ЗдравјеДолготрајна, хронична кашлица - можни причини и поттикнувачи Брзо дејствување по одредени симптоми, може да помогне за брзо надминување на кашлицата. Исто така, спречувањето, т.е. превенцијата е многу важна.Долготрајната, односно хронична кашлица може да биде непријатна, но може да значи и посериозна здравствена состојба. Во случај на хронична кашлица, важно е стручно да се проверат причините за тоа. Само лекар може со сигурност да каже зошто некој има постојана кашлица. Следат дел од можните причини. Астма Се работи за хронична болест што ги погодува белите дробови, предизвикува повторени епизоди на отежнато дишење (познати како напади на астма), стегање во градите и ноќна и / или утринска кашлица, истакнуваат стручњаците. Таа е една од најчестите болести која ги погодува децата, но и возрасните лица. Предизвикувачите на астма се различни за секого - вежбање, одредена храна, чад од цигари и други надразнувачи во воздухот што ги предизвикуваат нападите. Идентификувањето и избегнувањето на предизвикувачите (или барем минимизирање на изложеноста на нив) е клучно за управувањето со астмата. Алергии Зиме, минуваме повеќе време во затворени простории, па така човекот е и поизложен на алергени. При алергии на влага, прашина и други вообичаени поттикнувачи, може да дојде до постојана кашлица. Во случајов се препорачува разговор со алерголог и тест за алергија. На овој начин ќе се дознае на што лицето е алергично и како да се држи подалеку и настрана од тие алергени. Загадувањето на воздухот И воздухот може да предизвика постојана кашлица. Дури и краткотрајно изложување на некои гасови може да доведе до и иритација на белите дробови. Испарувањата, исто така, може да ги влошат симптомите на алергија или астма. Истото важи и за мувла во и околу домот. Последици од потешка болест или зараза По тешко заболување на дишните органи, како што се пневмонија и грип, по заздравувањето може да остане постојана кашлица. Тоа може да трае со недели и месеци. Оваа продолжена кашлица може да укажува и на тоа дека може да има долготрајна инфекција во телото и се советуваат дополнителни тестови за овие случаи. Пушење Луѓето кои пушат често развиваат кашлица предизвикана од природниот одговор на телото да се ослободат од хемикалиите што навлегуваат во дишните патишта и белите дробови. Може да почне како сува кашлица, но на крајот неизбежно има и слуз. Научен труд објавен во списанието „Медисин“ (Medicine) ја разгледува преваленцата на хронична кашлица и можните причини кај општата популација. Испитувањата засновани на Корејското национално истражување за испитување на здравјето и исхраната, опфатиле 119.280 возрасни лица на возраст над 40 години, и покажуваат дека 47,7 отсто од испитаниците со хронична кашлица биле пушачи во тој миг. Секако, најлесниот начин за пушачите да се ослободат од кашлицата е откажување од цигарите. Па така, доколку треба помош во тоа, советот гласи - матичниот лекар може да Ве упати во вистинската насока. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 19. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 19. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен. Кариера За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна. Здравје и совет Поминете некое време во тишина. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите. Кариера Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски. Здравје и совет Почнете со поправки по дома. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите. Кариера Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено. Здравје и совет Подобрување. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди. Кариера Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми. Здравје и совет Можете малку да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома. Кариера Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги. Здравје и совет Не брзајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор. Кариера Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите. Здравје и совет Бидете она што сте. Овен 21.3-20.4. Љубов вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација. Кариера На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи. Здравје и совет Заинтересирајте се за растителни чаеви. Бик 21.4- 20.5. Љубов Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање. Кариера Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка. Здравје и совет Бидете она што сте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами. Кариера Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање. Здравје и совет Нема грижи , ниту напори. Рак 22.6-22.7. Љубов Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне. Кариера Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина. Здравје и совет Имате добри идеи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција. Кариера Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог. Здравје и совет Ќе најдете компромис. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов. Кариера Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени. Здравје и совет Денот е добар за опуштање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаМарјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈон Фрчкоски на „Кавга со Иван“Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон ФрчкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter