Доминација на каратистите на Макпетрол на државното младинско првенство - Канал 5

Доминација на каратистите на Макпетрол на државното младинско првенство

Во Гостивар викендов, се одржа државното првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори (У21). 

Доминација на каратистите на Макпетрол на државното младинско првенство

Првиот ден (сабота), се одржа државното првенство а вториот ден (недела), се одржаа борбите од плејофот кога првите четворица спортисти од секоја тежинска категорија се натпреваруваа помеѓу себе , секој со секого. На првенството имаше пријавено 224 каратисти од 46 клубови од цела Македонија Тие се натпреваруваа во дисципините кумите (борба) и кати во поединечна и екипна конкуренција. Првенството имаше критериумски карактер за избор на Македонската карате репрезентација која треба да настапи на европското првенство во Прага, Чешка кое треба да се одржи во првата недела од месец фебруари 2022 година.

ТИМОТ НА МАКПЕТРОЛ ПРВИОТ ДЕН ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО

Младите каратисти на Макпетрол на ова првенство покажаа голема доминација, енергичност и извонредна подготвеност. Показател за нивната успешност е фактот што од вкупно 9 пријавени категории, имаа 7 финалиња. Тие успеаја да освојат вкупно 9 медали од кои: 7 златни и 2 бронзени медали.

ТИМОТ НА МАКПЕТРОЛ ВТОРИОТ ДЕН ПЛЕЈОФ ТУРНИРОТ

Тренерот на Макпетрол Петар Заборски изјави:- Задоволни сме од настапот на нашите млади каратисти и од постигнатиот резултат на ова државно првенство, кое имаше критериумски карактер за влез на најдобрите каратисти во националниот тим на Македонија. За ова првенство работевме и се подготвувавме многу сериозно. Показател за нашата успешност секако е резултатот кој го остваривме на Балканското првенство , кое се одржа минатата недела во Ријека ( да потсетиме таму освоивме 4 сребрени и две бронзени медали), Бевме многу мотивирани и демонстриравме модерно олимписко карате. За нас како клуб, приоритетно е дека докажаните репрезентативци во борбите и двата дена, односно првиот ден кога станаа државни шампиони, и вториот ден кога се одржаа борбите од плејофот ги потврдија своите квалитети и влегоа во националниот тим. Докажаните европски медалисти Стефан Стојанович, Абдурахим Идризи и Глигор Петков се пласираа на европското првенство , дел од репрезентацијата ќе бидат и Марија Петровска, Витомир Трајковски и Јована Мицовска, останува да жалиме само поради тоа што нашата потенцијална репрезентативка која е на ниво да донесе медал од европското првенство Викторија Јовановска иако беше државен првак не успеа да се пласира и нема да биде дел од тимот за европското првенство во Прага: - заврши Заборски

Медалисти од Карате клубот Макпетрол на ова државно првенство се:

ДРЖАВНИ ШАМПИОНИ - ЗЛАТНИ МЕДАЛИ

1.Марија Петрова - 50 кг постара јуниорка,(У21), златен медал

2.Викторија Јовановска постара јуниорка (У21), златен медал

3. Абдурахим Идризи -60 кг постар јуниор (У21), златен медал

4. Глигор Петков -84 кг, постар јуниор (У21), златен медал

5, Стефан Стојанович + 84 кг, постар јуниор (У21), златен медал

6. Витомир Трајковски -76 кг јуниор , златен медал

7.Данило Божовиќ јуниор +76 кг, златен медал

БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ

8. Димитер Лозановски кадет -63 кг, бронзен медал

9. Даријан Тасевски постар јуниор -+84 кг, бронзен медал

10.Пласман за европското првенство оствари и нашата нова членка каратистката Јована Мицовска, таа првиот ден беше второ рангирана, но преку борбите во плејофот успеа да оствари пласман и да биде прворангирана во својата категорија Јуниорки -59 кг, така да и таа ќе биде дел од репрезентацијата. Јована Мицовска од месец Јануари и официјално е дел од тимот на Макпетрол.

После прворангираниот клуб Макпетрол по број на освоени медали на државното првенство се рангираа следните клубови, второ место е Олимпик – Скопје, трет е Гладијатор- Велес, четврто рангиран е Фунакоши Гичин – Скопје, пети е Штип – Штип.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еден од најдобрите голмани на светот ја заврши кариерата

Мануел Нојер, легендарниот голман на Баерн и германската репрезентација, потврди дека ќе ја заврши својата играчка кариера на крајот од сезоната. 

Еден од најдобрите голмани на светот ја заврши кариерата

Нојер, кој ќе наполни 41 година во март, објави дека ќе се пензионира откако ќе му истече договорот во јуни следната година.

Тој се справуваше со повреди во последните месеци, а се очекува да се врати на теренот во декември, иако не е сигурно дали повторно ќе ја преземе позицијата прв голман. Јонас Урбиг веќе се појавува како негов наследник, а самиот Нојер потврди дека желбата за транзиција во тимот влијаела на неговата одлука.

Нојер за иднината на клубот и наследникот

Светскиот шампион од 2014 година и двократниот освојувач на Лигата на шампионите (2013, 2020) ја објави својата одлука оваа недела за време на состанокот со членовите на еден навивачки клуб.

„Почнувам од фактот дека по ова лето повеќе нема да играм. Сега се обидувам да уживам во времето што ми преостанува. Исто така, размислувам за благосостојбата на клубот, за градење темели за иднината заедно со Јонас, така што Баерн ќе има врвен голман барем во следните десет години. Јонас е на одличен пат. Тој обезбедува врвни игри за нашиот тим, што ме прави многу среќен. Секојдневно доаѓаме на тренинзи со задоволство и секогаш се обидуваме дополнително да се мотивираме“, рече Нојер.

Сè освои во Баерн

Нојер ја започна својата професионална кариера во Шалке, во чија фудбалска школа порасна, а пристигна во Баерн во летото 2011 година. Во Минхен, тој стана еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот и освои голем број титули во германскиот шампионат и два трофеи во Лигата на шампионите. Со Баерн, тој ја освои тројната круна во 2013 и 2020 година, односно првенството, националниот куп и Лигата на шампионите.

Со германската репрезентација, тој го освои Светското првенство во 2014 година во Бразил, каде што беше прогласен за најдобар голман на турнирот. За Германија одигра 124 натпревари, а се збогува со националниот фудбал по Европското првенство во 2024 година. Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го прогласи за најдобар голман во светот пет пати, додека во 2014 година заврши трет во гласањето за „Златната топка“, зад Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

За време на својата кариера, Нојер ја редефинираше улогата на голманот во модерниот фудбал. Покрај исклучителните рефлекси и способноста да брани удари, тој стана познат по тоа што одеше далеку надвор од шеснаесетникот, играше со нозе и учествуваше во конструкцијата на нападот. Неговиот стил на игра стана пример за цела генерација голмани, а многумина го сметаат за еден од највлијателните играчи на таа позиција во историјата на фудбалот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бентли тврди дека со неговите светла може да читате книга од километар оддалеченост (ФОТО)

Bentley откри нови детали за својот претстоен модел Torcal, а овој пат фокусот е на технологијата на осветлување. 

Бентли тврди дека со неговите светла може да читате книга од километар оддалеченост (ФОТО)

Британскиот производител разви предна маска со 76 рачно склопени елементи кои личат на исечени кристали, со повеќе од 260.000 микроскопски дупки и 202 LED диоди.

Уште поинтересни се новите фарови, за кои Бентли тврди дека се доволно моќни за читање книга од растојание до еден километар.

Секој фар има четири модули

Bentley разви сосема нов систем на фарови за Torcalo. Секој се состои од четири модули, меѓу кои се два микро LED проектори, од кои секој има 16.000 пиксели. Заедно со нив, постојат и конвенционални модули за кратки и долги светла.

Градежниот проектор ја распрснува светлината под агол од 40 степени, подобрувајќи ја видливоста при вртење. Долниот има светлосен зрак кој е двојно потесен, што овозможува попрецизно насочување на светлината.

Системот автоматски ја прилагодува распределбата на светлината според условите на возење со цел да му обезбеди на возачот најдобра можна видливост, а во исто време да спречи заслепување на другите учесници во сообраќајот.

Повеќе од 260.000 отвори на предната маска

Дизајнерите пронајдоа инспирација за изгледот на предната маска во моделот Continental T на Bentley. Наместо класична решетка, Torcal има тродимензионална структура составена од 76 елементи со различни големини кои изгледаат како сечени дијаманти.

Секој елемент е составен рачно и е заштитен од надворешни влијанија со транспарентен капак направен од истите материјали што се користат за фаровите.

Особено интересна е металната рамка на маската, во која се направени повеќе од 260.000 микроскопски дупки со ласер. 202 LED диоди се скриени под површината. Кога осветлувањето е исклучено, рамката изгледа како обична метална површина, додека ноќе, светлината поминува низ ситни отвори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германска „Луфтханза“ укинува уште 1.000 работни места- планираните отпуштања сега достигнаа 5.000 луѓе

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ планира да скрати уште 1.000 работни места во Франкфурт и Минхен, покрај 4.000-те што ги објави групацијата „Луфтханза“ во септември 2025 година.

Германска „Луфтханза“ укинува уште 1.000 работни места- планираните отпуштања сега достигнаа 5.000 луѓе

Портпарол на компанијата потврди за германскиот портал за авијација Airliners.de на 24 ноември дека намалувањата ќе вклучуваат дополнителни нивоа на персонал, кои ќе ги покриваат административните и оперативните задачи.

Менаџментот на „Луфтханза“ ги информираше вработените за новите мерки во интерен меморандум на 19 ноември, наведувајќи дека компанијата повеќе не е конкурентна во голем број деловни сегменти.

„Луфтханза“ забележа прилагодена оперативна загуба од 180 милиони евра во првите девет месеци од 2026 година.

Покрај намалувањата на персоналот, компанијата планира да го намали капацитетот на кратките и средните рути, а некои од нејзините авиони од семејството „Ербас А320“ треба да бидат заменети со помали авиони „Ербас А220“.

На 29 септември 2025 година, групацијата „Луфтханза“ презентираше план за елиминирање на околу 4.000, главно административни, работни места до 2030 година, со поголема употреба на дигитализација, автоматизација и вештачка интелигенција. На крајот од истата година, групацијата имаше околу 67.100 вработени во Германија, што е за еден процент повеќе од претходната година.

Компанијата сè уште не објави рок за дополнителните 1.000 намалувања на работни места, ниту како ќе се спроведе намалувањето на бројот на вработени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер