Доленц: Пописот е спроведен најнапредно, најмодерно, во техничка и друга смисла

Пописот во Македонија е спроведен најнапредно, најмодерно, во техничка и друга смисла, во однос на сите земји што спроведуваат попис со директно прибирање податоци од терен.

Кога зборуваме за техничката имплементација на комбинираниот метод, Македонија, е на врвот на светските искуства, во овој момент, вели меѓународниот експерт за статистика и пописи Данило Доленц, кој учествуваше во сите фази во спроведувањето на пописот од 2021 година како независен експерт.

Во однос на реакциите по објавувањето на резултатите од Пописот, Доленц во интервју за Слобоен печат, изразува жалење што некои луѓе го оспоруваат „комплетно професионалниот, во согласност со сите меѓународни стандарди, спроведениот попис во Македонија".

– Има два главни документи што се важни за спроведувањето попис, првиот се препораките на УНЕЦЕ (UNECE) за спроведување попис, а второ се регулативите на ЕУ, кои не се обврзувачки за Македонија, зашто сè уште не е членка на ЕУ. Пописот во Македонија во 2021 година е спроведен во целосна согласност со овие меѓународни стандарди, рече Долeнц.

Појасни дека работи со Државниот завод за статистика од 2017 година, каде почнале како твининг-проект меѓу Словенија, Италија и Македонија, во кој го развиле методот што беше применет во Пописот од 2021. Долеnц, исто така, рече дека ќе треба да презентира конечен извештај на основачот на проектот, Европската унија, кој како што рече, ќе биде многу позитивен.

Во однос на методологијата, Доленц рече дека идејата за веб-апликацијата да се употреби за собирање податоци од дијаспората, била брилијантна, со оглед на овдешната ситуација.

– Според меѓународните стандарди, најважната работа е дека во пописот, мора да го издвоиме вообичаеното резидентно население, како што е превидено во методологијата и во меѓународните документи и ние успеавме да ги извлечеме податоците за населението според меѓународниот стандард, изјави Долeнц.

Според него, земјава има многу добри бази на податоци, кои биле користени во обработката на податоците, па дури и претходно, во т.н. „Претпописна датабаза".

– Така, кога ќе се откриеше дека постои несовпаѓање помеѓу податоците за таргетираната популација и податоците од теренот, беше нормална одлука да се вметнат луѓето што недостигаат, што беше најсоодветна и најдобра одлука, според статистичките стандарди. И, се разбира, она што е главен исход е тоа дека овие податоците се веродостојни. Апсолутно веродостојни. Тоа е главната цел на секој попис, рече Долeнц.

Во однос на тоа што за околу 132 илјади граѓани, податоците биле преземени од дата базите, вели дека 7 проценти од населението не е толку голема бројка, како што може да се чини на прв поглед.

– Мислам дека главната предност на Македонија е што таа имаше можност да ги пополни овие записи за населението до финална база на податоци за населението. Повеќето држави во светот никогаш не знаат колку многу луѓе не биле опфатени со пописот. Или, уште повеќе, ако знаат, никогаш тоа не го признаваат. Резултатите на пописот во Македонија, според мене, се релевантни, квалитетни, веродостојни и вистинити и можат да се користат за повеќе работи отколку само за утврдување на односот меѓу етничките групи, изјави Доленц.

Уште поважни, според него, се податоците за економските карактеристики, образовните карактеристики и другите работи за кои се поставуваат прашања во пописот.

– Според моето мислење, тие податоци се поважни отколку овие варијабли што се најексплоатирани овде, кои дури, мора да споменам, за попис на население, според меѓународните документи, воопшто не се задолжителни, рече Доленц.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер