидарноста е темел на иднината”Домот на култура во Ченто доби мурал кој ја носи пораката – “Солидарноста е темел на иднината”.Автор на муралот е младиот уметник Владимир Милиќ и е во продукција на ФР~У во партнерство со Акто Фестивал, невладината Културно Ехо, општина Гази Баба и Град Скопје. Пораката која ја носи ова дело ја отсликува токму нашата општина, по поплавата во 2016 година беше пример за солидарноста од целата наша држава, од сите граѓани, кои со денови помагаа во расчистување на штетите и донираа вода и храна за семејствата. Општина Гази Баба и во иднина ќе поддржи вакви проекти каде млади ентузијасти и таленти ќе можат да творат, оставајќи дела и проекти кои ја разубавуваат општината. Идејата пак, за мурал во Ченто е во правец на соработка и активирање на оваа локална заедница во продукција на културни настани за заедницата, но и во насока на зачувување и ставање во функција на домот на култура во населбата. Муралот пак е развиен како неколкумесечен процес на работа на уметникот Владимир Милиќ од Ченто со пошироката локална заедница и се однесува на потенцирање на важноста на солидарноста. Одделение за односи со јавност Општина Гази БабаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСилен земјотрес ја погоди Португалија Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник, 21 јули 2026 година, во 15:13 часот во Португалија.Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Азорските Острови. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 12 километри под површината на земјата. Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
МакедонијаПродолжува растот на авиосообраќајот во земјаваАеродромите во Скопје и Охрид бележат зголемен интензитет на авиосообраќајот, покажуваат најновите податоци за првата половина од годинава. Од ТАВ Македонија велат дека двата аеродроми се меѓу 15-те најуспешни во мрежата со која управува компанијата, а воедно го бележат и најсилниот раст на патничкиот сообраќај во регионот. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше дека во првите шест месеци низ двата аеродроми поминале речиси два милиони патници, што е за близу 30 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Во меѓувреме, авиокомпанија „Виз ер“ ја прошири својата база во Скопје со седми авион, а според Николоски, тоа дополнително ја зацврстува позицијата на скопскиот аеродром како една од најголемите бази на компанијата во регионот. -Во првите шест месеци на двата аеродроми Охрид и Скопје има 2 милиона патници. Се надевам таа бројка да продолжи и во вториот дел од годината и ако пред неколку години се боревме за 2 милиона патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо, а тоа се 4 милиони патници годишно е нешто што реално е остварливо,- Александар Николоски – министер за транспорт и врски. Дополнителниот авион меѓудругото овозможи отворање на две нови авиолинии – до Палермо и Алгеро, со што се зголемуваат бројот на дестинации и фреквенцијата на летови. Од ТАВ Македонија велат дека очекуваат тоа да придонесе за развој на туризмот, економијата и отворање нови работни места, додека од „Визер“ оценуваат дека проширувањето на базата со 7-ми авион е потврда за довербата во македонскиот пазар и ќе овозможи подобра поврзаност со европските дестинации. -Повеќе патници значат повеќе гости во хотелите, повеќе посетители во рестораните и поголеми приходи за локалните компании. Подобрите и подиректни воздушни врски им овозможуваат на компаниите полесно да воспоставуваат деловни контакти, да пристапуваат до нови пазари и да привлекуваат инвестиции,- Неџат Курт - Генерален директор на ТАВ Македонија. Во првите шест месеци годинава преку аеродромите во Скопје и Охрид се реализирани повеќе од 13 илјади летови. Новите линии кон Палермо и Алгеро стартуваа минатата недела, а Николоски најави дека се водат разговори и за воспоставување две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице до Охрид. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаТензиите на Блискиот исток ги кренаа цените: Горивата во Македонија поскапени од полноќЦената на нафтата на светските берзи веќе втора недела бележи раст откако САД и Иран го обновија конфликтот што во прашање го доведува поморскиот сообраќај и снабдувањето со нафта низ Ормускиот теснец. Денеска нафтата од типот Брент достигнува и до 90 долари за барел, додека дел од светските економски аналитичари предупредуваат дека доколку двете страни не се вратат на преговарачка маса и воените дејствија продолжат во следните две недели светот би можел да се соочи со цени и над 100 долари за барел, а веќе во септември стравуваат од евентуален можен недостиг на деривати. Првиот човек на Меѓународната агенција за енергетика оценува дека по последната ексалација пазарите се нервозни а дел од земјите веќе превземаат мерки за да го избегнат најлошото сценарио. „Пазарите се нервозни, без разлика дали наскоро ќе има или не трајно решение за проблемот. А во исто време многу земји преземаат мерки за да го избегнат најлошото сценарио.“ - Фатих Бирол – директор на Меѓународна агенција за енергетика. Растот на цените на светски берзи влијаеше и на цените на дериватите во земјава. За да се ублажи ценовниот удар врз џебот на граѓаните вчера владата ја намали акцизата кај дизелот за 2 и бенизините за 1 денар по литар. По завршувањето на вонредната, регулаторна ги обајви и новите цени по кои се отчат горивата од полноќ, бенизните поскапеа за 3 а дизелот за 6 денари по литар. „ Со Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата се овозможува да се применат намалени износи на акцизите. Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88%.“ – стои во образложението на - РКЕ. Од регулаторна повторуваат и дека ова се максимални цени, а трговците велат можат да ги продаваат дериватите и по пониски цени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50