3Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин
3Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
ЗабаваДоколку од партнерот слушнете ваква „љубовна изјава“, бегајте колку што ве држат нозете! Психолозите оваа реченица ја сметаат за токсична!Колкупати сте слушнале слични зборови мислејќи дека се вистинити и од срце? Психијатрите честопати, кога поставуваат дијагноза и се обидуваат да излечат пациент, поставуваат четири тези барајќи одговор од личноста. Одговорите на терапевтот ќе му кажат сè што треба да знае за вас и како да пристапи кон вашиот третман, а тезите се исклучително едноставни. - Го сакам мојот сопруг и можам да живеам без него. - Не го сакам мојот сопруг, но не можам да живеам без него. - Го сакам мојот сопруг и не можам да живеам без него. - Не го сакам мојот сопруг и можам да живеам без него. Од пациентот се бара да ги избере два одговора кои најдобро ја опишуваат неговата ситуација. - Имено, двата одговори што сте ги избрале се погрешни. Вистина е дека можете да го сакате или да не го сакате својот сопруг, но и дека во секој случај можете да преживеете без него. Размислете што ќе се случи ако започне војна? Дали би умреле истиот момент ако загине вашиот партнер или ако загинале вашите родители? Одговорот секако би бил не, но треба да преживеете. Вие секако мора да преживеете со или без партнерот – објаснува психотерапевтот. Оваа психотерапевтка се присетила на една нејзина пријателка чијшто сопруг секој ден ѝ ја кажувал истата реченица, а која нејзината пријателка ја доживувала како најголема изјава на љубов, но всушност се работи за крајна зависност, која е на ниво на зависност на бебето од мајката. Имено, реченицата гласи: - Ти си мојот живот, не би можел да преживеам без тебе – велел тој, додека таа ја поставувала масата за јадење, му подавала крпи, долна облека и пижами, и така 20 години тој не научил што каде стои. Познатиот руски психолог Михаил Литвак истакнува дека токму оваа реченица е предупредувачки знак и може да укажува на нездрава динамика во врската. Оваа реченица за многумина е банална, можеби дури и смешна, но не е израз на љубов, туку знак за предупредување. - Ако вашиот партнер вели дека му требате за да преживее или дека не може да живее без вас, тоа не е добро. Оваа изјава укажува на тоа дека лицето на некој начин е зависно од вас. Ова може да значи дека партнерот несвесно од вас бара да станете негов негувател на емотивно ниво, а тој ваше емотивно дете. Таквата динамика не доведува до здрав и рамноправен однос помеѓу партнерите и не дозволува развој на вистинска љубов – објаснува Литвак. Д-р Ричард Кукерли верува дека оваа реченица може да открие некој кој доживува состојба на зависност и погрешно верува дека тоа е љубов. - Таквите личности буквално чувствуваат дека не можат да живеат без својот партнер. Тие очекуваат нивниот партнер да им биде посветен емотиционален старател, слично како што мајката му е потребна на своето бебе. Тоа значи дека партнерот не е со вас затоа што свесно одлучил да биде, на пример, зашто го цени вашето присуство, ве цени и сака како личност, па сака со вас да го дели својот живот, туку дека тој се плаши да биде сам или на некој начин зависи од вас, а тоа не е љубов – заклучува д-р Кукерли.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРуте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО) Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда. Споредба со Виетнам Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина. 🚨 🚀🇷🇺🇺🇦 NATO Secretary General Mark Rutte claims Russia is suffering heavy battlefield losses in its war against Ukraine: "Russia's war against Ukraine continues. Putin is failing on the battlefield. In the past few months, Russia has been losing more than 40,000 troops killed or seriously wounded every month." — Russia News (@russianews_eng) November 12, 2026 „Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте. Напади врз цивили и хибридна војна Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата. „Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој. Проценки за вкупните загуби Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.Тагови: Марк Руте русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЃорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар. Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема. Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец. Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во ДаблинДенеска, заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“.На панел-дискусијата „Градење на компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, говорев за поврзаноста меѓу европската конкурентност, иновациите, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан. Европа ја црпи својата сила од способноста различноста да ја претвори во соработка, а соработката во заедничко дејствување. Конкурентноста денес не може да се сведе само на капиталот, големината на пазарите или цената на работната сила, туку сè повеќе зависи од капацитетот да се поврзат знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето и тие врски да се претворат во иновации, продуктивност и одржлив раст. Западен Балкан не е надвор од Европа, туку е дел од нејзината историја, инфраструктура и безбедносна архитектура, при што Европа и Западниот Балкан ги опишав како „систем на поврзани садови“, во којшто случувањата во еден дел неизбежно влијаат врз другиот. Прашањето не е само како Западниот Балкан подобро да се поврзе со Европа, туку дали Европа може да си дозволи да остане недоволно поврзана со регион што се наоѓа на пресекот на нејзините стратешки правци, енергетски коридори, пазари и човечки потенцијал, објави на ФБ претседателката Гордана Сиљановска- Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook