Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
2Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
3Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
МакедонијаДолната граница на буџетот за плати на судиите и обвинителите ќе биде повисока од средниот буџетДолната граница на буџетот за плати на судиите и обвинителите ќе биде повисока од средниот буџет на земјите членки на Унијата, најави премеирот Мицкоски.Долната граница на буџетот за плати на судиите и обвинителите ќе биде повисока од средниот буџет на земјите членки на Унијата, најави премеирот Мицкоски потенцирајќи дека како Влада се подготвени да ги прифатат реформските закони од областа на првосудството кои ги бара ЕУ во Планот за раст. Не прецизираше за колку ќе се зголеми процентот за буџетот во правосудството, но појасни дека плановите за варботувања и унапредувања во судовите и обвинителствата ќе ги одобруваат Судскиот и Советот на јавни обвинители и тие нема да зависат од мислењето на Владата. Во реформските закони кои ги бара ЕУ се предвидуваше зголемување на буџетот во правосуството за 1,3 проценти од БДП. 0,8% за судиите и 0,5% од БДП за обвинителите. „ Во делот на буџет ние ќе поставиме долна граница, односно минимална вредност во буџетот на обвинителството и во буџетот на судовите кои што секако ќе биде повисок од средниот или од медијана буџетот што го имаат земјите членки што ги покрива Советот на Европа. И тоа ќе го направиме. Ние сме подготвени сѐ да прифатиме што тие бараат. Главното нивно барање се однесува на вработувања и унапредувања, да не зависи од мислење на Владата. Во ред, нема проблем, нема да зависи. Имаме јасен план, јасен фокус. Нашата стратегија е да бидеме најдобри во одделението. Тоа ќе го направиме и ако тоа некој не го цени, ако мисли дека треба билатералните прашања да бидат пречка за нашето членство во Европската унија, простете, ние тука не можеме ништо да сториме“– Христијан Мицкоски, Претседател на влада. Освен Законите за јавно обвинителство, за судови и за јавно обвинителска служба до крајот на годината согласно Планот за раст ќе бидат досенени вкупно 10 од 12 рефорсмски закони, најави Мицкоски. Меѓу нив се и Законот за енергетика и Изборниот законик кој треба да биде усогласен со забалешките на ОБСЕ, либерализација на железничкиот сообраќај, како и нови вработувања Агенцијата за одземен имот. Во одговор на новнарско прашање за разрешувањето на државниот јавен обвнител Коцевски, Мицкоски посочи дека тој не ја искористил дадената шанса и дека процедурата е во тек. „Не очекуваме од јавниот обвинител да каже „Да, виновен сум, не успеав во својата работа“. Тоа што го кажува е очекувано. Аргументите јавноста ги гледа, јавноста сведочи за неговата работа, за работата на обвинителството, на судовите, повторно ќе кажам на малкумина, за жал и тој е заробеник меѓу малкумината на обвинителството. Имаше можност, имаше шанса, за жал, не ги искористи“-– Христијан Мицкоски, Претседател на влада. Постапката за разрешување на Коцевски беше паузирана во март годинава по трагедијата во Кочани, а во јули Собранието му изгласа недоверба на државниот обвинител, но тој не се повлече од функцијата. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров Влегле низ задната врата, ја извлекле од постела, ја врзале и малтретирале, а потоа ја ограбиле и убиле, ова се неофицијално деталите од убиството на 76 годишна жена од Ѓорче Петров, која утринава беше пронајдена мртва во својот дом. Станува збор за грабеж кој резултирал со убиство, второ во Ѓорче Петров за само пет дена, откако во населбата во Хром, исто така со траги на насилство, беше пронајден мртов 62 – годишен маж. Жртвата, жителка на улицата Ѓурчин Кокале, утринава околу 9 часот ја пронашна нејзината ќерка, која дошла да ја посети и да и помогне околу домашните обврски. Убиството, според неофицијални информации, не е извршено со огнено оружје. Токму ова е куќата, белата во позадина каде утринава била пронајдена жената од страна на својата ќерка. Според неофицијалните информации, била убиена во дневната соба. Убиената била мирна и тивка жена со здравствени проблеми, велат соседите кои се шокирани што на оваа улица, на која немало поголем инцидент, се случило убиство, бидејќи истата важи за една од најбезбедните и најмирните улици во Ѓорче Петров. Сега велат, стравуваат за себе и најблиските. На оваа улица јас живеам можеби 30-40 години, вакво нешто не се случило, немало ни грабежи, ни ништо. Девојченцето, ете се случило тој ден да одат во Маврово, кога се вратиле, кога ја затекнале, мртва. Значи треба да се заклучуваме и денски и навечер, ниски се оградите. Ова е прва случка ваква, немало досега, не знам за понатаму што да кажам. Канал 5 ги затекна екипите на МВР кои вршеа увид на местото на злосторството, по сторителите во моментов се трага. -Во 09:18 часот во СВР Скопје, М.А. пријавила дека во куќа на ул. Ѓурчин Кокале ја пронашла нејзината мајка О.А. без знаци на живот. Од страна на итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Неофицијално, според извори на Канал 5 од истрагата, полицијата истражува дали има можна поврзаност помеѓу двете убиства во изминативе пет дена. Според информациите, и 62 годишникот е убиен по разбојништво. Од обвинителството посочуваат дека се преземаат сите дејствија за расчистување на убиствата. Неофицијално, едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и во моментов се наоѓа во полициска станица.. За ова нема официјална потврда од МВР... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
СветПесков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “ Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН. Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“. „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации. САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалJан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди синСрпската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим. Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија. Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12