Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
2Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
КошаркаДокузовски нов тренер на МКК КумановоНајтрофејниот македонски кошаркарски тренер Марин Докузовски е новиот тренер на Младински Кошаркарски Клуб Куманово кој се натпреварува во Втората кошаркарска лига.- Клубот постои од 2018 година, а во состав на клубот има младински кошаркарски школи од 12, 14, 16 и 18 години кои работат на развој и создавање на нови локални кошаркарски таленти. Согласно амбициите на управата на клубот за развој на кошарката во Куманово и враќање на победничкиот дух и традиција на кумановската кошарка, Марин Докузовски ќе го предводи тимот во наредните 4 години, информираат од МКК Куманово. Младински кошаркарски клуб Куманово е формиран во 2018 година и се занимава со обука на деца и млади спортисти од Куманово за натпревари, унапредување и промовирање на кошарката во градот и подигнување на јавната свест за значењето на спортот и здравиот живот, а во своите редови има 230 кошаркари. /MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканец ќе биде јавно погубен пред стрелачки вод, ќе има пренос на ТВ, одобрил Трамп Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави за Би-Би-Си дека погубувањето на Нидал Хасан, кој уби 13 невооружени американски војници во Форт Худ во 2009 година, ќе биде емитувано во живо. Се верува дека тоа е првото јавно погубување во САД по речиси еден век. „Ќе се погрижиме луѓето да можат да го гледаат и погубувањето да биде јавно. Луѓето треба да разберат дека овие дела имаат сериозни последици“, рече Хегсет. Но, одлуката не наиде на одобрување од некои во јавноста. „Одлуката за емитување на погубувањето во живо е преседан во модерната ера и е во правна територија која сè уште не е доволно разјаснета“, рече Џон Милс, адвокат кој ги застапува затворениците осудени на смрт. Пентагон објави претходно оваа недела дека Хасан ќе биде погубен, што е прво погубување на член на американската војска по повеќе од 60 години. Хегсет во интервју за конзервативниот „Вистински глас на Америка“ рече дека Хасан ќе биде погубен со стрелачки вод, извршен од војници. На прашањето дали Хасан имал некои последни барања или се обидел да контактира со претседателот Доналд Трамп, Хегсет даде ладен одговор. „Не ми е гајле. Ќе се видиме на 3 декември“, рече тој. Портпаролот на Пентагон изјави дека Трамп ја одобрил препораката на министерот за одбрана. Би-Би-Си побара коментар од Белата куќа за тоа дали претседателот поддржува пренос во живо на јавна егзекуција. Trump approves firing squad for Fort Hood killer Nidal Hasan's execution after Pete Hegseth's recommendation https://t.co/XzSy7Bguc4 https://t.co/0V7B3DIwqI — New York Post (@nypost) October 6, 2026 Иако минатата година беа регистрирани повеќе од 2.700 егзекуции во 17 земји, само две земји извршија јавни егзекуции. Според Амнести Интернешнл, Иран регистрирал 11 јавни егзекуции во 2025 година, а Авганистан уште шест. Егзекуцијата на Нидал Хасан е закажана за 3 декември во Форт Худ во Тексас, објави во вторник секретарот на американската армија. Тоа ќе биде првата егзекуција со стрелачки вод во американската војска од крајот на Втората светска војна.Тагови: стрелачки вод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАпелација ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања ЃорчевскаАпелацискиот суд ги потврди доживотните казни затвор За Љупчо Палевски Палчо, Велобор Манев, Боре Видевски и на Влатко Кешишев, но ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.Според судиите од Апелација Основниот кривичниот суд скопје не ги ценел доволно доказите на јавното обвинителство против Ѓорчевски „Нашата препорака е да се изврши преоценка на доказите, со конкретни укажувања, особено на исказите на обвинетите дадени во јавното обвинителство, исказот на мајката на Вања Ѓорчевска и пораките во вибер-комуникацијата“, соопштија на брифинг вчера судиите од Апелација. Претходно, од кривичниот суд информираа дека по добивањето на пресудата веднаш ќе закажат ново судење за Александар Ѓорчевски. Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа убиени во ноември 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАнглиски медиуми: Ковачиќ заминува од Манчестер Сити Според фудбалскиот портал „Football Insider“, кој се повикува на сопствени извори следното лето по истекот на договорот, хрватскиот репрезенативец Матео Ковачиќ да го напушти Манчестер Сити.Извештаите укажуваат на тоа дека во моментов не се водат преговори за продолжување на договорот на 32-годишниот хрватски фудбалер од средниот ред. Ковачиќ остана во Сити во текот на летото иако му преостануваше помалку од една година од договорот и се поврзуваше со неколку други клубови. Тој сакаше да се докаже пред Енцо Мареска по разговорите со претставниците на клубот, но моментално се соочува со тешкотии да обезбеди редовна минутажа. „Football Insider“ пренесува дека, доколку не дојде до промена на ситуацијата, Ковачиќ ќе го напушти „Етихад“ кога ќе му истече договорот следниот јуни. На неговата иднина влијае и неизвесната ситуација во Манчестер Сити. Клубот поднесе жалба на одлуката со која беше прогласен за виновен за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата, а засега не се знае кога ќе биде донесена одлука по таа жалба. Исто така, не е јасно со какви казни би можел да се соочи клубот. Ковачиќ му се приклучи на Манчестер Сити од Челзи во 2023 година и оттогаш има одиграно 102 натпревари за клубот. Минатата сезона настапи само девет пати откако претрпе сериозна повреда на Ахиловата тетива. „Football Insider“ пренесува дека се очекува неколку големи клубови да покажат интерес за Ковачиќ пред следното лето, кога тој би можел да стане слободен играч. Во моментов, склучувањето нов договор со Сити не се смета за веројатно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter