ЗдравјеДокторите предупредуваат : Коронавирусот мoжеби предизвикува дијабет кај здрави лица Најновото истражување од Англија и други земји сугерира дека возрасните со дијабетес тип 1 и 2 имаат зголемен ризик од смртни последици, доколку се заразат со ковид-19.Но, на почетокот на јуни, неколку експерти од целиот свет напишаа извештај во New England Journal of Medicine (NEJM) според кој коронавирусот не е ризичен само за лицата со дијабетес, туку дека тој всушност може да го предизвика и самиот дијабетес. Постојат два главни вида на дијабетес. Тип 1 е автоимуна болест, односно е предизвикана од сопствениот имунолошки систем на организмот кој ги напаѓа бета клетките на панкреасот кои произведуваат инсулин сè до апсолутен недостаток на инсулин. Не е познато точно што ја активира оваа автоимуна реакција, но некои експерти веруваат дека нејзиното активирање би можело да бидат вирусни инфекции. Дијабетесот тип 2 е далеку најчестата форма на дијабетес; се јавува во 90% од случаите. Повеќето пациенти произведуваат изменети или дури и нормални количини на инсулин, но поради нарушувања во клетките на црниот дроб и мускулите, постои отпорност на неговото дејство, пишува The Conversation. Кинеските научници објавија информации за случај на инаку здрав млад човек кој добил тешка форма на дијабетес откако бил заразен со коронавирус. Пред пандемијата на „ковид-19“, во Азија избувна епидемијата на САРС од 2002 до 2004 година, што исто така е предизвикана од вирус. И тогаш , почетокот на акутен дијабетес е забележан кај луѓе кои добиле пневмонија поради инфекција со САРС. Во повеќето од овие случаи, дијабетесот исчезнал по три години, но останал кај 10 проценти од пациентите. Имено, коронавирусните соеви кои предизвикуваат САРС и ковид-19 имаат сличен начин на влегување во клетките. Протеините на површината на вирусот се прикачуваат на ACE2 протеините кои се наоѓаат во многу типови на клетки, како што се клетките на белите дробови, бубрезите и панкреасот. Експертите сметаат дека ковид-19 го нарушува нормалното функционирање на клетките на панкреасот, што доведува до нарушувања во процесите што го одржуваат нивото на гликоза во крвта преку секреција на инсулин. Треба да се напомене дека ова се претпоставки на некои научници и дека сè уште не е потврдено со сигурност дека ковид-19 предизвикува дијабетес тип 1 или 2. Некои лекари дури посочуваат дека може да се работи за сосема нова форма на дијабетес. За разлика од мноштвото податоци што го поврзуваат дијабетесот со дебелината и високиот крвен притисок, до сега се направени многу малку студии за влијанието на ковид-19 врз развојот на дијабетес. Затоа, експертите кои пишуваат за НЕЈМ развиле регистар за евидентирање на сите случаи на дијабетес поврзани со пандемијата на коронавирус. Овој вид регистар е неопходен за да се соберат доволно податоци што може да укажат на поврзаност помеѓу ковид-19 и дијабетесот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието ќе ја одржи 125. седницаСобранието денеска ќе ја одржи 125. седница, на која треба да се разгледуваат повеќе законски предлози од областа на администрацијата, јавниот сектор, високото образование и науката.Пратениците по скратена постапка ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високи раководители, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор, Предлог-законот за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и Предлог-законот за изменување на Законот за шумите. На дневен ред е и Предлог-законот за изменување на Законот за надворешни работи во прво читање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
ЗдравјеСЗО: Нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чумаСветската здравствена организација вчера соопшти дека нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума. Во изолација се стотици колеги и блиски контакти, а има информација и дека друг работник можеби има пневмонија. Сето ова предизвикаа глобална загриженост за ретка форма на чума. Русија вели дека нема ризик од епидемија, додека СЗО се залага за транспарентност во врска со смртта во Лабораторијата за чумаруската агенција за справување со заразни болести, вели дека работничката починала од пневмонија од „непознато“ потекло и ги минимизира сомнежите дека нејзината смрт е поврзана со нејзината работа. СЗО соопшти дека ги видела извештаите на локалните медиуми за инцидент во лабораторијата во кој е вклучена скршена епрувета. Во моментов, „знам она што го знаете и вие од медиумите за кршењето и изложеноста на епруветата“, изјави во средата д-р Марија Ван Керхове, директорка на одделот за управување со епидемии и пандемии на СЗО. На 2 октомври, руската влада одржала состанок „бидејќи се сомневаше дека жител на Институтот Иркутск се заразил со опасна инфекција“, изјави во средата генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус. Според меѓународното право, Русија требаше да го пријави инцидентот во рок од 24 часа .Руската влада, исто така, соопшти дека околу 200 лица кои имале контакт со работникот ставиле во карантин или под внимателно следење , соопшти СЗО. Голем број болници во областа ги ограничија посетителите и спроведуваат сеопфатни здравствени проверки, вклучително и барање од луѓето да пополнат прашалници за „чума“ и други симптоми на заразни болести. СЗО соопшти дека ризикот за пошироката јавност „се чини дека е низок“ во овој момент, врз основа на ограничените информации што ги има.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија На маргините на меѓународната конференција посветена на Коридорот 8 денеска во Софија ќе се одржи билатерална средба меѓу министрите за надворешни на двете земји Муцунски и Петрова Чамова.Средбата дури вчера официјално беше потврдена од бугарското МНР, но без да прецизираат во каков формат ќе се одржи. Во пресрет на средбата премиерот Мицкоски порача дека само преку дијалог може да се дојде до решение, додека од опозициската сдсм се на став дека ништо контруктивно нема да произлезе од неа. Пред средбата со неговата бугарска колешка министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „геостратешки контекст на Коридорот 8“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter