Доминација на Хиршер во Оре - Канал 5

Доминација на Хиршер во Оре

Австрискиот скијач Марсел Хиршер ја забележа и втората победа во шведскиот ски центар Оре.

Доминација на Хиршер во Оре
Откако вчера победи во велеслалом, Хиршер денеска беше најдобар и во слаломската трка која се бодува за Светскиот куп во алпско скијање

Австриецот кој по првата трка имаше за 25 стотинки послабо време од Германецот Феликс Нојројтер, со одлично возење во втората трка стигна до нова победа. Место на пиедесталот имаше и Нојројтер кој заврши како втор, а на третата позиција се пласира Александар Корошилов од Русија кој е првиот руски скијач по 1981 година кој успеал да избори место на пиедестал.

Хиршер со оваа победа се искачи на врвот во поредокот за слалом со 180 бодови, 40 повеќе од Нојројтер, а воедно Австриецот е прв и во вкупниот генерален пласман во Светскиот куп со 440 бодови, 28 повеќе од Норвежанецот Кјетил Јансурд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пецовски: Производите од медицински канабис повеќе не се табу тема за граѓаните

Се зголемува интересот за производи базирани на медицински канабис. темата која пред десет години беше табу тема, денес е нашироко позната меѓу граѓаните, вели во интервјуто за Канал 5, Душан Пецовски, генерален директор на „РЕПЛЕК“. 

Пецовски: Производите од медицински канабис повеќе не се табу тема за граѓаните

Посебно е важно што РЕПЛЕК отвори „КА“ -информативен центар каде што граѓаните може да добијат и бесплатни стручни совети за употребата на производи со медицински канабис.. Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговараше со него.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Воведуваме две нови линии од Полска до Охрид

На охридскиот аеродром утрово слета првиот авион од Вроцлав, Полска со што започнува новата авиолинија, додека од вторник ќе има уште една и тоа од Катовице, Полска до Охрид.

Николоски: Воведуваме две нови линии од Полска до Охрид

На охридскиот аеродром утрово слета првиот авион од Вроцлав, Полска со што започнува новата авиолинија, додека од вторник ќе има уште една и тоа од Катовице, Полска до Охрид – истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николкоски.

Ова според Николовски ќе значи нови можности за бизнис и за развој на локалната економија околу охридското крајбрежје..

Денеска од Охрид, каде изврши и увид во реконструкција на аеродром Св.Апостол Павле истакна дека домашните аеродроми имаат најголем раст во регионот со преку 31 % раст во првите пет месеци од годината, што се очекува да се надмине бројка од 3,5 милиони патници на годишно ниво....

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјоделците загрижени поради падот на откупните цени на доматите за двојно

Падот на откупните цени на доматите од 50 на 25 денари за килограм уште на стартот на масовната берба сериозно ги загрижи струмичките градинари.

Земјоделците загрижени поради падот на откупните цени на доматите за двојно

Земјоделците предупредуваат дека доколку продолжи откупуто по вакви ниски откупни цени и со ограничувања од трговиците кои најавуиваат дека не можат да откупат големи количини, ќе претрпат сериозни загуби, нема да можат да ги покријат ниту основните трошоци за производство и во струмичкото поле на секој чекор ќе се формираат депонии од фрлени домати.. Според нив, цените кои во моментов ги нудат откупувачите се значително пониски од очекуваните.

Дел од производителите се сомневаат дека на домашниот пазар можеби влијае и увозот од Албанија, која важи за сериозен конкурент во производството на градинарски култури.

Земјоделците велат дека вложувањата годинава биле високи, а дополнителен проблем претставуваат поскапите репроматеријали, наводнувањето и работната рака. Се надеваа дека барем на почетокот чќе имаат добри цени за да покрија дел од тие зголемени трошоци за да не бидат во загуба. Од министерството за земјоделство засега велат дека ги следат случувањата со откупните цени на доматите.

Откупната цена на доматите не ја утврдува Министерството за земјоделство, туку се формира согласно пазарните услови. Но, Министерството внимателно ја следи состојбата и ќе остане во редовна комуникација со сите производители и откупувачи.

Откупувачите, пак, имаат поинакво објаснување за состојбата. Велат дека во овој период нагло се започнати бербите во Македонија, со што значително се зголемила понудата на пазарот. Во исто време за берба стасуваат и доматите во Србија, како и во другите балкански земји каде што традиционално се извезува македонското производство.

Она што се откупуваше во мај полесно се продаваше и имаше дробра цена за извоз иако Албанија бере многу порано од нас. Според нив, зголемената понуда во регионот и намалената побарувачка на извозните пазари довеле до пад на откупните цени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер