Доктор од Оксфорд за вториот бран на корона:Очигледно губиме контрола - Канал 5

Доктор од Оксфорд за вториот бран на корона:Очигледно губиме контрола

Доктор Питер Дробац, директор на Центарот за социјално претприемништво на Универзитетот во Оксфорд, за Си-Ен-Ен изјави дека ќе биде неодговорно ако Европа дозволи стапката на смртност да се врати на нивото во април.

Доктор од Оксфорд за вториот бран на корона:Очигледно губиме контрола

Тој рече дека „не пронајдовме никаков сезонски модел со овој посебен вирус“ и дека со студеното време луѓето ќе се вратат во затворените простори, каде што е поверојатно ширењето на вирусот. Иако повеќето земји сега имаат капацитет за тестирање, Дробац вели дека „засиленото тестирање не го објаснува зголемувањето на бројот на случаи што ги гледаме“.

„Очигледно ја губиме контролата. Доволно знаеме за тоа како се однесува вирусот, како се пренесува, како да го контролираме, како да го третираме кога луѓето ќе се заразат, така што ќе можеме да го направиме вториот бран на инфекција не толку погубен, бидејќи тоа би значело многу мртви и преоптоварување на здравствениот систем “, изјави Дробац за Си-Ен-Ен.

Вториот бран варира низ цела Европа. Лидерите се обидуваат да ја избалансираат заштитата на јавното здравје со избегнувањето на катастрофалните економски последици од националните карантини. Шпанија минатиот петок имаше 14.389 новоинфицирани. Во Мадрид, каде е евидентирана третина од случаите, на жителите од 37 области им е дозволено да ги напуштат своите домови само за да одат на работа, училиште или од медицински причини, а парковите и игралиштата се затворени од понеделникот.

Велика Британија, која во средата имаше најголем број новозаразени од април, ограничени се собирите на шест и пабовите и рестораните да се затворат во 22 часот. Чешка во петокот објави рекорден број нови инфекции, а на почетокот на овој месец повторно се воведе обврската да се носат маски во затворено.

„Заклучокот е дека вториот бран веќе се случил во многу европски земји. Нашите активности во наредните недели и преку зимата ќе бидат клучни за да се запре ширењето, но ако не можеме да се справиме со тоа наскоро, сигурно ќе имаме повеќе мртви, особено во земји како кои се Велика Британија, Шпанија и Франција “, објаснува Дробац, додавајќи дека Европа повторно ќе мора да ја„ исправи кривата “преку социјално растојание и хигиенски мерки, како и сеопфатно тестирање и следење на контактите.

Тој смета дека земјите најверојатно нема повторно да прибегнат кон национални карантини, што беше вообичаен пристап во текот на пролетта, делумно затоа што има јавен отпор и замор поради ограничувањата.

"Мислам дека ќе биде тешко да се добие јавна и политичка поддршка за такво нешто. Мислам дека луѓето се уморни од тоа. На многу начини мислиме дека зимата може да очекуваме совршена бура. Затоа посакувам подобро да го искористиме летото за навистина да го уништиме вирусот и да обезбедиме подобра позиција “, заклучува Дробац.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барса и ПСЖ се договорија, Феран заминува во Париз

Шпанскиот шампион Барселона и европскиот првак  Пари Сен Жермен постигнаа начелен договор за трансферот на 26 годишниот  репрезенативец на Шпанија, Феран Торес во Париз. 

Барса и ПСЖ се договорија, Феран заминува во Париз

Со тоа, еден од шпанските херои од Светското првенство е пред преселба во Париз, во зделка вредна вкупно 55 милиони евра.

Двата европски гиганти се договорија за клучните услови по интензивни преговори, пренесува каталонскиот медиум „Спорт“. ПСЖ мораше да ја зголеми понудата Преговорите не беа едноставни.

ПСЖ првично ѝ понуди на Барселона 40 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси, но каталонскиот клуб го одби предлогот. Барселона јасно стави до знаење дека бара загарантирана сума од најмалку 50 милиони евра. Парижаните потоа го зголемија фиксниот дел од понудата.

Според последните информации, договорената формула предвидува моментална исплата од 50 милиони евра плус уште 5 милиони евра во потенцијални бонуси – што е минималниот праг што Барселона беше подготвена да го прифати.

Преговорите ги водеа спортските директори Деко и Луис Кампос, а заминувањето на Торес сега се смета за прашање на време. Се очекува напаѓачот да се прости од своите сегашни соиграчи во тренинг-кампот во среда.

Една од клучните фигури во целиот договор е тренерот на ПСЖ, Луис Енрике. Тој има многу високо мислење за Торес – бидејќи добро го познава од шпанската репрезентација – и токму тој му го претстави проектот и му ја објасни улогата што ја планира за него во Париз.

Иако ПСЖ веќе ги има Усман Дембеле, Квича Кварацхелија и Дезире Дуе во нападот, Луис Енрике сакаше дополнителна ширина во составот и играч способен да ги покрие сите три напаѓачки позиции. Торес одговара на овој профил, бидејќи може да игра на двете крила, како и во средината на нападот.

Тој веќе е навикнат на барањата на системот на Енрике и одлично се снаоѓа при напаѓање на слободниот простор. Интересот на ПСЖ не е нов; француските и шпанските медиуми уште во јули известуваа дека парижаните веќе стапиле во контакт со тимот на Торес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Пет недели труење во Гостивар - Мицкоски ниту еднаш не отиде, оди на одмор

Веќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат.

СДСМ: Пет недели труење во Гостивар - Мицкоски ниту еднаш не отиде, оди на одмор

Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња.

Деца, стари, болни - сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода.

Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари.

Во тие пет недели премиерот Христијан Мицкоски не се појави ниту еднаш во Гостивар.

Не само што не дојде.

Тој замина на годишен одмор.

Единственото што го направи во овој период беше да го нарече сопствениот народ „талог“ и да продолжи со кампања на поделби и сеење омраза - по методите на Ванчо Михајлов и Александар Вучиќ.

Додека граѓаните пијат вода од шишиња и чекаат да престане труењето, премиерот е на одмор и ја напаѓа сопствената јавност.

Ова е односот на оваа власт кон луѓето.

Кога има лента за сечење - доаѓаат. Кога има криза што ги погаѓа обичните граѓани - исчезнуваат и напаѓаат.

Пет недели.

Ниту една посета.

Годишен одмор.

И кампања против сопствениот народ.

Тоа е сè што треба да се знае за приоритетите на Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО.

Скопје, 12.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Очекувам свлечиштето на патот кон населбата Теферич да биде санирано за една година

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во телевизиско тгостување рече дека проблемот со свлечиштето на патот кон населбата Теферич во Општина Кисела Вода е комплициран и бара поголема експертиза.

Николоски: Очекувам свлечиштето на патот кон населбата Теферич да биде санирано за една година

Николоски рече дека затоа министерството ќе ја преземе обврската да го санира.

„ Имајќи предвид дека се работи за проблематика што е мошне сложена, за проблематика каде што е потребна голема стручност, сметавме дека е добро тоа да го преземе министерството за транспорт, со експертите што ги имаме и на тој начин да се санира проблемот. Рече Николоски.

Тој нагласи и дека тендерот за изведувач сè уште трае, а по изборот на изведувач ќе започнат работите на терен и очекува за една година проблемот со лизгањето на земјиштето да биде решен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер