Доминација на домашните селекции во првото коло во квалификациите за ЕП за ракометарки - Канал 5

Доминација на домашните селекции во првото коло во квалификациите за ЕП за ракометарки

Со четирите натпревари одиграни синоќа беше комплетирано првото коло во квалификациите за Европското првенство за ракометарки, што следната година ќе се одржи во Франција.

Доминација на домашните селекции во првото коло во квалификациите за ЕП за ракометарки

Во воведната рунда фаворитките немаа проблеми. На дури тринаесет од четиринаесетте средби одиграни, во седумте групи, победи забележаа репрезентациите кои ја имаа улогата на домаќини.
Единствено од гостинките, ракометарките на Литванија останаа непоразени и тоа во дуелот против Германија кој заврши без победник.
Комплетни резултати од 1.коло во квалификациите за ЕП 2018-та за ракометарки:

Група 1: Хрватска - Швајцарија 32-28 и Норвешка – Украина 35-22.
Група 2: Полска – Италија 40-13 и Црна Гора – Словачка 24-23.
Група 3: Шведска - Македонија 36-20 и Србија - Фарски Острови 38-26.
Група 4: Романија – Австрија 36-25 и Русија – Португалија 32-25
Група 5: Чешка – Исланд 30-23 и Данска – Словенија 28-22.
Група 6: Шпанија – Турција 35-16 и Германија – Литванија 26-26
Група 7: Унгарија – Косово 37-12 и Холандија – Белорусија 33-21.

Во следното коло македонските ракометарки за противник ќе ја имаат селекцијата на Србија против која ќе играат во Скопје веќе во недела во терминот од 19 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популација

Се подготвуваат законски измени за регулирање на користењето електрични тротинети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, најави минситерот за внатрешни Панче Тошковски.

Тошковски: Најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популација

Потенцираше дека ќе се заострува казнената политика и на регулативата во делот на управување со електрични тротинети, преку измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерката за енергетика уверува дека нема да има раст на цената на електричната енергија

Ќе има ли промени на сметките за струја откако ЕСМ од следната година повеќе нема целосно да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач? 

Министерката за енергетика уверува дека нема да има раст на цената на електричната енергија

Од следната година АД ЕСМ нема целосно да ги покрива потребите со електрична енегрија на универзалниот снабдувач..Согласно новиот Закон за енергетика, уделот на струја што ќе го испорачува ЕСМ ќе биде ограничен на 70%, наместо досегашните 100. Министерката за енергетика Сања Божиновска објасни дека ова е последен чекор од исполнување на реформската агенда во енергетскиот сектор, но и дека тоа не значи поскапување на струјата. Според неа, поради пониските берзански цени на електричната енергија и зголеменото производство од обновливи извори не очекува раст на цената на струјата. Министерството за енергетика ќе се заложи и за евентуално укинување на блок-тарифите, но сепак како што изјави Божиновска, конечната одлука е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика.

„Ако ги гледаме цените како се нула во овој период и колку многу има повеќе електрична енергија и дека веќе Грција извезува, јас мислам дека може да се очекува намалување на овие цени, меѓутоа тоа е сепак берза што значи на берза може да има и скокови и падови, но некој тренд е дека сега имаме многу ниски цени и нули. Регулаторната комисија за енергетика е одговорна за блоковите, тие ги дефинираат, прават истражувања. Ако не повикаат ние секако ќе дадеме наше мислење, меѓутоа целта е една и единствена граѓаните да имаат пониски сметки. “

Божиновска истакна минатата година македонија била над европскиот просек односно околу 58% од инсталираните капацитети се од од обновливи извори. Таа очекува овој тренд да продолжи и во следниот период. На јавниот повик за изградба на енергетски објекти за 2027 година, до почетокот на месецов пристигнале над 800 иницијативи од приватни компании и институции

Божиновска на брифингот со медиумите соопшти и дека до министерството пристигнало решението од Државниот завод за индустриска сопственост, со кое официјално се заштитува македонскиот рубин како наш, уникатен полускапоцен камен, со што добива статус на заштитено национално минерално наследство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и МОН стартуваат со нов проект за превенција од семејно и врсничко насилство

Семејното и врсничкото насилство земаат замав. За само една година бројот на пријави за семејно насилство е зголемен за 67 проценти, а во пораст е и насилството меѓу учениците. 

МВР и МОН стартуваат со нов проект за превенција од семејно и врсничко насилство

За 67 % се зголемиле пријавите за семејно насилство во МВР за само една година. 768 кривични дела поврзани со семејно насилство се регистрирани во периодот од почекокот на оваа година до крајот на мај, наспроти минатата година кога имало 460 пријави, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. И врсничкото насилство е во подем. За претходната учебна година евидентирани се 93 пријави на насилства во 64 училишта.

Министерката за образование Весна Јаневска го најави проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“. Министерот за социјална политика Фатмир Лимани истакна дека врсничкото насилство не се појавува изолирано, туку често е последица на нарушени семејни односи.

Од Комората на психолози објаснија дека агресивното однесување доаѓа како последица од доживена болка и насилство. Опасно станува кога не се работи на овој проблем кој може да продолжи со насилство и во следните генерации.

Од следната недела ќе започнат обуки за училишните психолози, педагози и социјални работници во основното образование, со цел да се препознаат децата кои се жртви на насилство и навремено преземање соодветни мерки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер