Несреќа во Холандија, Автобус полн со ученици од Германија удри во комбе, пожарникари ги извлекуваа децата
1Несреќа во Холандија, Автобус полн со ученици од Германија удри во комбе, пожарникари ги извлекуваа децата
СветДоктор на суд призна дека силувал пациентки, додека биле во несвест и ги снимал- една од нив „го уловила“ Докторот Жи Алан Ченг се изјаснил за виновен во понеделникот за сексуално напаѓање пациентки во болницата „Њујорк-Презвитеријан Квинс“ и за силување жени што ги лекувал додека биле под седативи во својот дом, објави ABC News.Обвинителите изјавија дека Ченг, 35, признал дека злоупотребил седум пациентки. Тој бил уапсен во 2022 година откако жртва пронашла видео од него како ја злоупотребува додека таа била во несвест, објави ABC News. Докторот е приведен во притвор Полицијата соопшти дека открила видео докази за сериозни кривични дела извршени во домот и работното место на лекарот. Ченг е во притвор од неговото апсење и му е забрането да се занимава со медицина. Доколку биде осуден, докторот може да се соочи со максимум 24 години затвор. „Нивото на насилство и перверзија што го покажал при сексуалното напаѓање на своите жртви беше усложнето од фактот дека се заколнал дека нема да им наштети како медицински професионалец“, рече обвинителката Мелинда Кац. „Жал ни е за сè“ Повеќето од жртвите не се сеќавале на злоупотребата бидејќи биле под седативи. Една жена се разбудила за време на нападот откако била успиена за гастроинтестинална процедура, велат обвинителите. Службениците во болницата „Њујорк-Презвитеријан Квинс“ соработуваа со истражителите во кривичниот случај. „Лекарите се грижат за пациентите и се одговорни за нивната безбедност и благосостојба. Тоа е света должност. Злосторствата извршени од ова лице се ужасни, гнасни и претставуваат фундаментално предавство на нашата мисија и довербата што нашите пациенти ја имаат во нас. Длабоко ни е жал за сè што жртвите и нивните семејства претрпеа“, изјави портпаролката на болницата Анџела Карафазли во соопштението. Адвокатот на Ченг, Џефри Ајнхорн, им се заблагодари на обвинителите по спогодбата за признавање на вина и накратко изјави: „Обвиненијата за кои тој денес се изјасни за виновен се исклучително сериозни“.Тагови: Доктор пациентки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНесреќа во Холандија, Автобус полн со ученици од Германија удри во комбе, пожарникари ги извлекуваа децатаНајмалку 20 лица се повредени откако автобус со повеќе од 50 патници, главно ученици од Германија, се преврте во Холандија рано утринава.На патот А28, во близина на Везерп, автобусот излетал од коловозот откако се судрил со доставно возило, јавува холандскиот сервис NOS. Според локалните власти, автобусот удрил во доставното возило одзади, при што тоа скршнало и се превртело на страна на спротивната страна од патот. Во автобусот имало повеќе од педесет луѓе, главно ученици од Германија. Осум лица се пренесени во болница со повреди, меѓу кои и возачот на доставното возило. Според полициските извештаи, некои од нив се во тешка состојба. Покрај повредените кои морале да бидат пренесени во болница, голем број други лица со полесни повреди биле прегледани на самото место. Според портпаролот на полицијата, меѓу повредените имало и тинејџери. Фотографиите објавени во холандските медиуми покажуваат како пожарникарите ги извлекуваат патниците низ покривот на автобусот. Повредените, како што се наведува, главно се здобиле со исеченици од стакло. По несреќата, автопатот А28 беше затворен во двете насоки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: На Мицкоски му треба алиби за избори затоа што сè во државата е заглавено и нема резултатиПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски, на кого му се потребни избори затоа што власта нема резултати, а државата е заглавена. „Кажавме дека нема да бидеме алиби за предвремени избори на премиерот Христијан Мицкоски. Очигледно е дека единствениот параметар којшто него го тера да бара избори е тоа што повеќе нема пари во буџетот за неговите криминални тендери“, рече Филипче. Тој посочи дека власта нема резултати во ниту една клучна област и дека последиците од лошото управување директно ги чувствуваат и граѓаните и компаниите. „Нема ниту еден резултат. Нема никакви резултати во економијата, во образованието, во земјоделството, во социјалата. Едноставно сè во државата е застанато. Луѓето немаат пари. Огромни се долговите кон компаниите. Близу 200 милиони евра се должи за поврат на ДДВ“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ додаде дека компаниите се соочуваат со проблеми со ликвидноста, има отпуштања на работници, пад на странските инвестиции и на индустриското производство. „Гледаме како е падот на странските инвестиции, има пад на индустриското производство. Еден тотален непрофесионален начин на водење на државата, комплетна незаинтересираност за било што добро за државата и за граѓаните“, рече Филипче. Филипче потенцираше дека СДСМ е подготвена за изборите која и да се одржат, уште утре. „Ние за избори сме спремни. Утре да се случуваат, за утре сме спремни за изборите и со тимот и со програмата, со Мастер планот за Македонија и Договорот со граѓаните којшто ќе го презентирам во текот на септември. За избори сме спремни кога и да бидат. Ама нема да бидеме алиби. Христијан Мицкоски има две третини во Собранието, апсолутна власт. Може да распише избори кога сака. Зошто му е СДСМ сега? Зошто му е? Не навлегуваме во таа игранка. Човекот ќе распише избори кога повеќе нема да има пари, а пари снемуваат сè повеќе и повеќе“, рече Филипче. Тој најави дека Мастер планот ќе содржи шест јасно дефинирани точки за иднината на државата, зајакнувањето на системот и благосостојбата на граѓаните. „Шест точки јасно, добро дефинирани, да знаат граѓаните за што ќе гласаат кога и да се случат следните избори“, додаде претседателот на СДСМ, Венко Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00
Шоу бизГеоргина Родригез им стана законска мајка и на трите најстари деца на Кристијано РоналдоГеоргина Родригез им стана законска мајка на трите најстари деца на Кристијано Роналдо, Со оваа одлука, нововенчаниот пар направи уште еден важен чекор во својот семеен живот.Георгина Родригез, сопругата на светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, стана законска мајка на неговите три најстари деца само една недела откако парот стапи во брак, објавија португалските медиуми. Со тоа, новопечените сопружници направија уште еден важен чекор во својот семеен живот, при што Роналдо официјално ја именуваше Георгина за законска мајка на своите деца. Двојката го доби своето прво заедничко дете, ќерката Алана, во 2017 година. Пет години подоцна, ја добија ќерката Бела Есмералда, додека нејзиниот брат близнак, за жал, почина при раѓањето во 2022 година. Според португалските медиуми, Георгина сега е законски старател на синот на Роналдо, Кристијано Роналдо Јуниор, како и на близнаците Ева Марија и Матео. Идентитетот на биолошката мајка на 16-годишниот Кристијано Роналдо Јуниор останува тајна, а Роналдо го има целосното старателство над него. Тој исто така има целосно старателство над деветгодишните близнаци Ева и Матео, кои се родени со помош на сурогат-мајка. Откако е во врска со Роналдо, Георгина изгради близок однос со неговите деца и се вели дека секогаш се однесувала кон нив како да се нејзини сопствени.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook