ДОМ: Дали Управниот суд ја крие пресудата за Иловица?

Зелената партија ДОМ е крајно загрижена по објавувањето на информацијата во медиумите дека Управниот суд донел пресуда во полза на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ на 31 март оваа година, среде пандемија и вонредна состојба.

Со неа се поништува одлуката од второстепената владина комисија за одбивање на дозвола за експлоатација на рудникот Иловица.

Ја побаравме пресудата на официјалната страна на Управниот суд, за да дознаеме врз база на какви „аргументи“ е поништена една правнички чиста одлука, која беше основа и за одземање на концесијата од страна на Владата. Но, пресудата не можевме да ја најдеме. Ќе ја побараме по официјален пат, повикувајќи се на Законот за пристап до информации од јавен карактер.

А во меѓувреме, јавно прашуваме: Дали Управниот суд ја крие пресудата за рудникот Иловица и зошто? Доколку е така, ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупција да постапи по допрен глас и да се заинтересира дали се крие корупција зад ваква скандалозна пресуда и кој се е вклучен во неа?

Македонските екологисти не прифаќаат бизнис на сметка на здравјето и заштитата на животната средина. Борбата против отворање рудник во Иловица, среде плодни полиња, ќе продолжи.

ДОМ – Канцеларија за односи со јавност

Двајца загинати, 21 повреден во нападот со нож во кинеска болница

Две лица загинаа, а 21 се повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА.

Полицијата во округот Женксионг, во југозападната провинција Јунан, денеска соопшти дека маж од локално село ги извршил нападите со нож непосредно пред пладне.

Нема дополнителни информации за можните мотиви за нападот, ниту за идентитетот на жртвите.

Кинеските државни медиуми претходно објавија за 10 жртви, без да го прецизираат бројот на загинати и ранети.

На кинеската платформа за социјални медиуми Веибо кружеа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

На други слики од местото на настанот се гледаат повредени жртви на земја. Полицијата соопшти дека повредените се пренесени во болница.

Обвинителството отвори истрага за инцидентот, соопшти полицијата.

Си Џинпинг во 2-дневна посета на Белград, ќе биде пречекан од авиони МИГ-29

Со кинески знамиња и билборди со пораки за добредојде испишани на кинески јазик, Белград го пречекува кинескиот претседател Си Џинпинг, кој вечерва пристигнува во дводневна посета на Србија.

Безмалку три и пол илјади полицајци се ангажирани за безбедноста на џинпинг, кој според најавите, доаѓа со 400 члена делегација.

Кинескиот лидер ќе го пречекаат и српските борбени авиони МИГ-29, кои ќе го придружуваат неговиот авион од српската границата до Белград, а потоа на враќање ќе го испратат.

За време на посетата на Србија Си Џинпинг со неговиот домаќин претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе разговараат за широк спектар на теми - од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.

На состаноците се очекува да бидат потпишани над 30 договори од различни сфери..

Протест пред Берлинскиот слободен универзитет во знак на солидарност со Појасот Газа

 Пропалестинските активисти денеска протестираа пред Берлинскиот слободен универзитет, апелирајќи на студентски отпор низ Германија во знак на солидарност со луѓето во Појасот Газа.

Според процените на портпаролката на Универзитетот во протестите учествувале од 80 до 100 луѓе.

Активистите на групата Студентска коалиција Берлин повикаа на запоседнување на германските универзитети и побараа крај на „колонијалното угнетување“.

Околу 150 активисти на 3 мај протестираа пред Универзитетот Хумболт во Берлин.

Повеќе од две недели на голем број универзитети во САД, во Велика Британија и други земји има протести против израелската офанзива врз Појасот Газа./МИА

притисни ентер