ВМРО-ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините
Смртоносни руски напади го погодија Киев во пресрет на патувањето на Трамп на самитот на НАТО во Турција
1ВМРО-ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините
2Смртоносни руски напади го погодија Киев во пресрет на патувањето на Трамп на самитот на НАТО во Турција
3Златан Ибрахимовиќ по натпреварот меѓу Франција и Парагвај: „Да играв јас, ќе добиев четири или пет црвени картони“
Други спортовиДоминација на словенечките ски-скокачи во СапороНа денешните ски-скокови одржани во Сапоро (Јапонија) меѓу четирите најдобро пласирани тројца беа Словенци.Победи Петер Превц со 294,6 бодови, втор беше Јернеј Дамјан со 277, а на подиумот се искачи и домашниот натпреварувач Нориаки Касаи со 272,1 бод. Добриот настап на словенечката репрезентација го потврди Роберт Крањец кој го освои 4.местото со 266,9 бодови. Сепак треба да се напомене дека натпреварот имаше ослабена конкуренција без учество на најдобрите од Австрија, Полска, Норвешка и Германија. Генерален пласман во Светскиот куп: Превц 732 бода, камил Штох (Полска) 721, Грегор Шлиренцауер (Австрија) 670, Симон Аман (Швајцарија) 608, Касаи 606,...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општинитеВревен приоритет на владата на ВМРО ДПМНЕ се младите за кои се создаваат услови да ја градат својата иднина дома.Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите. Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на практикантство“, во соработка со државните универзитети преку која студентите директно ќе се вклучат во работата на општините. Наместо да бидат неми набљудувачи, младите ќе станат активни учесници во подобрувањето на локалната самоуправа. Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира практична работа согласно реалните потреби на општинските администрации. Додека СДС со години само зборуваа за младите, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори што отвораат можности и перспективи во Македонија. Истовремено, преку грант-програмите на ИНОВА ќе се поддржат стартапи, иновативни компании и претприемачи кои ќе понудат конкретни решенија за проблемите на општините. Средствата ќе одат кај идеи што носат резултати, а не кај проекти што завршуваат во фиока. Владата на ВМРО ДПМНЕ инвестира во младите, се создаваат реални можности за работа, развој и професионално усовршување. Се креираат повеќе можности за младите, посилни општини и поквалитетни услуги за граѓаните. Државата конечно ги поврзува локалната самоуправа, универзитетите, иновативниот сектор и бизнис-заедницата во еден функционален систем. Разликата е очигледна. СДС со години ја празнеше Македонија и ги тераа младите да ја бараат својата иднина надвор. Владата на ВМРО-ДПМНЕ создава услови младите да останат, да работат, да напредуваат и да ја градат својата иднина токму овде. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат мерливи резултати, наместо празни флоскули. Целта на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е модерна, развиена Македонија во која младите ќе бидат двигател на промените, а не генерација што ќе биде принудена да замине. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСмртоносни руски напади го погодија Киев во пресрет на патувањето на Трамп на самитот на НАТО во ТурцијаГлавниот град на Украина, Киев, беше цел на смртоносен руски напад рано утринава , во пресрет на критичниот самит на НАТО во Турција, на кој треба да присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.Експлозии го осветлија ноќното небо додека балистички ракети и беспилотни летала погодија делови од градот, убивајќи најмалку 11 лица и ранувајќи десетици други, соопштија градските власти. Станбените згради беа тешко оштетени во нападот, оставајќи ги луѓето заробени во повеќекатните станбени блокови, додека автомобили беа опожарени по градските улици. Цієї ночі Київ був під масованим російським ударом. Росія випустила 68 ракет і ще 351 ударний дрон. Зараз триває ліквідація наслідків. Пошкодження зафіксовані більш ніж на 10 локаціях міста, зокрема в житлових будинках. На місцях працюють усі необхідні служби, які роблять… pic.twitter.com/cf2vZzOZy2 — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) July 6, 2026 Украинскиот претседател Зеленски само неколку часа претходно предупреди дека Москва „подготвува нов масовен удар“, а новиот напад доаѓа само неколку дена по свирепиот руски напад врз Киев минатиот четврток во кој загинаа 30 лица.Тагови: Киев НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОрбан предупредува: „Директен пат кон диктатура“„Директен пат кон диктатура. Токму тука се движи владата на Тиса. Да не дозволиме тоа да се случи“, рече Орбан.Лидерот на унгарската опозициска партија Фидес и поранешен премиер Виктор Орбан денес ја обвини владата на партијата Тиса дека ја води земјата кон диктатура, по контроверзноста предизвикана од изјавите на поранешниот претседател Јанош Адер за планираните отпуштања на државни функционери. Орбан на Фејсбук изјави дека Адер се залага за владеење на правото и оцени дека реакциите што следеа по неговите изјави покажуваат „агресија, закани и заплашување“, објави Хирадо. „Директен пат кон диктатура. Токму тука се движи владата на Тиса. Да не дозволиме тоа да се случи“, рече Орбан. На 2 јули, Адер во подкаст за јавниот сервис рече дека планираното отпуштање на претседателот Тамаш Шулок и други високи функционери би било спротивно на уставот. Премиерот Петер Маѓар реагираше на коментарите на Адер, обвинувајќи го за трошење јавни пари преку Фондацијата за заштита на климата „Сина планета“, која ја води тој. Во таа прилика, Маѓар тврдеше дека фондацијата со години користи значителни јавни средства, додека Адер, според него, добива висока месечна членарина и користи други бенефиции финансирани од државата.Тагови: Виктор Орбан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook