ДОМ: Претпразнични партиски вработувања во инспекторатот за животна средина - Канал 5

ДОМ: Претпразнични партиски вработувања во инспекторатот за животна средина

Со одлучност и без компромис, Зелената партија ДОМ бара итно поништување на овој сомнителен оглас

ДОМ: Претпразнични партиски вработувања во инспекторатот за животна средина

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на огласот бр. 3/2025 објавен на 31.07.2025 година од Министерството за животна средина за вработување на 11 помлади инспектори во Државниот инспекторат за животна средина на определено време до 31.12.2025 година, со нереален рок за аплицирање од само три дена до 02.08.2025. ДОМ го оценува овој чекор како неприфатлива манипулација пред локалните избори. Со оваа брза и нетранспарентна процедура, спроведувана и за време на државен празник, сериозно се поткопува кредибилитетот на институцијата, се вели во соопштението од ДОМ што МИА го пренесува интегрално.

ДОМ јавно прашува како е можно да се вработуваат и да вршат инспекциски надзори во индустријата инспектори без лиценци, кога согласно Законот за инспекциски надзор и Законот за инспекциски надзор во животна средина мораат да ја поседуваат лиценцата? Не станува збор само за грешка во постапката, штетата врз институцијата е уште поголема затоа што се нанесува силен удар врз стручноста на истата.

Ова е уште едно предизборно полнење на институциите со партиска администрација. Институциите не смеат да се претворат во партиска каса, каде што местата се мерат според политичката припадност, а не според нивното знаење и компетентност.

ДОМ го прашува министерот од ЗНАМ г-н Горан Минчев: Вака ли ќе ја департизирате администрацијата со наместени огласи од партиски војници? Животната средина не може да ја зачуваат нестручни и необучени партиски послушници, водени од мотивот да добијат награда за својот ангажман на претстојните локални избори.

Со одлучност и без компромис, Зелената партија ДОМ бара итно поништување на овој сомнителен оглас, целосно почитување на законските лиценци и стручни стандарди, како и спроведување на транспарентна, непристрасна постапка за вработување инспектори. Само на тој начин можеме да ја вратиме довербата на граѓаните и да ја заштитиме природата за идните генерации.

Демократска обнова на Македонија (ДОМ)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Македонија лидер во регионот: Патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

И ова може да биде вест во Република Македонија.

Стојаноски: Македонија лидер во регионот: Патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација.

Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај.

27,9% раст на патничкиот сообраќај – прво место меѓу земјите кои не се членки на ЕУ+, според ACI Europe.

Меѓународниот аеродром Скопје е рангиран меѓу најбрзорастечките средни аеродроми во Европа, со раст од 28,6%.

Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид го забележа најуспешниот месец јули во својата историја.

Во текот на јули, охридскиот аеродром има раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година.

Овие бројки се потврда дека инвестициите во нови авиолинии, развојот на аеродромите и поддршката на туризмот носат конкретни резултати за македонската економија.

Бојан Стојаноски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извршени 44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јули

Приведени две лица, запленети 702 парчиња риба и 25 рибарски мрежи.

Извршени 44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јули

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело. Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското село Пештани а другото од Струга, ги приведоа во полициската станица и против нив се поднесени соодветни пријави.

Во текот на акциските контроли, пронајдени се вкупно 25 т.н. висечки рибарски мрежи со должина од четири километри и деветстотини метри кои се најстрого забранети за лов на риба и вкупен улов од 702 парчиња риба охридска белвица, односно вкупно 97.1 килограми. Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, и во текот на наредниот период ќе врши акциски контроли по овој основ, како и по одредбите од Законот за внатрешна пловидба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари.

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување.

По неговите најави - не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото.

Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски.

Знаат дека ќе поскапи сè, бидејќи со поскапување на дизелот поскапува транспортот, храната и останатите цени.

Сега веќе е потврдено, секоја „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените - носи ново поскапување.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер