ФормулаДоктор Марко за иднината на Верстапен: Прашајте го Волф!днината на светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен останува под знак прашалник и шпекулациите не стивнуваат, а сега во нив се вмеша и советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко.Верстапен има договор со Ред Бул до крајот на 2028 година, но во неговиот договор има и клаузула дека може предвреме да си замине доколку доктор Марко биде ослободен. А тоа станува се повозможно доколку Кристијан Хорнер ја добие битката за моќ во Ред Бул. А Тото Волф веќе покажа сериозен интерес да го привлече Макс на местото на 7-кратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој од следната сезона ќе вози за Ферари. -Гледате дека Волф сака да го привлече Макс, прашајте го за иднината на шампионот. Никој не е на нивото на Макс, што го објаснува интересот на Тото. Исто така, го разбирам појавувањето на Фетел и Антонели во овој разговор - едниот има одлично минато, а другиот има потенцијал за голема иднина, додаде „сивата еминенција“ во Ред Бул. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаЛитар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензинитеНов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.Тагови: Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МетеоДенес попладне нестабилно со пороен дождПретпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook