Докторите предупредуваат : Опасни бактерии , габи и фекалии се кријат во сетовите што речиси никогаш не се чистат - Канал 5

Докторите предупредуваат : Опасни бактерии , габи и фекалии се кријат во сетовите што речиси никогаш не се чистат

Резултатите од британската студија спроведена на универзитетот Астон во Бирмингем покажаа дека речиси никогаш не се чистат четкичките за нанесување маскара или сунѓерчињата за пудер.

Докторите предупредуваат : Опасни бактерии , габи и фекалии се кријат во сетовите што речиси никогаш не се чистат

За да покажат колку опасни бактерии се кријат во сетот за шминка , др. Амрин Башир и проф. Питер Ламберт анализирале примероци од 467 производи донирани од граѓаните. Имало 96 кармини, 92 моливи за очи, 93 маскари, 107 сјаеви за усни и 79 сунѓерчиња за пудра во прав. Се покажа дека 70 до 90 проценти од сите производи се загадени со бактерии, а најмногу сунѓерчињата за пудра во прав. Преовладуваат бактерии Staphylococcus aureus, E. coli и Citrobacter freundii, бактерија поврзана со кожни инфекции, труење со храна и уринарни инфекции. Резултатите беа објавени во Списанието за применета микробиологија.

Загадувањата од стафилококи бил најчеста. Цревни бактерии се откриени кај сите видови на производи, најмногу во сунѓерќињатаз а нанесување пудра во прав (26,58 проценти).

Сунѓерчињата биле најмногу заразени со габи, 56,96 проценти, веројатно затоа што луѓето ги навлажнуваа пред да стават шминка. Меѓу најзагадените со бактерии - особено цревни , биле сјаевите за усни, додека кармините покажале најниска стапка на загадување.

Според сведочењата на корисниците, само 6,4 проценти од овие производи некогаш биле исчистени, а никој не ја чистел четкичката за маскара.

Д-р Башир предупредува дека потрошувачите треба да бидат едуцирани во врска со миење и чистење на овие сетови и дека козметичката индустрија треба да инвестира повеќе во предупредувања за рокот на траење на производите и нивното одржување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интер бара ново засилување во Ангалија

Италијанскиот фудбалски шампион Интер продолжува со „шопинг“ во Англија. 

Интер бара ново засилување во Ангалија

Откако ова лето го ангажираше централниот дефанзивец Џон Стоунс (32) од Манчестер Сити како слободен играч и му плати 30 милиони евра на Тотенхем за десниот бек Џед Спенс (26), италијанскиот тим кој ја освои двојната круна тргнува по уште еден Англичанец.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер ќе понуди 30 милиони евра за играчот за врска на Ливерпул, Кертис Џонс (25) – сума за која се очекува да биде доволна, со оглед на тоа што договорот на Џонс истекува следното лето. Џонс има одиграно 228 натпревари за Ливерпул, при што постигнал 22 гола и забележал 25 асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средно училиште во Белгија воведува курс наречен „Размислување за безбедноста“

Идејата за курсот се појави пред околу три години, а училиштето беше поддржано во неговата имплементација од Министерството за одбрана, локалната полиција и покраинските власти.

Средно училиште во Белгија воведува курс наречен „Размислување за безбедноста“

Средното училиште Heilige-Drievuldigheids college (HDC)“ во Лувен воведува курс наречен „Размислување за безбедноста“, во кој припадниците на белгиската војска и локалната полиција ќе ги учат учениците за геополитика, заштита на податоци, радикализација и конфликт.

Курсот, кој ќе биде воведен во септември, ќе го посетуваат студенти од трета година по спортски науки еднаш неделно, а „HDC“ ќе биде првото училиште во Белгија што ќе воведе таква програма, објави „VRT“.

Директорот на училиштето, Франк Бајенс, рече дека целта е учениците подобро да ги разберат безбедносните прашања и да ја развијат способноста да формираат свои мислења, наместо да ги подготвуваат за кариера во војската.

Покрај геополитиката и радикализацијата, лекциите ќе опфаќаат превенција, право, етика и заштита на податоци.

Учениците нема да учат како да ракуваат со оружје или самоодбрана како дел од курсот.

Идејата за курсот се појави пред околу три години, а училиштето беше поддржано во неговата имплементација од Министерството за одбрана, локалната полиција и покраинските власти.

Директорот рече дека учениците генерално позитивно реагирале на новиот предмет, но дека некои родители изразиле загриженост за можното поттикнување на „воена реторика“. Бејнс одговори дека целта е токму спротивна - учениците да можат да формираат свои мислења преку познавање на безбедносните прашања.

Фото: ВИ

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Човек играл Лото, потоа од вести дознал дека станал милионер: „Не можам да поверувам!“

Еден жител на Осиек освои џекпот од 209.552,19 евра во дополнителната игра „Џокер“ на Хрватската лотарија.

Човек играл Лото, потоа од вести дознал дека станал милионер: „Не можам да поверувам!“

За големата добивка дознал сосема случајно – додека на вестите слушал дека премијата била извлечена токму во неговиот град.

Штом ја слушнал информацијата на телевизија, отишол на интернет-страницата на лотаријата за да го провери својот тикет. Набргу сфатил дека веста за новиот милионер всушност се однесува токму на него.

Moжеби ќе ве интересира: Добил милион на лото, но не се јавил за да ја земе наградата- ливчето може да го фрли во ѓубре

Не можев да поверувам дека јас сум човекот од вестите – признал среќниот добитник.

Радосната вест не ја чувал долго само за себе – веднаш ја споделил со семејството, па откривањето на големата добивка набргу се претворило во заедничко славење.

Овој жител на Осиек е редовен играч кој уплаќа речиси сите Лото игри – Лото 7, Лото 6, Еуроџекпот и „Сè или ништо“. Продажните места ги посетува два до три пати неделно, а при изборот на комбинации секогаш се придржува до истото правило – комбинира важни лични датуми со неколку случајно избрани броеви.

Иако ги уплаќа главните игри, најголемата добивка во животот му ја донела дополнителната игра „Џокер“, која редовно ја избира на тикетите.

Добитниот тикет бил уплатен на 22 јули, кога покрај Лото 7 ја уплатил и комбинацијата „Џокер“, која му донела повеќе од 200 илјади евра.

Иако станува збор за неговата најголема добивка досега, жителот на Осиек не планира да го менува начинот на живот ниту секојдневните навики. Ќе продолжи да игра како и досега, а на останатите играчи им порачува само едно: бидете упорни.

Извор: Večernji.hr

Слика: ChatGPT

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер