Договорот за Казандол пред раскинување

Владата ја почна процедурата за раскинување на договорот со Казандол заради недоследности во однос на обврските кои ги имал рудникот.

На последната владина седница разгледана е информацијата од работната група која на терен извршиле проверки што се е исполнето од обврските.

За седум дена ќе се знае правниот основ за раскинување на договорот кој ќе го утврди министерството за економија бидејќи е констатирано дека се пробиени сите рокови.

- На вчерашната владина седница усвоивме информација за степен на изграденост, која што укажува дека се исполнети условите. Конкретните информации за тоа што ќе следи понатаму ќе се знае за седум дена откако Министерството за економија ќе подготви информација, во чии рамки ќе бидат прецизно наведени условите за раскинување на овој Договор, рече Миле Бошњаковски портпарол на Владата на РМ.

Валандово Дојран и Гевгелија веќе слават победа над рудникот на смртта како што го нарекоа и прогласија дека ова е празник за иднината на нашите деца и внуци. Владиниот став останува не променет приоритет е здравјето на граѓаните. Неофицијално ќе се менуваат и законските рамки за искористување на минерални суровини за да не се случуваат нови вакви случаи.

За рудникот Иловица од струмичката котлина , владата исто така има формирано работната група која ги прави потребните анализи и кога ќе имаат конкретни информации, прашањето ќе биде ставено на владина седница.



Уапсени 21 лице во акција на Европол за измама на кол-центри

Затворени се 12 кол-центри осомничени за измама.

Најмалку 21 лице се приведени во Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и во Либан, во полициската акција „Пандора“, која беше спроведена со поддршка на Европол, во текот на разбивање мрежа на 12 кол-центри осомничени за измама на илјадници луѓе, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека во акцијата „Пандора“, спроведена на 18 април, затворени се 12 кол-центри осомничени за измама, а одземени им се документите и имотот.

Како што се посочува, измамите опфаќале лажни полициски повици, инвестициски измами и „љубовни“ измами, а работата на кол-центрите ја организирале 39 лица. /МИА

Стојчевски: ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите

„Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина“

На граѓаните им е преку глава од меѓусебните напаѓања, особено од двете најголеми политички партии. Ние како нова партија нема да се служиме со напади. Во врска со прекинатото гласање во една од кумановските општини, кога беше прекинато гласање, иако имаме прочистен избирачки список, одговорноста за спроведување најмногу е на е на ДИК. Движењето ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите. Најголема поддршка очекуваме од левичарските гласачи поради што ние потекнуваме од таква партија. Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина. Дајте изјава од носителите или коносителите од сегашниот парламентарен состав на СДСМ, да не биде само декларативно дека сте се откажале. Од раководството ја одбија подадената рака, поради ароганцијата, рече Даниел Стојчевски во Само Вистина.

од раководството

Раст на берзите во САД по изјавата на Фед за зачувување на каматните стапки

Американските берзански индекси покажаа уверен раст на почетокот на тргувањето денеска откако Федералните резерви (американската Централна банка) ги зачува досегашните каматни стапки и притоа ја намали загриженоста од нивно покачување.

Инвеститорите очекуваат уште податоци од извештаите на крупните компании денеска и од официјалната статистика за невработеноста утре. Во меѓувреме пораснаа и фјучерсите.

- Инфлацијата сè уште е многу висока. Не можеме да гарантираме прогрес во нејзино снижување, а понатамошните перспективи се неодредени, изјави претседателот на Фед Џером Пауел.

И покрај неодреденоста во тековната економска ситуација истакна дека е малку веројатно покачувањето на каматите.

Следен извештај на регулаторите што го очекуваат инвеститорите е клучната статистика на трудот во САД што ќе биде објавена утре, а која може да даде појасна претстава за состојбата со пазарот на трудот и понатамошната траекторија на каматните стапки.

Фјучерсите на Dow до 15 часот централноевропско време пораснаа за 0,53 отсто, на S&P на 0,72 отсто, на Nasdaq 100 дојдоа до 0,9 отсто. /МИА

притисни ентер