Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството
1Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството
3Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
ЖивотДоктор Оз не можел да и постави дијагноза на сопствената мајка ,,Симптомите беа тука , ама не ги препознав” , вели познатиот доктор Оз , кој има свое шоу и важи за доктор на познатите и славни личности во САД.Докторот Мехмет Оз , популарен од ТВ емисиите , објави дека неговата мајка Суна боледува од Алцхајмерова болест. Тој на Инстаграм напиша дека сите знци биле пред него , но дека не можел да ја препознае болеста на мајка му. ,,Да се слушне официјалната дијагноза беше погубно. Но подеднакво болно за мене беше и сознанието дека знаците беа таму цело време, но јас не ги видов “, започна Оз. "Кога стануваше се повеќе тврдоглава, јас ја обвинував за нејзините години. Сестра ми забележа дека за прв пат по 60 години, таа почнала да се шминка поинаку. Кога почна да ги разделува своите предмети со луѓе кои едвај ги знаеше, мислев дека на тој начин се справува со смртта на татко ми. Но, овие мали промени всушност беа знаци на Алцхајмерова болест “, напиша тој. "Болно беше да се признае дека здравјето ја изневери мајка ми, но признавањето дека ни помогнав што поскоро да побараме помош беше уште потешко. Имате моќ да кажете ако забележите некои од овие симптоми кај вашите најблиски. Можеби не е секогаш пријатно, но тоа ќе и помогне на личноста што ја сакате Алцхајмерова болеста да се развива побавно “, заклучил Оз, додавајќи врска до неговата официјална страница, каде наведува 6 симптоми на Алцхајмерова болест, кои никогаш не треба да се игнорираат. View this post on Instagram I recently found out that my mom, Suna, has Alzheimer’s disease. Hearing the official diagnosis was devastating. But just as painful for me was the realization that the signs were there all along — I had just been overlooking them. . When my mom’s stubbornness increased, I simply blamed it on her getting older. My sister noticed she started doing her makeup differently for the first time in 60 years, but kept it to herself. When my mom started giving some of her belongings away to people she barely knew, I thought she was just trying to lighten her load following my father’s passing. But these seemingly subtle changes were in fact the first indicators of Alzheimer’s. . It was painful to admit that my mother’s health was declining, but doing so allowed us to get her help as soon as possible. You have the power to speak up and say something if you suspect any of the above symptoms in a loved one. Doing so may be uncomfortable, but it just might help slow down the Alzheimer’s progression in someone you love. Visit the link in my bio to read my mom’s story, and to learn the 6 early symptoms you should never ignore. . . . #endalz #mom #❤❤ #love #droz A post shared by Dr. Oz (@dr_oz) on Sep 9, 2019 at 5:03am PDT 6-те симптоми се: 1. Проблеми во планирањето 2. Тешкотии во извршувањето на задачите 3. Меша време и место („Мајка ми ме прашуваше кога ќе дојдам на ручек без да сфаќа дека ќе треба 11-часовен лет од САД за Турција“, напиша Оз.) 4. Зборовите на таа личност почнуваат да претставуваат проблем 5. Има проблеми со разбирањето на визуелното („Мајка ми инсистираше на тоа да го пренесуваме каучот на место каде што очигледно не би одговарало“, се сеќава Оз.) 6. Ги губи работите и не може да се сети на дејствата или чекорите што претходно ги направилаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФудбалска Англија „трепери“: Манчестер Сити ќе биде исфрлен во четвртата лига?Светскиот фудбалски гигант, повеќекратниот шампион на Англија Манчестер Сити би можел да се соочи со една од најтешките казни во историјата на англискиот фудбал.Светскиот фудбалски гигант, повеќекратниот шампион на Англија Манчестер Сити би можел да се соочи со една од најтешките казни во историјата на англискиот фудбал, а според информациите што ги пренесува „Дејли мејл“, последиците би можеле да бидат толку сериозни што клубот би можел да го загуби своето место во Премиер лигата уште оваа сезона. Оливер Холт, уредник на фудбалската рубрика во весникот, тврди дека на „Граѓаните“ им се заканува одземање на голем број бодови. Ваквото сценарио практично би значело испаѓање од елитниот ранг, а дополнителна казна би можела да ги очекува и во следната сезона. Според истите наводи, Сити нема автоматски да биде префрлен во Лига 2, односно во четвртото ниво на англискиот фудбал. Сепак, постои можност клубот да биде санкциониран во натпреварувањата што се под покровителство на Англиската фудбалска лига (EFL), иако таа организација не е обврзана да прифати таква одлука. Покрај одземањето бодови, се очекува и изрекување на значителна парична казна. Манчестер Сити инаку покрена постапка за жалба откако независна комисија утврди дека клубот прекршил 114 од вкупно 115 финансиски правила за кои беше обвинет. Конечната одлука за санкциите сè уште не е донесена, но, според информациите, Премиер лигата сака казната да биде позната пред да се донесе одлука по жалбата на клубот. Одлуката по жалбата се очекува во средината на јануари 2027 година, а целта е целиот случај да се затвори во текот на тековната сезона. Сепак, неизвесноста веќе предизвикува незадоволство кај другите клубови од Премиер лигата. Како што пренесуваат англиските медиуми, од одредени страни доаѓаат сè погласни приговори, бидејќи сè уште не е јасно какви последици ќе има постапката против „Сити“ врз исходот на првенството. – Никој не знае за што се игра оваа сезона и како ќе се одвиваат работите до мај – е пораката што може да се слушне меѓу незадоволните клубови. Доколку најавеното сценарио се оствари, последиците би можеле да бидат далекусежни – не само за Манчестер Сити, туку и за борбата за титулата, местата што водат во европските натпреварувања и опстанокот во Премиер лигата. Засега, сепак, сè останува на ниво на медиумски шпекулации, додека се чека официјалната одлука на надлежните органи.Тагови: Манчестер сити Премиер лигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравствотоИзјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ЖивотМонета од две евра вредна илјадници: Проверете дали ја имате?Монетите често остануваат во нашиот паричник, фиока или некаде низ домот, а ние речиси никогаш не ги гледаме нивните мотиви и ознаки.Меѓу нив, понекогаш може да се најде примерок што се издвојува од останатите – како што се монетите од две евра, кои се високо ценети од колекционерите поради нивната реткост. Колекционерите се подготвени да платат стотици, па дури и илјадници евра за одредени вакви примероци. Особено се барани ограничените изданија, како и монетите што содржат грешки настанати за време на производството. Сепак, тоа не значи дека секоја монета со необичен дизајн е вредна. На нејзината цена првенствено влијаат реткоста, годината на издавање, зачуваноста, како и евентуалните грешки при ковањето, пренесува „Индекс“ наведувајќи неколку впечатливи примери. Колку вреди монетата со ликот на Грејс Кели? Еден од најпознатите примери е монетата од две евра, издадена од Монако во 2007 година по повод 25-годишнината од смртта на принцезата Грејс Кели, поранешна холивудска актерка. Исковани се само 20.001 примерок, поради што оваа монета е многу барана меѓу колекционерите. Може да се препознае по портретот на принцезата, натписот „MONACO“ и годината 2007; исто така, на неа стои и ознаката на авторот на портретот, Р. Б. Барон. Според проценките на пазарот за колекционери, нејзината вредност изнесува приближно 3.100 евра, во зависност од состојбата во која се наоѓа и условите на продажбата. Сепак, постои еден важен детал: оваа монета не била наменета за општ оптек, туку им била продавана на колекционери. Затоа, шансите случајно да најдете ваква монета во вашиот паричник се многу мали. Покрај ретките комеморативни изданија, колекционерите се интересираат и за монети што содржат грешки настанати во процесот на производство. Една од попознатите грешки е позната како „јајце на око“. Станува збор за неправилност при која централниот дел на монетата не е правилно поставен во однос на надворешниот прстен, поради што металите се преклопуваат на необичен начин. Ваквиот изглед потсетува на јајце на око. Според проценките што ги пренесуваат европските медиуми, примероците со оваа грешка можат да вредат околу 100 евра. Монетите кај кои двете страни се значително ротирани една во однос на друга можат да достигнат цена од околу 200 евра, додека за одредени примероци, исковани на несоодветна метална подлога, се споменуваат суми дури до 650 евра. Еден особено интересен пример доаѓа од Германија. Комеморативна монета од две евра од 2021 година, посветена на сојузната покраина Саксонија-Анхалт, во еден случај била по грешка искована на метална подлога наменета за монета од едно евро. Како резултат на тоа, боите на нејзините делови се обратни: надворешниот прстен е со златна боја, додека средишниот дел е со сребрена боја. Покрај тоа, таа тежи 7,50 грама, наместо стандардните 8,50 грама. Според проценката на нумизматичкиот трговец „Münzen Müller“, сличен примерок со таква грешка би можел да вреди околу 1.200 евра. Ако меѓу ситните пари забележите монета што се издвојува од останатите, најпрво проверете ја земјата на издавање, годината и дизајнот. Корисно е да ја споредите со фотографии од официјалните изданија, какви што се оние објавени од Европската централна банка. Ако се сомневате дека поседувате редок примерок, најдобро е да побарате мислење од нумизматичар или од специјализирана аукциска куќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter