Докторите алармираат: Во Македонија прекумерно се користат антибиотици - Канал 5

Докторите алармираат: Во Македонија прекумерно се користат антибиотици

Микроорганизмите се почесто стануваат резистентни на антибиотиците. 

Докторите алармираат: Во Македонија прекумерно се користат антибиотици

60 проценти од инфективните болести кај луѓето се од животинско потекло, вели професорот од ветерниранит факулет Ромел Велев. Тој објаснува дека примената и употребата на антибиотиците треба да биде само кога е потребно.

Според професорот Велев ваква резистенција веќе има и кај лекувањето кај домашните животни и она што е многу важно да се направи пауза од моментот кога животното било лекувано со антибиотици до моментот кога треба да е користи негов продукт.

Професорот вели дека многу е важно да се разбере дека од некои болести предизвикани од вируси човекот може да се заштити само со вакцинација и хигиена, бидејќи вирусите кои не ги гледаме се искоренти токму заради имунизацијата. Според истражувањата на СЗО годишно 700 илјади луѓе умираат поради резистенција на антибиотици.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ги отвори законите за високо образование: Построги критериуми за професорите и нов модел на финансирање

Во Собранието започна комисиската расправа за измените на Законот за високото образование, кои меѓудругото предвидуваат повисоки стандарди во високообразовниот систем.

Собранието ги отвори законите за високо образование: Построги критериуми за професорите и нов модел на финансирање

Во Собранието започна комисиската расправа за измените на Законот за високото образование, кои меѓудругото предвидуваат повисоки стандарди во високообразовниот систем, нов модел на финансирање на универзитетите и построги критериуми за избор на наставниот кадар. Заменик министерот за образование Дритон Сулејмани го образложи предлог решението кое треба да обезбеди и нов систем за обезбедување квалитет, со построги правила за акредитација и периодична евалуација на високообразовните установи, како и поголема отчетност во трошењето на јавните средства.

Уште на стартот, предлог-законот наиде на критики од опозицијата, која тврди дека наместо суштински реформи, предложените решенија отвораат нови проблеми и бара нивно повлекување или значителни измени преку амандманска расправа.

Предлог-законот веќе предизвика реакции во академската јавност. Дел од професорите ги поддржуваат повисоките стандарди, но предупредуваат дека критериумите за избор во звања би можеле да бидат тешко остварливи за одредени научни области. Забелешки има и за новиот модел на финансирање односно дека би можел да ги стави во понеповолна положба помалите факултети.

По расправата во матичната комисија за образование, наука и спорт, за пакетот реформски закони од високото образование ќе биде организирана јавна расправа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник, 21 јули 2026 година, во 15:13 часот во Португалија.

Силен земјотрес ја погоди Португалија

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Азорските Острови.

Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 12 километри под површината на земјата.

Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува растот на авиосообраќајот во земјава

Аеродромите во Скопје и Охрид бележат зголемен интензитет на авиосообраќајот, покажуваат најновите податоци за првата половина од годинава.

Продолжува растот на авиосообраќајот во земјава

Од ТАВ Македонија велат дека двата аеродроми се меѓу 15-те најуспешни во мрежата со која управува компанијата, а воедно го бележат и најсилниот раст на патничкиот сообраќај во регионот. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше дека во првите шест месеци низ двата аеродроми поминале речиси два милиони патници, што е за близу 30 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Во меѓувреме, авиокомпанија „Виз ер“ ја прошири својата база во Скопје со седми авион, а според Николоски, тоа дополнително ја зацврстува позицијата на скопскиот аеродром како една од најголемите бази на компанијата во регионот.

-Во првите шест месеци на двата аеродроми Охрид и Скопје има 2 милиона патници. Се надевам таа бројка да продолжи и во вториот дел од годината и ако пред неколку години се боревме за 2 милиона патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо, а тоа се 4 милиони патници годишно е нешто што реално е остварливо,- Александар Николоски – министер за транспорт и врски.

Дополнителниот авион меѓудругото овозможи отворање на две нови авиолинии – до Палермо и Алгеро, со што се зголемуваат бројот на дестинации и фреквенцијата на летови. Од ТАВ Македонија велат дека очекуваат тоа да придонесе за развој на туризмот, економијата и отворање нови работни места, додека од „Визер“ оценуваат дека проширувањето на базата со 7-ми авион е потврда за довербата во македонскиот пазар и ќе овозможи подобра поврзаност со европските дестинации.

-Повеќе патници значат повеќе гости во хотелите, повеќе посетители во рестораните и поголеми приходи за локалните компании. Подобрите и подиректни воздушни врски им овозможуваат на компаниите полесно да воспоставуваат деловни контакти, да пристапуваат до нови пазари и да привлекуваат инвестиции,- Неџат Курт - Генерален директор на ТАВ Македонија.

Во првите шест месеци годинава преку аеродромите во Скопје и Охрид се реализирани повеќе од 13 илјади летови. Новите линии кон Палермо и Алгеро стартуваа минатата недела, а Николоски најави дека се водат разговори и за воспоставување две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице до Охрид.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер