СветДоктори предозирале бебе со парацетамол во болница во Шкотска, родителите се молат за чудоОсумнеделно бебе се бори за живот откако лекарите во болницата го предозирале со лекови.Ахад Ул Хасан (26) и Хира Мансур (27) се нашле во тешка ситуација откако нивниот син Зохан бил предозиран со парацетамол во Кралската детска болница во Глазгов, Шкотска. Болницата му се извинила на семејството на бебето откако медицинскиот персонал му дал на нивниот син 200 мг парацетамол наместо потребните 20 мг. Инцидентот се случил откако Зохан била примен на операција на кила минатата недела. Новороденчето е родено со царски рез на 24 јануари, но почнало да покажува знаци на хернија на само шест недели. Лекарите првпат го оперирале на почетокот на март. Меѓутоа, само една недела подоцна, стомакот на Зохан почнал да отекува и тој бил однесен во болницата Кросхаус во Килмарнок, од каде лекарите го префрлиле во Кралската детска болница во Глазгов. Лекарите откриле уште една кила на десната страна и закажале операција за вторник, 18 март. Таткото на момчето се присетил на моментот кога бил повикан „веднаш да се откаже од работа“ откако на неговиот осумнеделен син му дале предозирање со парацетамол, пишува Мирор. „Добив повик од болница во 12:30 попладне и ми рекоа „веднаш да заминам од работа“, бидејќи го предозираа син ми со парацетамол. Кога стигнав таму, пулсот на Зохан беше екстремно висок, преку 200 отчукувања во минута. Се обидуваше да заплаче, но не можеше да испушти звук.“ Младото семејство потоа било преместено во болничка соба каде што ја следеле состојбата на Зохан, но тој набрзо почнал да има напади, пренесува Glasgow Live. Откако лекарите рекоа дека е „нормално новороденчињата да се грчат“, таткото решил да го сними следниот напад на Зохан, кој се случи на 19-ти март. Кога медицинските лица ја виделе снимката веднаш реагирале. Зохан бил префрлен на одделот за неонатална интензивна нега (NICU), каде што бил приклучен на респиратор и оттогаш е во несвест. По предозирањето сега има оток на мозокот, а лекарите не можат да го предвидат понатамошниот исход – постои можност да претрпел неповратно оштетување на мозокот и проблеми со видот. Ахад и неговата сопруга Хира „се молат за чудо“ и бараат поддршка од заедницата додека нивниот син „се бори за својот живот“. Тие моментално престојуваат во блиското сместување обезбедено од NHS Greater Glasgow и Clyde и не се одвоени од Зохан ниту за момент. Покрената е внатрешна истрага, а болницата на семејството му ја дава сета можна „поддршка“ во овие тешки моменти. „Би сакале да изразиме искрено извинување до семејството на малиот Зохан Ул Хасан. Продолжуваме да му пружаме најдобра можна грижа на Зохан и продолжуваме да го поддржуваме неговото семејство во овој тежок момент. Почнавме целосна истрага за овој инцидент и неговото семејство ќе биде целосно информирано и вклучено во истражниот процес како што ќе напредува“, соопшти болницата.Тагови: бебе болница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежностиЈавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија. На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки? Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура. Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно и релативно топлоВремето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 12. ноември 2026 година Дневен хороскоп за четврток 12. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е ден во кој не само што ќе бидете забавбни , туку и со љубезниот став и однесувањето ќе ги придобиете сите околу себе. Кариера Ќе успеете да се договорите за се , зашто нема да бидете тврдоглави , а другата страна ќе има поопуштен став. Здравје и совет Прошетајте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидете да ги игнорирате грижите и да се сконцентрирате на она позитивбнотио што постои во вашата врска. Кариера Не измислувајте чудни изговори за да избегнете одговорност. ова за вас е голема шанса. Прифатете го предизвикот. Здравје и совет Однесувајте се позрело. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Со помош на добрите пријатели , ќе најдете пат како повторно да го освоите срцето на саканата личност. Кариера Ќе чувствувате дека на работа ви е се понапорно , зашто барањата се поголеми , а тука е и притисокот што се засилува. Здравје и совет Правете редовни паузи. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се замислувате во некоја друга улога , поинаква од онаа во која живеете. Најмногу би сакале да побегнете , но немате каде. Кариера Некои денеска ќе земат мала пауза ,з а да ги соберат мислите и да се доведат вом ред. Оние кои работат , нека се држат до редовните должности. Здравје и совет Не одете преку своите граници . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во вториот дел од денот ќе бидете подготвени на различни лудости со кои ќе ја збунувате саканата личност. Кариера Не инсистирајте да биде нешто по ваше , зашто нема да ве разберат. Одработете го она што морате и бидете трпеливи. Здравје и совет Мал душевен немир. Овен 21.3-20.4. Љубов Задоволни сте од својот сегашен однос со личноста која ви се допаѓа. Наоѓате многу заеднички интереси. Кариера Малку работи сега може да ве запрат . Ги совладавте сите лекции и можете истите да им ги држите на другите. Здравје и совет Бидете она што сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Мали нестабилности во односите со саканата личност ќе бидат поврзани со доминацијата. набргу ќе се договорите. Кариера Ќе изгледа како да сте многу позрели од своите шефови. Ако треба , тактично посоветувајте ги како понатаму. Здравје и совет Пијте повеќе вода. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе се чувствувате доколку не прифаќате , ниту пак барате некаква обврска во личнит еодноси. Кариера Денеска веројатно ќе ви опадне концентрацијата за посериозни задачи. Оние кои имаат поопуштена работа, ќе поминат добро. Другите нека внимаваат. Здравје и совет Наспијте се. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска семејството ќе бара од вас дополнителен ангажман. Партнерот ќе има разбирање. Кариера Најдобри ќе се искажете во кореспонденција и соработка со другите. Оние јкои учат , ќе имаат успеси. Здравје и совет Само немојте да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Со задоволство ќе споделувате се со другите , па така и со саканата личност. Денеска нема да се одвојувате. Кариера Пофалбите ви се пријатни и ве поттикнуваат на натаможни предизвици. Истовремено, други бараат помош од вас. Здравје и совет Помогнете со вашето знаење. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се однесувате таинствено и на тој начинќе ја привлечете другата страна. Сепак станува за вистинска измама. Само глумите мистерија. Кариера Влегувате во нова деловна фаза кога се ќе поминуваа поопуштено. Подготвени сте за отворена соработка со сите. Здравје и совет Уживајте во нежните соништа . Вага 24.9.-23.10 Љубов Мнгумина и денеска добро ќе се забавуваат , а вљубените навистина ќе уживаат. Ќе бидете задоволни. Кариера Она што го работите на вас ви изгледа лесно и едноставно , но тоа не го мислат и другите околу вас. Помогнете им. Здравје и совет Нема потреба за брзање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter