АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
2АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
ЗдравјеДокторите откриле нова, смртоносна последица од коронавирусот Мајкл Реган, 49-годишен Американец кој се заразил со коронавирус кон крајот на март, конечно почна да се опоравува по неколку недели домашно лекување.Тој, како и многу други, имал висока температура и останувал без здив, но исто така имал и крвава кашлица. Реган, кој работи за биомедицинска компанија, го примал лекот против маларија хидроксихлороин, заедно со антибиотикот азитромицин (попознат како Сумамед) како дел од клиничкото испитување за ефикасноста на овие лекови против коронавирус. Но, Реган започнал да чувствува остра болка во градите на почетокот на минатата недела со враќање на високата температура. Тој отишол во болница, каде што лекарите му рекле дека има пневмонија поврзана со коронавирусот. И тогаш пулмологот му рекол дека има десетици мали згрутчувања на крвта во белите дробови. „Се чувствувам како да има отров во моето тело“, изјави Реган за Бизнис Инсајдер. „Немав поим дека згрутчување на крвта може да предизвика такво оштетување“, додаде тој. Тој морал да остане во болницата, каде му бил даден активирач на плазминогено ткиво, протеин кој се користи за лекување на мозочни и срцев удари затоа што ги разложува згрутчувањата на крвта. Следниот ден бил испратен дома со лек против згрутчување на крвта. Реган имал среќа на крајот, но неговиот случај е само последниот потсетник за тоа колку сè уште има непознати за Ковид-19 и неговиот ефект врз телото. Респираторната инфекција е, се разбира, главен симптом на инфекцијата кај овој коронавирус, како и тешка пневмонија што е главната причина за смрт кај сериозно болните пациенти. Но, другите компликации, како што се проблеми со срцето и бубрезите, сè повеќе почнаа да го привлекуваат вниманието на лекарите и научниците. И, најзагрижувачко е појавата на згрутчување на крвта во целото тело на некои пациенти: во белите дробови, бубрезите, срцето и вените по целото тело. Се разбира, овие згрутчувања потенцијално предизвикуваат срцеви и мозочни удари и белодробна емболија кои можат да доведат до смрт на пациентот. Според обдукциите од „ Northwell Health “, приватен ланец на американски болници, дури 40% од пациентите со коронавирус кои починале откако биле пуштени од болниците, се чини дека имале срцев удар, пулмонална емболија или слична компликација поради згрутчување. И холандските истражувачи исто така откриле во една неодамнешна студија дека една третина од 184 пациенти кои завршиле на интензивна нега поради коронавирус имаат компликација поврзана со згрутчување на крвта, без разлика дали е во нозете, белите дробови, срцето или други делови од телото. Се разбира, продолжениот престој во болница, особено во единиците за интензивна нега, каде што честопати се неподвижни на респиратор, може да резултира со згрутчување на крвта. Но, за споредба, пациентите на интензивна нега обично добиваат згрутчување во 5-10% од случаите, што е далеку помалку од процентот кај пациенти со коронавирус, вели др. Алекс Спиропулос, специјалист за хематологија во здравствената болница Нортвел во Њујорк. "Бројот на проблеми со згрутчување што ги гледам во единицата за интензивна нега, сите поврзани со Ковид-19, е неверојатен. Се чини дека проблемите со згрутчување на крвта се широко распространети во тешките случаи на Ковид", изјави Др. Џефри Лоренс, хематолог во Медицинската установа Вајл Корнер во Њујорк, за Си-Ен-Ен. Освен во белите дробови, др. Лоренс и колегите откриле згрутчување и под кожата при обдукција на двајца починати пациенти, како и кај тројца живи пациенти. Иако ова се чини како прилично бизарна последица на инфекцијата, коронавирусот не е првиот што предизвикува вакви компликации. Лекарите забележале и зголемен ризик од формирање на тромб кај оние заразени со вирусот на грип Х1Н1, познат како свински грип што избувна ширум светот во 2009 година и САРС во 2003 година. Но, со новиот коронавирус, згрутчување на крвта се јавува почесто во белите дробови, додава др. Спиропулос. „Ова не е вообичаено и затоа се прашуваме дали згрутчувањето на крвта е една од причините поради која што умираат овие луѓе“, вели д-р. Тод Рајс од болницата во медицинскиот центар „Вандербилт“ во Нешвил за Си-Ен-Ен. „Ова е едно од прашањата поврзани со Ковид за кои сега многу се зборува“, забележува д-р. Мишел Гонг од болницата за медицинскиот центар Монтефиори во Њујорк за Си-Ен-Ен. Во оваа болница дури и биле воведени лекови со ниска доза против згрутчување на крвта за сите пациенти со Ковид-19. Сепак, ова отвора нова дилема за лекарите: ниската доза на овие лекови не е ризична, но може да не биде доволна за да се спречи згрутчувањето. Повисоките дози на лекот, пак, можат да предизвикаат внатрешно крварење, што само по себе може да биде смртоносно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионкаАмериканскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е кинески шпион.Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг. Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“. Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца. Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook