ДОМ бара веднаш да се отпочне постапка за измена на Изборниот законик - Канал 5

ДОМ бара веднаш да се отпочне постапка за измена на Изборниот законик

ДОМ бара веднаш да се отпочне постапка за измена на Изборниот законик и да се обезбеди можност за учество на независни и граѓански листи на локалните избори.

ДОМ бара веднаш да се отпочне постапка за измена на Изборниот законик

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро се спротивставува на сè поопасната пракса на владејачкото мнозинство но и на опозицијата (партиите-коалиционери од поранешната влада), кои со едната рака доделуваат милиони евра за невладини организации, а со другата рака ги блокираат демократските механизми што би им овозможиле на граѓаните реално политичко учество. Со усвојувањето на Ребалансот на Буџетот за 2025 година, беа зголемени трансферите кон невладиниот сектор од 26,7 на 34,4 милиони евра, а во исто време нема никаква политичка волја за измена на Изборниот законик што би овозможил учество на независни кандидати на претстојните локални избори, се вели во соопштението од ДОМ што МИА го пренесува интегрално.

Поддршката за граѓанските организации е важна и потребна, но добива сенка на партиска инструментализација кога се користи како параван за прикривање на партиципативната демократија. Во исто време кога се зголемуваат средствата за невладиниот сектор, граѓаните и граѓанките системски се блокирани да учествуваат како независни политички субјекти. Згора на тоа: кои се механизмите за надзор над потенцијалната злоупотреба на овие средства зголемени за 30% на три (3) недели пред објавувањето на локалните избори? Дали веќе се знае кои невладини (нечии миленици) ќе ги добијат тие средства?

Зелената партија ДОМ остро се спротивставува на оваа пракса, каде со една рака се делат милиони, а со другата се бришат граѓаните од картата на политичка партиципација.

ДОМ уште еднаш упатува јавно барање веднаш да се отпочне постапка за измена на Изборниот законик и да се обезбеди еднаква, фер и демократска можност за учество на независни и граѓански листи на локалните избори во 2025 година. И да не се лажеме: партиските мастадонти ќе си формираат свои прокси политички субјекти воочи локалните избори и ќе си „туркаат“ со своите миленици – и од тие причини веќе знаеме кој ќе биде одговорот на нашето барање...за жал!

Демократска обнова на Македонија (ДОМ)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниите

Јеменските бунтовници Хути повторно ги предупредија авиокомпаниите, аеродромскиот персонал и патниците да не ги користат саудиските аеродроми, еден ден по нападот врз аеродромот „Крал Калид“ во Ријад, во кој загинале 12 лица, а 309 биле повредени.

По нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниите

Јеменските бунтовници повторно упатија предупредување до авиокомпаниите, аеродромските работници и патниците да ги избегнуваат саудиските аеродроми, нагласувајќи дека нивната порака треба да се сфати сериозно.

Хутите соопштиле дека саудиска арабија е одговорна за, како што тврдат, неуспешните обиди за пресретнување на проектилите што оваа група ги лансирала кон ријад, пренесува „Ројтерс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО уште чека информација од Русија за дијагнозата на починатата жена

Светската здравствена организација соопшти дека сè уште чека од Русија информација за дијагнозата на починатата жена, за која има сомнежи дека била заразена со белодробна чума.

СЗО уште чека информација од Русија за дијагнозата на починатата жена

СЗО пред три дена соопшти дека во оваа фаза не е во состојба да изврши целосна проценка на ризиците поради недостиг на целосна слика за ситуацијата по смртта на вработена во Биолошки институт во Сибир.

Еден ден подоцна, руските власти објавија дека не откриле „никаква инфективна болест“ по испитувањето на сите луѓе кои во последно време биле во контакт со починатата лаборантка во Иркутскиот институт за истражување на чума, и ги демантираа медиумските информации за случајот како лажни.

Според нив, жената починала од „пневмонија“, од која се разболела по контакт со луѓе, односно надвор од лабораторијата. Според нивните информации, таа „била вакцинирана и имала имунитет против опасните патогени со кои работела“.

СЗО вчера сепак констатираше дека сè уште нема „потврдена дијагноза“ и забележа дека околу случајот сè уште има „голема нејаснотија“.

Здравствената агенција на ОН, со седиште во Женева, додаде дека ќе продолжи „да ја следи ситуацијата и да ги проценува потенцијалните последици по јавното здравје со пристигнувањето на нови информации“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнати

Ненадејна поплава на реката Будхи Гандаки утрово,  предизвика големи штети во непалскиот округ Горка.

Нова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнати

Надојдената вода однела куќи и мостови, оштетила градилиште на хидроелектрана и принудила жители од повеќе населени места да се повлечат на побезбедни локации.

Според локалните власти, кои ги цитира „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, во руралната општина Чумнубри. Поплавата ја погодила и соседната општина Дарче.

Локалните жители и туристите почнале да се повлекуваат откако околу четири часот наутро слушнале силни звуци од реките во планинското подрачје. Водостојот нагло се менувал, а предупредувањата за евакуација биле пренесувани и преку разгласи.

Во Џагат првичните извештаи наведувале пет до седум однесени куќи. Во мачакола водата навлегла во повеќе домови и привремени објекти, додека во салери, во општината Дарче, уште околу 20 до 22 куќи биле изложени на ризик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер