СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес
1СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес
3Божиновска – Мацинка: Одличната соработка со Чешка продолжува со нови можности во енергетиката и минералните суровини
ЗдравјеДокторите во чудо – На жена и извадиле сина крвЊујоршките доктори не можеле да си поверуваат на очите , кога и извадиле крв на една 25 годишна жена на Роуд Ајленд.Жената се пожалила на општа слабост, замор и тешко дишење , а откако влегла во ординацијата , жената буквално посинела. Дури и ноктите и станале темно сини , а кожата и изгледала како премачкана со сина боја. Докторите Отис Ворен и Бенјамин Блеквуд не можеле да поверуваат на сопствените очи , а сега за овој случај пишуваат во медицинско списание. Сметаат дека бојата дошла од лекот што го користела за забоболка. „Таа рече дека користела големи количини на бензокаин минатата ноќ поради забоболка“, напишале лекарите. Д-р Ворен за Си-Ен-Ен изјави дека видел таков случај само еднаш во животот, и уште додека стажирал. Тој добро се сети на случајот, па веднаш знаеше што се случува со овој пациент. „Тоа е еден од ретките случаи за кои учите, но ретко го гледате“, рече тој. Дијагнозата е реакција предизвикана од одредени лекови кои спречуваат крвта да транспортира кислород во ткивата. Имено, крвта богата со кислород е со светло црвена боја. Сепак, иако пациентите со оваа дијагноза се чини дека имаат сина крв, тие сепак имаат висока концентрација на кислород во крвта, објаснува Др. Ворен. Во оваа ситуација, крвта се врзува со кислородот и не дозволува да се ослободи во ткивата каде што е потребно. Ова го прави пациентот да изгледа сино. Интересно е и тоа што лекот за оваа состојба е со сина боја. Метиленското сино го враќа исчезнатиот електрон во молекулот на хемоглобинот. Го враќа нивото на кислород и помага во ослободување на кислородот во ткивата. Во случај на овој пациент, реакцијата била активирана од бензокаин, активната состојка која се наоѓа во лек против забоболка. Иако ова е редок несакан ефект, постои предупредување , а ваквите лекови не треба да ги земаат деца под 2-годишна возраст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во ВелесНа 18.08.2026 и 19.08.2026, полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со двајца малолетници на возраст од 15 години.Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде две лица оштетуваат опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес, а по претходна пријава за оштетени спортски реквизити и тартан подлогата на ракометното игралиште во дворот на училиштето, СВР Велес презеде мерки и активности за пронаоѓање на сторителите. На 18.08.2026 и 19.08.2026, полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со двајца малолетници на возраст од 15 години, во присуство на нивните родители и претставник од Центарот за социјални работи Велес и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Тагови: СВР Велес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Македонија12 активни пожари низ Македонија, најкритично во мариовскоДенеска во земјава има 12 активни пожари, од кои 4 се активни, а 8 се веќе изгаснати.Најкритично се уште е во Мариoво. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска – Мацинка: Одличната соработка со Чешка продолжува со нови можности во енергетиката и минералните суровиниМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија.Енергетиката, инвестициите и примената на современи технологии беа во фокусот на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. На средбата беше потврдена одличната и континуирана соработка меѓу Македонија и Чешката Република, со заедничка оценка дека постои значителен простор за нејзино натамошно продлабочување, особено во енергетскиот сектор. Во разговорот посебно внимание беше посветено на можностите за чешки инвестиции и поголемо присуство на чешки компании во Македонија, како и на размената на експертиза и технологии во области од стратешко значење – енергетска инфраструктура, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и модернизација на енергетските системи. „Чешка е наш докажан и значаен партнер. Имаме одлична соработка и воспоставени канали на комуникација, а сега целта е да направиме уште еден чекор напред – од размена на искуства кон конкретни проекти, инвестиции и технолошки партнерства. Македонија има голем потенцијал, а чешкото знаење и искуство можат да бидат значаен придонес во нашата енергетска трансформација“, истакна министерката Божиновска. Божиновска го потенцираше и значењето на директното институционално поврзување и економската дипломатија за отворање нови можности за македонските компании и привлекување инвеститори од Чешка. Соработката меѓу двете земји во економијата и енергетиката веќе има конкретна основа. Во март 2025 година, министерката Божиновска беше копретседавач на Третиот состанок на Мешовитиот комитет за билатерална економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република, каде што беа разгледани можностите за унапредување на економската соработка, трговската размена и реализација на проекти од заемен интерес. Во рамки на оваа соработка, македонската страна во изминатиот период оствари и директни контакти со релевантни чешки енергетски институции и компании, со цел размена на искуства и создавање услови за конкретни партнерства. На средбата беше заклучено дека енергетската транзиција, сигурноста на снабдувањето и модернизацијата на инфраструктурата се области во кои двете земји имаат заеднички интерес, а постои потенцијал за продлабочување на соработката преку конкретни проекти и вклучување на бизнис-заедниците. Средбата Божиновска – Мацинка е потврда дека традиционално добрите политички односи меѓу Македонија и Чешка се претвораат во сè посилна економска и енергетска соработка, со фокус на инвестиции, технологии и конкретни резултати. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook