Мицкоски за односите со Бугарија: Нема брзоплети чекори, потребни се доверба, гаранции и присуство на ЕУ
2Мицкоски за односите со Бугарија: Нема брзоплети чекори, потребни се доверба, гаранции и присуство на ЕУ
КултураДокументарни филмови од Грузија првпат на ФАДФ „Камера 300“-БитолаФестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“ го заврши жирирањето на пристигнатите филмови од 11 држави во Европа, а конечните резултати ќе бидат објавени кон крајот на идната недела. Од ФАДФ „Камера 300“ соопштуваат дека годинава првпат се натпреваруваат и автори на документарни филмови од Грузија. - Годинава жирирањето на филмовите се врши порано и е согласно пропозициите на светската асоцијација на непрофесионален филм УНИКА. Оваа година пристигнаа 43 филмови од 11 држави од Европа, а првпат имаме филмови и од Грузија. Јавноста треба да биде запозната дека годинава се навршуваат 70 години од формирањето на битолската Народна техника во која како едукатор бил и Милтон Манаки, и исто така се навршуваат 70 години од снимањето на првиот документарен филм под наслов „Првиот оџак под Пелистер“, изјави Стефан Хаџиантоновски, член на Советот на фестивалот. Според востановената традиција на ФАДФ „Камера 300“ ќе бидат доделени Гран при плакета „Милтон Манаки“, плакета за најдобра камера, идеја и монтажа, плакета за најдобра режија „Драги Савевски“, плакета за најдобра репортажа и други награди и признанија за кои ќе одлучува меѓународно жири предводено од Стефан Сидовски и членовите Недељко Деспотовиќ од Србија, Деметриос Павлидес од Србија, Венелин Грамадски од Бугарија и Мишо Нетков од Македонија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје„Алкалоид“ со донација од 2,2 милиони денари за нова опрема за Универзитетската клиника КозлеСо донација од 2,2 милиони денари, Алкалоид обезбедува нова опрема за Универзитетската болница Козле. По повод 90-години постоење, денеска се одржа хуманитарен пикник под закрила на фондацијата „Трајче Мукаетов“.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕУ предлага забрана за социјалните мрежи за деца под 13 години Одат ли социјалните мрежи под клуч за најмладите во земјите од Европската Унијата? Децата под 13 години би можеле да останат без пристап до TikTok, Instagram и другите платформи, а за оние под 15 години да важат строги ограничувања. Европа бара начин како да ги заштити младите од штетните содржини, без притоа да ја загрози нивната приватност. Но, идејата за ограничување на пристапот веќе отвора и дилеми. Дел од активистите за детски права и некои земји членки предупредуваат дека целосните забрани можат да го ограничат правото на младите на информирање и изразување. Затоа, предлогот не се однесува само на социјалните мрежи – опфатени се и платформите за видеоигри и чет-ботовите со вештачка интелигенција. Доколку ваквите правила станат дел од европската регулатива, Македонија не треба да остане настрана од процесот. Комуникологот Бојан Кордалов за Канал 5 смета дека земјава треба да ги следи европските законски решенија и практики за заштита на децата во дигиталниот простор. „Македонија треба да ја следи Европската легистатива и таа што предложува и прави,не би рекол дека зборуваме за ограничување туку за целосно редифинирање на праксата и можностите кои се нудат, тоа значи различни опции за деца од 11 години...понатаму за малолетници до 15 и до 18 години“-– Бојан Кордалов. Самата забрана тешко дека би била доволна за вистинска заштита на децата, оценува Кордалов Според него, ефект би имало доколку ограничувањата се спроведуваат со јасен план и правила – под кои услови младите ќе можат да ги користат социјалните мрежи, со вклученост на институциите и следење на решенијата што ги предвидува европското законодавство. ,,Јас секогаш кажувам забрана како забрана сама по себе не може да биде ефикасна но,план програма под кои услови, што ќе се користи и која ќе биде алтернативата е многу поразлично од самата забрана дека од утре нема да има социјални мрежи“, – Бојан Кордалов. Во Македонија, засега, нема најава за ваква забрана. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски неодамна изјави дека не се планира ограничување на пристапот до социјалните мрежи за децата, туку се разгледуваат други мерки за нивна заштита. Во декември лани,Австралија веќе стана првата земја во светот што забрани користење социјални мрежи за лица под 16 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаДимитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во владатаЗа Максим Димитриевски, движењето ЗНАМ е првиот партнер во Владата кој одлучил секој еден негов избран и именуван функционер да реферира пред граѓаните за сработеното во изминатите две години. Димитриевски ова го изјави на денешниот настан каде функционерите на ЗНАМ даваа отчет за сработеното. –Нема ниту една единствена афера, нулта корупција и тоа претставено директно преку нашите претставници во извршната власт. Што се однесува до нашите приоритети – тоа е подобрување на социоекономскиот живот на нашите граѓани, правда за сите и еднаквост за сите пред законите во Македонија, изјави Максим Димитриевски, претседател на движењето ЗНАМ. Во однос на поделбата за ресори за во иднина, Димитриевски рече дека целта е да се прави за граѓаните, а не лица од неговото движење да се борат за позиции. Сепак, и самиот најави дека Движењето ЗНАМ очекува да добие уште еден заменик-министер во Владата, но не откри во кој ресор. – Што се однесува до поделбата на ресорите и местата, тргнуваме исклучиво од строго на апсект на преземање на одговоорност. Очекуваме дополнително уште едно заменичко место, уште еден ресор којшто треба да се дефинира во текот на следниот месец,- изјави Максим Димитриевски, претседател на движењето ЗНАМ. Додека избраните и именуваните лица даваа отчет, СДСМ преку соопштение остро го критикуваше од ЗНАМ, карактеризирајќи го како проект на премиерот Мицкоски. -ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре. Луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите кои поверуваа во приказната за реформа во СДСМ. Влегоа во власта. Станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата. – СДСМ. Движењето ЗНАМ е дел од владината коалиција нешто повеќе од две години. На парламентарните избори во 2024 година освоија шест пратенички мандати, а денеска во владата имаат двајца свои министри. Тагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook