КултураДолги аплаузи за синоќешната претстава на Охридско лето исполнета со возбудлива и духовита енергијаСиноќа во рамките на драмската програма на „Охридско лето“ се одигра македонската премиера на театарската претстава „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме, своето не го даваме“Синоќа во рамките на драмската програма на „Охридско лето“ се одигра македонската премиера на театарската претстава „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме, своето не го даваме“ од Душан Јовановиќ а во режија на Иван Пеновиќ. Копродукцискиот проект меѓу НУ Драмски театар Скопје, Белградски драмски театар, Градски театар Љубљана и ЈУ „Град театар“ од Будва ја воодушеви публиката во преполната сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ која ги награди одличните актери до долги аплаузи и стоечки овации. Актерите Марјан Наумов, Јована Спасиќ, Лазар Христов, Марко Гверо, Вукашин Јовановиќ, Соња Стамболџиоска, Нејц Језерник, Јулита Кропец и Лазар Николиќ, секој зборувајќи на својот мајчин јазик, создадоа возбудлива и духовита енергија која предизвика искрена реакција кај публиката. По текстот на култниот Душан Јовановиќ, оваа комедија со длабока општествена рефлексија прикажа свет во кој хедонизмот, суетата и еротиката се бегство од празнината што демне под површината. Режисерот Иван Пеновиќ го врати на сцената духот на сексуалната револуција, младешкиот бунт и бесцелната потрага по среќа. „Комедијата ‘Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме, своето не го даваме’ на прв поглед донекаде се издвојува од раниот драмски опус на Душан Јовановиќ, одржувајќи ја формата на комедијата сосема верно. Текстот е напишан во 1972 година и за првпат е поставен во Градскиот театар во Љубљана една година подоцна. Напишан е во духот на сексуалната револуција и „пролетта `68“, како и под влијание на околностите во тогашна Југославија на кои реагираа уметниците од најмладата генерација. Во нивните дела, таканаречениот лудизам е специфичен одговор на „тешките“ теми обработувани од повоената генерација. Лудизмот се карактеризира со целосно отсуство на какво било трагање по значењето, барање одговори или решенија за човековите егзистенцијални тешкотии. Тој претпочита да ги прифаќа работите онакви какви што се и наместо да бара излез од неволјата, дозволува настаните да се одвиваат преку опуштена игра. Сето ова важи и за „плејбоите“. Тој е виор на жива еротика, младост и невоздржана, никогаш незаситена страст. Меѓутоа, меѓу редови, може да се насетат и празнината, суетата и егоизмот на општеството кое постојано брка задоволство. Денес, половина век по `68-та, суетата и бесцелноста остануваат актуелни, на кои им се придружува потрагата по пари и егзистенцијалниот страв“, вели режисерот Иван Пеновиќ како најава за претставата. Претходно претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме, своето не го даваме“ имаше успешната премиера и три изведби на 39. издание на фестивалот „Град театар“ во Будва.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter