Должината на домалиот прст во однос на показалецот на левата рака открива интересни нешта за вашата личност ! (фото) - Канал 5

Должината на домалиот прст во однос на показалецот на левата рака открива интересни нешта за вашата личност ! (фото)

Анализите на личноста кои се темелат на физички особености не се реткост, верувале вие во нив или не.

Должината на домалиот прст во однос на показалецот на левата рака  открива интересни нешта за вашата личност ! (фото)
Голем број од нив влечат корени од минатото, а една од најпопуларните анализи е и анализата врз основ на должината на домалиот прст показалецот.Експертите за ваквите анализи сметаат дека би требало малку подлабоко да се погледнете себе си затоа што тоа може да ве насочи кон животот кој во целост ќе ве исполнува.
Погледнете ја својата лева рака, воочете ја должината на домалиот прст во однос на показалецот и прочитајте што таа открива за самата суштина на вашата личност:
Тип А – Домалиот прст е подолг од показалецот
Сакате да ризикувате и тоа секогаш ви се исплати. Имате неодолив шарм на кој припадниците на спротивниот пол не може да му одолеат. Знаете што сакате и ќе се потрудите да ги остварите своите цели без оглед на се, а вашата амбициозност многумина погрешно ќе ја наречат агресивна.
Идеална работа за постигнување успех и лично остварување : маркетинг, трговија, сите работни места кои вклучуваат директен контакт со луѓе.
Тип Б – домалиот прст покус од показалецот
Обожувате предизвици. Самоуверени сте, ништо не ве плаши, родени сте за лидер. Во стресни ситуации сакате да преземате контрола во свои раце и да го најдете проблемот кој е пред вас. Снаодливи сте и токму поради тоа пријателите секогаш ви бараат помош кога им е потребен добар совет.
Идеална работа за постигнување успех и лично остварување: професор или политичар.
Тип Ц – Домалиот прст и показалецот се со иста должина
Смирени сте и чувствителни. Вие сте емпатична личност која сочувствува со проблемите на другите луѓе и токму затоа многумина ви ги доверуваат најдлабоките тајни, понекогаш тоа го прават дури и луѓе кои воопшто ен ги познавате. Со вашата топлина на сите им влевате самодоверба, а вие сте несреќни кога не можете да му помогнете на некој.
Идеална работа за постигнување успех и лично остварување: медицинска сестра, социјален работник, психотерапевт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден

Американските сили  нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден, како одговор на тоа што Техеран двапати гаѓаше американски воен брод, соопшти Централната команда на САД.

Американските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден

Четири ирански танкери за нафта во Оманскиот залив поврзани со корпусот на Иранската револуционерна гарда беа цел на нападот, како и уште еден во близина на островот Харг, голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, додаде централната команда на САД. Техеран одговори со лансирање ракети врз американската база во Јордан - од кои повеќето беа соборени - и соопшти дека нападнале два американски брода и осум танкери за нафта во Ормутскиот теснец. Пресметките меѓу двете земји ескалираа изминатата недела, по повеќе од шест месеци откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари. Цените на нафтата пораснаа на азиската берза. Референтната сурова нафта „Брент“ поскапе за 1,5% , додека нафтата што се тргува на берзата во САД е повисока за 1,3%.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиника

Нема нови приеми на пациенти на Клиниката за инфективни болести, со нилска треска.

Се смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиника

Од клиниката за Канал 5 потврдија дека е пуштен пациент од клиниката кои се лекувал повеќе од една недела и е во добра здравствена состојба. Засега на клиниката има седум пациенти со нилска треска, двајца се во тешка состојба и се во одделот за интензивно лекување. Осум пациенти починаа поради компликации од нилската треска и имале и други заболувања, сите се на возраст над 60 години. Од Град Скопје највија дека денска ќе се прскаат водните површини против ларави од комарци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година

Кога СДС зборува за јавниот долг, прво треба да одговори за сметката што ја остави зад себе заедно со ДУИ додека беше на власт.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година

ВМРО ДПМНЕ ја презеде одговорноста да ја води Владата во јуни 2024 година со јавен долг над 60 проценти од БДП.

Денес долгот изнесува 58,8 проценти од БДП, односно е понизок од затекнатото ниво, со тоа што Владата уредно ги сервисира обврските што ги наследи.

Во наредните години доспеваат околу 8 милијарди евра долгови преземени во времето на СДС и ДУИ. Само во 2026 година доспеваат околу 1,5 милијарди евра, а потоа уште 1,5 милијарди во 2027, 1,9 милијарди во 2028, 1,3 милијарди во 2029 и 1,4 милијарди евра во 2030 година.

Тоа е сметката што ја остави СДС со ДУИ и треба да одговорат и за 4,5 милијарди евра со кои ја задолжи државата за само 7 години. За што беа потрошени тие пари?

Ако сакаат да зборуваат за економија нека зборуваат со официјални бројки, но тоа не им одговора оти бројките не се на нивната страна на водење лажни кампањи.

Бројките покажуваат дека растот на економијата во вториот квартал од 2026 година за 4,3 проценти.

Дека економските политики на Владата се добри говори и фактот дека осум квартали по ред има раст од над 3 проценти.

И без годините на ковид пандемијата, разликата сепак е очиглефна. Просечниот раст кај претходната власт на СДС и ДУИ е околу 2,6 проценти.

Затоа наместо СДС да ги извртyва фактите, време е да одговори за долговите, потрошените милијарди и сметката што ја остави зад себе.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер