Работна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилност
1Работна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилност
3ВМРО-ДПМНЕ:Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев
Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
2Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
ЗдравјеДолги редици во Њујорк за вакцинирање против мајмунски сипаници Њујорк, град со осум милиони жители, стана епицентар на мајмунски сипаници и неговите жители, главно мажи на возраст меѓу 20 и 40 години, брзаат да се вакцинираат, формирајќи долги редици пред медицинските центри.Во тој град во мај се појавија првите случаи на мајмунски сипаници, а на крајот на минатата недела се евидентирани 461 случај на таа инфекција. На почетокот на минатата недела ги имало 223. Секој може да се зарази со таа болест, што се шири преку близок физички контакт, но вакцината Jynneos моментално е резервирана само за хомосексуалните мажи, кои го сочинуваат огромното мнозинство од заразените. ЛГБТК заедницата во Њујорк е загрижена дека поради овој вирус нивната заедница дополнително ќе биде стигматизирана. Центарот за вакцинација, основан во средно училиште во Бушвик, Бруклин, потсетува на линиите што се формираа за вакцината против Ковид-19. Мажите кои чекаа на ред едногласно потврдија дека имале среќа што воопшто успеале да закажат термин, јавија француски медиуми во репортажа. На веб-страницата во шест часот наутро имало известување за 9.200 бесплатни места и се било пополнето за само седум минути. Експерт за анализа на податоци тврди дека оние кои се најактивни на социјалните мрежи имаат најголеми шанси да резервираат термин. Поради недостиг на дози, центарот во Бушвик најверојатно нема да се отвори денеска, а комесарот за здравство Ашвин Васан истакнува дека на Њујорк му се потребни десетици илјади дози од вакцината. Њујорк досега има потрошено 21.500 дози од вакцината, надевајќи се дека ќе го забрза процесот на вакцинација и очекува повеќе од 30.000 нови дози за целата држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
ЖивотЕтна повторно прави „хаос“ на Сицилија Вулканот Етна повторно е активен, а испуштањето вулканска пепел веќе почна да го попречува воздушниот сообраќај на Сицилија. Облакот од вулканска пепел достигна висина од околу четири километри и се движи кон југ, во правец на Катанија и нејзиниот аеродром „Фонтанароса“, пишува „Ла Сицилија“. Поради опасноста за воздушниот сообраќај, летовите кон и од аеродромот во Катанија се суспендирани . Компанијата SAC, која управува со аеродромите во Катанија и Комизо, соопшти дека поради испуштањето пепел од Етна и правецот на ветровите на поголеми височини, продолжено е затворањето на воздушниот простор што ги опфаќа секторите C1 и B3. Ve #etna tekrar faaliyette! Libya açıklarındaki doğacak siklonun yoğun bulut baskısı yanardağı harekete geçirdi. Basitçe: tonlarca bulutun levhaya yaptığı baskı magmayı sıkıştırarak ilk M4.8 #deprem tetikledi. Sonra Etna'nın lav seviyesini yükseltti. https://t.co/Bc8MkMxJtW — Mustafa Kılıç (@Mkilic76) September 15, 2026 Станува збор за делови од воздушниот простор каде што вулканската пепел би можела да претставува опасност за воздухопловите. Податоците за движењето на облакот се засноваат на пресметки на Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) и се објавуваат преку билтените VONA, односно известувањата од вулканолошката опсерваторија наменети за авијацијата.Тагови: Етна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаРаботна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилностДелегација предводена од заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески е во неколкудневна работна посета на Словенија.Во рамки на посетата, заедно со претставници од повеќе институции ќе се реализираат работни средби со високи претставници од релевантните институции во Република Словенија во однос на законската рамка, институционалните практики и примената на правото на Европската Унија во областа на трудот, миграцијата и трудовата мобилност. Во рамки на престојот ќе бидат посетени и реализирани средби со високи претставници на Министерството за економија, труд и спорт, Агенцијата за вработување на Словенија, Министерството за внатрешни и јавни работи, како и Канцеларијата за поддршка и интеграција на мигранти, каде ќе се презентираат искуствата на Република Словенија во примената на релевантното законодавство на Европската Унија и практичното спроведување на политиките во оваа област. Целта на студиската посета е размена на искуства кои ќе дадат придонес во унапредувањето на политиките и институционалната рамка во областа на трудот и трудовата мобилност, во согласност со европските стандарди. Студиската посета е организирана од страна на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), во рамки на проектите „Искористување на потенцијалот на дијаспората за напредување во пристапувањето кон Европската Унија и мобилноста на работната сила во Западен Балкан“ и „Регионалната програма за управување со миграцијата (RMGP) – фокус на Западен Балкан и Република Турција“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаСДСМ: Арамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центритеАрамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центрите -на сметка на народната струја, народната вода и сметките на граѓаните.Шефот на ВМРО-ОКГ повторно рече дека процесот со дата центри е „неповратен“. Кај него е неповратно затоа што веќе ја договорил својата провизија. Се крие само она што мора да го скрие: кој инвестира, која струја ќе ја јаде, која вода ќе ја пие, каде оди загреаната вода и која провизија седнува за договорот. СДСМ веќе го праша. Компанија тврди дека има обезбедено 100 мегавати струја и директен пристап до Вардар. Тврди дека Владата дала зелено светло. А Владата зборува за роботи и Азија, како да сме на саем, не во држава каде што ЕСМ тоне, струјата се увезува скапо, а граѓаните со недели чекаат извештај за тоа што пијат. Прашањата остануваат. Кој е инвеститорот? Која струја ќе ја троши центарот - домашна или увозна, која на крај влегува во сметката на граѓаните? Која вода ќе ја цица - од Вардар или Лепенец кои веќе се трујат, Треска каде умира риба, или од чешмата во Гостивар? Каде оди загреаната вода? Во река. Во истата река од која потоа пак се пие, а рибата умира. Еден голем дата-центар троши струја колку цел град. Во Ирска центрите веќе јадат над 20 проценти од националната електрична енергија - повеќе од сите градски домаќинства заедно. Затоа Даблин со години држеше кочница на нови приклучоци. Амстердам забрани нови центри најмалку до 2030. Сингапур стави мораториум, па пушти само под најстроги услови. Њујорк замрзна големи објекти над 50 мегавати. Град во Калифорнија ги забрани на референдум. Малезија ги запре системите што се ладат со вода до 2027, заради суша. Во Чиле проект падна затоа што ќе ги цедеше водоносните слоеви. Не затоа што светот е против технологија. Затоа што држава што нема струја и вода за своите луѓе не смее прво да ги раздаде на сервери. Има и бучава. Има агрегати и ладење деноноќно. Има соседство што се празни. Македонија веќе се празни. Младите си одат поради плата, воздух, вода и иднина. Да им додадеш уште еден индустриски шум и уште една дупка во мрежата не е развој. Тоа е забрзување на иселувањето. СДСМ не е против дигитализација. Ова не е дигитализација. Ова е хардвер за туѓа дигитализација. СДСМ е против кражба облечена во сервер. Нема датум. Нема име на инвеститор. Нема јавен договор за мегавати и литри. Нема проект. Има провизија што бара покритие. Додека Мицкоски зборува за иднина, граѓаните гледаат сметка која тие ја плаќаат. Затоа што струјата ќе ја платат тие. Без вода ќе останат тие. Бучавата ќе ја слушаат тие. А провизијата ќе ја земе бандата. Кој крие инвеститор, крие цена. Кој крие цена, ја знае однапред. А ја плаќате вие. Скопје, 15.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook