3Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
КултураДокументарецот „Чарлиевите ангели” вечерва премиерно на белградската ТВ Н1 Документарниот филм со наслов „Чарлиевите ангели” што вечерва премиерно ќе биде прикажан на белградската ТВ Н1, ја прикажува работата на сите обвинители и на целокупниот тим на Специјалното јавно обвинителство.- Документарниот филм претставува независно авторско дело чие снимање беше со дадена согласност на Специјалниот јавен обвинител. Во оваа прилика ѝ појаснуваме на јавноста дека филмот ја прикажува работата на сите обвинители во ова Јавно обвинителство, а меѓу кои се и јавните обвинители Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи, како и работата на целокупниот тим на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, се наведува во денешното соопштение од СЈО во врска со најавите за телевизиско прикажување на документарниот филм со наслов „Чарлиевите ангели”, објавени од повеќе медиуми. - Во време на длабока и долготрајна политичка криза, три жени, специјални обвинителки, се појавија како симбол на вистината, правдата и на храброста. Станаа симбол и на шарената револуција. Имаа обврска да исполнат голема задача во краток временски период, се вели во најавата за документарниот филм. Во филмот „Македонските Чарлиеви ангели“ британската новинарка Рејчел Рајт известува за борбата на трите обвинителки Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи за покревањето обвиненија против поранешни македонски функционери во последните шест недели, пред истекот на рокот што им е даден за да ја исполнат задачата, се наведува во ТВ најавата што се емитува за документарниот филм, како и на интернет порталот на овој водечки телевизиски канал во Србија и регионот. ТВ Н1 е првата регионална и локална 24 часовна платформа (ТВ, веб и мобилна) за емитување на вести и актуелности за над 20 милиони гледачи на Балканот и со продукциските центри во Белград, Сараево и Загреб, таа е ексклузивен информативен партнер на Си-Ен-Ен. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамВо Хрватска за стар автомобил може да добиете 0,181 евро по килограм,За стар автомобил во Хрватска можете да добиете 0,181 евро по килограм. Многу луѓе не го искористуваат ова.Во Хрватска, во текот на изминатите неколку години се собрани приближно 200.000 возила кои го завршиле својот животен век; сепак, стотици локации сè уште се користат за нивно несоодветно одлагање. Ова продолжува и покрај фактот што граѓаните можат да добијат паричен надомест доколку го предадат старото возило на овластен собирач. Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност, кој управува со системот за собирање и преработка на возила што го завршиле својот животен век, нема прецизни податоци за бројот на таквите локации или за вкупниот број на отфрлени автомобили. „Се проценува дека во Хрватска постојат стотици локации каде што ваквите возила несоодветно се одлагаат“, изјави за агенцијата „Хина“ Мирко Будиша, заменик-директор на Фондот. Граѓаните кои ќе предадат возило што е на крајот од својот животен век на овластен собирач, можат да добијат исплата од 0,181 евро за секој килограм од тежината на возилото, под услов да се исполнети пропишаните услови. Тоа значи дека сопственикот на автомобил со тежина од 1.300 килограми би можел да добие приближно 235 евра. За помалите автомобили – како што се „Renault Clio“, „Volkswagen Polo“, „Peugeot 208“, „Toyota Yaris“ или „Fiat 500“ – кои често тежат помалку од 1.200 килограми, исплатата би можела да изнесува околу 200 евра. Фондот им исплаќа на граѓаните приближно 4,5 милиони евра годишно за предавање на возила што се на крајот од својот животен век. Хрватскиот систем, на тој начин, се разликува од практиката во земји како Германија, Холандија и Шведска, каде што акцентот е ставен на бесплатно предавање на возилата на овластени собирачи. Минатата година се одјавени 2.475 возила поради дотраеност Според податоците на Центарот за возила на Хрватска, станиците за технички преглед во 2025 година одјавиле вкупно 2.475 возила поради нивната дотраеност. Сопствениците можат да извршат одјава на возилото од различни причини, меѓу кои е и фактот дека тоа го достигнало крајот на својот животен век. За одјава врз оваа основа е потребен посебен образец, издаден од овластен објект за третман на возила на крајот од нивниот животен век. Бројката од 2.475 одјавени возила не ги опфаќа сите автомобили што влегле во системот за собирање возила на крајот од нивниот животен век во текот на годината, туку само оние што биле одјавени бидејќи го достигнале крајот на својот животен век.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНародната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД БитолаНародната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола, откако вчера Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата на Алта банка на бизнисменот Давор Мацура .Народната банка привремено го презеде управувањето со Алта банка АД Битола, откако вчера Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата на Алта банка на бизнисменот Давор Мацура и која спред најавите утре ќе влезе во стечај. Според одлуката на НБРМ грааните во следниот период ќе можат неделно да подигаа само по 10 ооо денари .За само едноноќие од банката се подигнати околу 2 000 000 евра , соопшти на вонредна прес конференција гувернерот Трајко Славевски. Одлуката за преземање на банката ја донел Ивршниот одбор на НБРМ и мерката која е веќе на сила е од привремен карактер, за најмалку т месеции е вонредна заради зачувување на имото на банката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓетоСлавниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ – по овие фотографии, сигурно нема да ви биде важно ништо друго. Познатиот германски модел, Хајди Клум, приреди вистински спектакл на јубилејното, 25-то издание на нејзината прочуена забава за Ноќта на вештерките во Њујорк, појавувајќи се во костим од кој на многумина им застана здивот – стануваше збор за огромна, крвава, отсечена човечка рака! Иако со денови наназад наговестуваше детали за тоа каков би можел да биде костимот, никој не можеше да претпостави вакво нешто. Традиционалната забава се одржа во областа „Катедрал“ на Менхетен и собра бројни славни личности, кои вложија максимални напори да привлечат внимание со своите костими. Сепак, како и секоја година, најголем интерес предизвика домаќинката на вечерта, која уште еднаш ги помести границите на креативноста и трансформацијата. Годинава, Хајди се одлучи за прилично морничава идеја – човечка рака со црвени нокти, масивни златни прстени и верна реплика на нејзиниот венчален прстен. Целокупниот изглед беше заокружен со крвави детали, поради што моделот изгледаше како огромен, отсечен дел од човечко тело. Инаку, Хајди низ годинитеизгради репутација на жена која многу сериозно ги сфаќа костимите за Ноќта на вештерките, а нејзините трансформации редовно се главна тема на разговор по секоја забава.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook