ЗдравјеДокторка откри зошто дупнувањето на ушите на бебиња е ризично и опасно Д-р Танија Елиот, докторка со повеќегодишно искуство и мајка на две деца, привлекува внимание на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде има импресивни 96.000 следбеници.Нејзините објави често нудат корисни совети за здравје и родителство. Во неодамнешно вирално видео, д-р Елиот ја истакна темата за дупчењето уши кај бебиња и предупреди на потенцијалните долгорочни последици по здравјето доколку родителите се одлучат на овој чекор додека децата се многу мали. Таа нагласува дека дупчењето уши кај бебиња може да доведе до инфекции или дури и до развој на алергија на никел, што може да предизвика сериозни здравствени проблеми, особено кај бебиња чиј имунолошки систем е во развојна фаза. – Безбедно е да се пробушат ушите на детето кога е доволно големо да се грижи за пиерсингот, кога разбира колку е важна хигиената и не ги допира ушите, истакнува д-р Елиот. Таа препорачува овој зафат да го изведе медицински стручњак кој користи дезинфицирани алати и накит без никел, за да се намали ризикот од инфекции и алергиски реакции. Деца постари од седум години Д-р Елиот дополнително советува дека е безбедно да се пробушат ушите на децата кога се постари од седум години – правило кое таа самата го применува кај своите деца. Нејзиното внимание на деталите при изборот на козметичар и накит за своите деца дополнително го нагласува нејзиниот одговорен пристап кон родителството и здравјето на своето семејство. Вземањето предвид на сите фактори кои можат да влијаат на безбедноста и добросостојбата на децата јасно ја покажува посветеноста на д-р Елиот како мајка и лекар. Нејзините совети се особено корисни, бидејќи ја истакнуваат важноста од информирање на родителите за потенцијалните ризици и мерките на претпазливост при донесување одлуки кои се однесуваат на здравјето на нивните деца, пренесува Блиц Жена. View this post on Instagram A post shared by Tania Elliott (@drtaniaelliott) Тагови: бебиња деца докторка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Со проширување на капацитетите на „Јохан Хајнрих Песталоци“ Со проширување на капацитетите на „Јохан Хајнрих Песталоци“ сите основни училишта во Центар преминуваат на едносменска настава.На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар денеска, на продолжението на 9. седница, ја изгласа одлуката за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за доградба на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ ,последен чекор кон целосно воведување едносменска настава во општината. Со реализацијата на овој проект значително ќе се зголемат просторните капацитети на училиштето, ќе се обезбедат современи услови за учениците и наставниот кадар, а конечно ќе се создадат услови наставата да се одвива исклучиво во една смена. Со доградбата, Општина Центар го заокружува целосниот процес на трансформација на образованието, сите основни училишта на нејзина територија ќе работат единствено во прва смена. „Ова е значаен момент за образованието во Центар. Со доградбата на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ не само што ги зголемуваме капацитетите на училиштето, туку конечно го исполнуваме и едно од нашите најважни ветувања, сите основни училишта во Општина Центар да преминат на едносменска настава. Тоа значи подобри услови за учење, поквалитетна организација на наставата и повеќе квалитетно време за учениците и нивните семејства“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Општина Центар останува пример во инвестициите во образованието, создавајќи современи, функционални и безбедни училишта, во кои секое дете ќе има еднакви можности за квалитетно учење и целосен развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЦрн биланс во Германија: 99 лица се удавиле во јуниВо Германија, во јуни се удавиле 99 лица, а повеќето од жртвите биле мажи, според податоците на Германското друштво за спасување.Компанијата изјави дека оваа бројка е најлошиот јунски податок од 2003 година, пренесува „Дојче Веле“. Најголемиот број на давења е во езерата и реките, каде што струите и вировите претставуваат опасност. Најчестите причини за несреќи се ненадејното влегување во ладна вода, опасните скокови, обидот за пливање на долга дистанца и консумирањето алкохол пред пливање. Професорот по социјална психологија на Универзитетот во Констанц, Волфганг Гајсмаер, изјави дека мажите се посклони кон преземање ризици, наведувајќи дека клучниот фактор е нивната тенденција да ги преценуваат сопствените способности. Феликс Ребичек, кој ги истражува ризиците на Универзитетот за здравствени науки во Бранденбург, изјави дека мажите почесто се капат на диви и ненабљудувани места, што игра голема улога бидејќи е потешко да се реагира во случај на несреќа. Во Германија, мажите почесто страдаат во сите видови насилна смрт и несреќи, со исклучок на падовите, кои се почести кај постарите лица. Податоците за 2024 година покажуваат дека трипати повеќе мажи загинале во сообраќајни несреќи, речиси двојно повеќе во пожари, а имале и 25 отсто поголема веројатност да бидат жртви на убиство.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрад Скопје: 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решениеСо силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања.Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања, застој и секојдневни сообраќајни проблеми. Работите се одвиваат согласно предвидената динамика, а по нивното завршување, повеќе од 100.000 жители ќе добијат современ и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки патеки и велосипедска инфраструктура, што значително ќе ја подобри безбедноста и проточноста на сообраќајот. Во рамките на проектот, трасата е речиси целосно пробиена, додека паралелно се реализира изградба на нова атмосферска канализација, со што трајно ќе се надминат долгогодишните проблеми со одводнувањето во овој дел од градот. Реализацијата на овој капитален проект претставува конкретен чекор кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, намалување на сообраќајниот метеж и создавање модерна и функционална сообраќајна инфраструктура. По долгогодишно чекање, булеварот „Борис Трајковски“ конечно добива решение, со што се исполнува едно од најважните инфраструктурни очекувања на жителите од овој дел на Скопје. За булеварот Борис Трајковски се огласи и градоначалникот на Скопје,Орце ЃорЃиевски. [❤️] Зборот е збор. [👷] Со силна динамика продолжуваат работите на довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект што со децении беше симбол на лажни ветувања, застој и секојдневен сообраќаен хаос. [🫵] Денес, со задоволство можам да кажам дека работите напредуваат според предвидената динамика и дека наскоро повеќе од 100.000 жители ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, како и уредена пешачка и велосипедска патека. [🚛] Трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно се решаваат проблемите што со години го отежнуваа животот на граѓаните од овој дел на Скопје. [✔️] Свесен сум низ што поминуваше мојот народ сите овие години. Свесен сум за изгубеното време, нервозите и долгото чекање. [🫡] Но, деценискиот сообраќаен хаос конечно заминува во историјата. [♥️] Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност - нема невозможни работи! [♥️] Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје! Стои во објавата на Фејсбук на првиот чпвек на Градот Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook