Докторите алармираат- бројот на пациенти со рак на кожа се зголемува

Бројот на пациенти со рак на кожа е во пораст, а старосната граница се пониска, алармираат докторите. 

Една од причините за ваквата болест е јакото сонце, па по најавите на хидрометеоролозите дека не очекуваат долги и жестоки топлотни бранови, д-р Игор Пеев, хирург на универзитетската клиника, советува граѓаните да користат соодветна заштита, бидејќи превенцијата и навремената реакција се клучни за спречување на здравствените компликации..

-Ракот на кожата е исто во постојан пораст, посебно агресивниот тип, малигниот меланом, бројките одат на горе, возрасната категорија оди надолу и секоја недела имаме по еден до двајца со малигни меланоми што оперираме на клиниката за пластична хирургија. Превентивни мерки, заштита од сонце на прво место, заштита од УВ зраци, носење пред се на физичка протективна облека, па потоа креми за сончање, еден од начините да тоа го превенираме, вели – Д-р Игор Пеев – Хирург на универзитетската клиника за пластична хирургија.

Сепак, културата на редовни прегледи во земјава се уште е на ниско ниво, па на лекар се оди кога пациентот ќе добие симптоми... Бемките по телото се еден од честите фактори за рак на кожа, а истите можат стручно да се следат преку мапирање и да се забележи секоја промена кај нив и навремено да се постапи, вели дерматологот д-р Андреј Петров...

-Секоја промена што ќе ја забележат на некоја бемка, што почнала да расте, почнала да ја менува бојата, почнала да крвари, почнала да се однесува невообичаено или чудно да не се „пишманат“ воопшто, да дојдат на доктор да го тоа провериме. Тие треба да бидат најмалку еднаш годишно, според протоколот и по можност да бидат дермаскопски и по можност со дигитална дермаскопија, што значи со можност за мапирање и потоа тие да бидат споредувани, компарирани во претходната состојба, истакна Проф. Д-р Андреј Петров - Дерматолог.

Летото и одморите не поминуваат ниту без џагорот на малите деца по плажите, за кои докторите посочија дека постојано мора да бидат намачкани со фактор 50, наменет за деца и за посензитивна кожа, за да бидат заштитени од канцерогените УВ зраци, како што се наведуваат и од страна на СЗО...

Ковачевски: Ќе поднесеме финансиски извештаи за чинењето на кампањата

Јас за мене знам кој ја работи мојата политичка кампања, изјави денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, потенцирајќи дека за потрошените пари ќе бидат поднесени финансиски извештаи од партијата онака како што налагаат законите. 

Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со тоа колку ќе чини кампањата на претседателскиот кандидат и за тоа кои стратези се ангажирани, Ковачевски посочува дека дека опозицијата бега од точните прашања.

-Сите одговори нашата политичка партија ги дава во делот на институционалната поставеност на државата. Опозицијата нема што да прави бидејќи бегаат од точните прашања. Сега прашуваат кој со кого се среќавал. Јас за мене знам со кого се среќавам и кој мене ми работи политичка кампања. А тоа кој ќе ги подготвува сите материјали што се однесуваат на изборите што ќе ги гледаме на билбордите на телевизија тоа ќе биде одлука на штабот и секако дека тоа ќе биде поднесено во финансиските извештаи на партијата согласно закон за политички партии и за избори, рече Ковачевски.

Во медиумите пишува, вели тој, за тоа кои стратези се во Македонија.

-Тие стратези се познати во светот на маркетингот. Секој може да се среќава со секого, дали со некого ќе работи или нема да работи, тоа е избор на тимовите кои учествуваат во подготвувањето на кампањите. Меѓутоа сите оние кои што се бават со политика декада-две и три знаат дека во светот, во регионот и во нашата држава постојат политички стратези и агенции кои се бават со политички маркетинг кои се ангажирани за различни изборни циклуси, така што сметам дека не се работи за никаква посебна тема. Тоа е најнормална тема, која е дел од секое предизборие, рече Ковачевски.

Кремљ: Сопственикот на Телеграм треба да биде повнимателен

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за блокирање на апликацијата, но оти Дуров треба да биде повнимателен.

Кремљ го предупреди сопственикот на Телеграм, Павел Дуров, да биде повнимателен откако се појавија информации дека апликацијата била користена за да се помогне во регрутирањето на вооружените лица, кои го извршија нападот на концертната сала во близина на Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема планови за блокирање на апликацијата, но оти Дуров треба да биде повнимателен.

- Ќе очекуваме зголемено внимание од Павел Дуров, бидејќи овој уникатен и феноменален ресурс од технолошка гледна точка, кој всушност растеше пред нашите очи, сè повеќе станува алатка во рацете на терористите, користена за терористички цели, посочи Песков.

Руската државната новинска агенција РИА Новости објави дека напаѓачите биле регрутирани преку радикален канал на Телеграм, кој припаѓа на групата Исламска држава - Хорасан.

Во текот на изминатите 2 дена, рускиот регулатор за комуникации „Роскомнадзор“ го ограничи пристапот до 11 канали на Телеграм поради „содржини поврзани со тероризам“.

Го забрзавме откривањето и верификацијата на каналите на Телеграм. Поконкретно, регистрираме создавање на канали, кои наводно известуваат за нови терористички напади. Тие се создадени со цел да се заплаши населението. Во изминатите два дена ограничен е пристап до 11 такви канали, се наведува во соопштението на „Роскомнадзор“.

Телеграм, основан од Дуров, е со седиште во Дубаи. Дуров (39) ја напушти Русија во 2014 година и живее во Дубаи, има двојно државјанство на Франција и Обединетите Арапски Емирати. Форбс го проценува богатството на Дуров на 15,5 милијарди долари.

Аустриан ерлајнс го започна својот штрајк кој ќе трае 36 часа

Триесет и шестчасовниот штрајк на вработените во Аустриан Ерлајнс (Austrian Airlines) почна денеска и веќе има откажани летови, јавија австриските медиуми. 

Според одлуката на синдикатот „Вида“, денеска и утре ќе бидат откажани вкупно 400 летови. Најмногу беа погодени аеродромите во Виена, Инсбрук, Грац и Клагенфурт, како и околу 50 илјади патници, според податоците на авиокомпанијата.

Аустриан Ерлајнс проценува 24 милиони евра загуби предизвикани од откажување летови во текот на тековните колективни преговори за договарање. Спорот за колективниот договор за труд трае веќе со недели, а досега 17 рунди преговори се без резултат. Синдикатот најави нова работна средба за 4 април.

Стотици летови се откажани од почетокот на преговорите. Откажани се и летовите од Виена до Скопје и обратно. На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

притисни ентер