Договорот за името на ратификација пред пратениците

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја започне седницата на која на дневен ред е Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, по скратена постапка. 

Очекувањата се дека ратификацијата на договорот во Собранието ќе се случи до крајот на неделата.

Пратениците на денешната седница ќе се изјаснат за потребата за донесување на законот за ратификација на договорот. Имајќи предвид дека законот е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка, се очекува доколку денеска биде прифатена потребата за неговото носење веднаш да биде закажана седница на Комисијата за европски прашања. Комисијата ќе има два дена односно до среда на полноќ за разгледување на договорот. Откако ќе помине на Комисијата, Предлог-законот за ратификација на договорот повторно ќе се најде на пленарна седница за да биде финално ратификуван.

За ратификација потребно е обично мнозинство, односно мнозинство од присутните пратеници. Минимален кворум за работата на законодавниот дом е 61 пратеник.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вчера во изјава за МИА кажа дека очекува до петок договорот за решавање на спорот за името да биде ратификуван од страна на Парламентот и тој да биде пратен кај претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Според информациите на МИА, од вчера се веќе почнати консултациите во пратеничките групи за дејствувањето на седницата иако ставовите на нивните партии се веќе познати во јавноста.

Вчера доцна попладне координација одржа пратеничката група на СДСМ и коалицијата, додека денеска пред седницата координација ќе одржи и пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Партиите од владејачкото мнозинство предводени од СДСМ и ДУИ се очекува да гласаат „за“ ратификација на договорот, а вчера поддршка за договорот изразија и пратениците од опозициските партии на Албанците од Беса и Алијансата на Албанците.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочија дека пратеничката група ќе одржи координација пред седницата на која ќе договорат како ќе дејствуваат, но дека нивниот став ќе биде во согласност со најавите од партијата. Очекувањата се дека тие нема да го поддржат договорот имајќи ги предвид изјавите на нивниот лидер дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени за промена на уставното име.

По донесувањето од страна на Парламентот договорот треба да биде испратен до претседателот Иванов, кој има рок од седум дена да го потпише.

Претседателот на државата во своето неодамнешно обраќање кажа дека нема да го поддржи ниту да го потпише договорот за спорот за името, кој според него, е штетен.

Доколку Иванов го употреби правото на вето, договорот повторно оди во собраниска процедура, но тогаш ќе мора да биде изгласан со апсолутно мнозинство, 61 пратеник треба да гласа „за“. Договорот во тој случај повторно се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише.

Роковите за ратификација на договорот течат ако се знае дека веќе следната недела треба да се одржи седница на Советот на ЕУ, од која Македонија очекува датум за почеток на преговори.

Предлог - законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните беше усвоен вчера на владина седница.

Договорот за решавање на спорот за името помеѓу Македонија и Грција го потпишаа министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас во неделата во Псарадес, на грчката страна на Преспанското езеро. На потпишувањето присуствуваа и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, медијаторот на ОН во спорот со името Метју Нимиц, потсекретарката за политички прашања на Светската органзиација Розмари Ди Карло, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ Јоханес Хан.

Имплементацијата на договорот ќе се случува етапно. Ќе стапи во сила откако двете страни ќе го прифатат согласно внатрешни процедури, но доколку која било од страните не го прифати договорот согласно внатрешните процедури тоа ќе значи дека договорот не важи.

Конечниот збор за договорот ќе го имаат македонските граѓани на референдум, најавен за наесен. /МИА

Групна тужба против АстраЗенека - дали влијаела врз болести и смрт

Правниот застапник на таткото кој тврди дека вакцината AстраЗенекаa му предизвикала оштетување на мозокот, изјави за Би-Би-Си дека фармацевтската компанија направила „значајна промена“ во својата правна позиција.

Би-Би-Си Њуз

Правниот застапник на таткото кој тврди дека вакцината AстраЗенекаa му предизвикала оштетување на мозокот, изјави за Би-Би-Си дека фармацевтската компанија направила „значајна промена“ во својата правна позиција.

АстраЗенека за првпат во судските документи призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика многу ретки несакани ефекти.

Во колективна тужба фармацевтската компанија се соочува со бројни наводи поврзани со нејзината вакцина против коронавирус.

Некои од барателите на обештетување тврдат дека им починале нивни роднини, а други дека вакцината предизвикала сериозни болести.

Студиите, сепак, покажуваат дека вакцините против Ковид-19, вклучително и на АстраЗенека, спасиле милиони животи.

Првото обвинение беше изнесено минатата година од татко на две деца, Џејми Скот, кој доби згрутчување на крвта што предизвика оштетување на мозокот и не можеше да работи откако ја прими вакцината во април 2021 година.

Во тужбата, која беше покрената според Законот за заштита на потрошувачите на Обединетото кралство, се наведува дека вакцината е „неисправна“ бидејќи е помалку безбедна отколку што луѓето имаат право да очекуваат.

АстраЗенека ги негираше овие тврдења, но во судскиот документ поднесен до Високиот суд на Англија во февруари призна дека нејзината вакцина против коронавирусот „може, во многу ретки случаи, да предизвика ТТС“.

Адвокатите во овој случај велат дека кратенката ТТС означува тромбоза со синдром на тромбоцитопенија, а кога ќе се појави по вакцинацијата, се нарекува и VITT (имуна тромбоза индуцирана од вакцина со тромбоцитопенија).

TTS/VITT е редок синдром што се карактеризира со истовремена појава на тромбоза (згрутчување на крвта) и тромбоцитопенија (низок број на тромбоцити/тромбоцити).

TTS/VITT предизвикува потенцијално опасни по живот последици, вклучувајќи мозочни удари, оштетување на мозокот, срцеви напади, белодробна емболија, и ампутација, наведуваат правните застапници.

Тромбозата во многу форми може да се појави и кај невакцинирани луѓе.

Сепак, реткиот TTS/VITT синдром се однесува само на појава на тромбоза по вакцинацијата, според Американското здружение за хематологија.

ТТС е ретка и сериозна состојба.

„Предизвикувачите можат да бидат различни настани (не мора да бидат вакцини) и може да имаат непозната причина“, наведе АстраЗенека во судските поднесоци.

Во писмен одговор до Би-Би-Си во мај 2023 година, адвокатите на Скот потврдија дека АстраЗенека им кажала: „Не прифаќаме дека ТТС е предизвикан од вакцината во голем обем“.

Меѓутоа, во судскиот документ доставен до Високиот суд во февруари, АстраЗенека наведува: „Признаено е дека вакцината на АстраЗенека може, во многу ретки случаи, да предизвика ТТС“.

„Причинскиот механизам (како тоа се случува) не е познат“, додаваат тие.

Компанијата бара од секој тужител да докаже дека вакцината, а не некој друг фактор, го предизвикал типот на тромбоза позната како ТТС.

Во документот се додава: „Понатаму, ТТС може да се појави и кај луѓе кои не биле вакцинирани со АстраЗенека (или која било друга вакцина) „Причината за овие појави во секој поединечен случај ќе биде предмет на стручно докажување“.

Адвокатот, кој го застапува Скот и 50 други лица кои поднеле тужби во случајот, вели дека последното признание претставува значителна промена во позицијата на АстраЗенека во случајот.

Сара Мур од адвокатската фирма „Leigh Day“ изјави за Би-Би-Си: „Ова е важно признание дека причината е споделена - односно, вакцината АстраЗенека недвосмислено може да предизвика TTS и VITT“.

„Важно е што тие сега одлучија да го променат својот став за ова во нивните официјални поднесоци“, додава таа.

Приемот би можел да ја отвори вратата за повеќе тужби, бидејќи тужителите бараат, како што велат, праведна компензација и враќање на одредена финансиска сигурност.

Во одговорот, кој фармацевтската компанија го достави до Би-Би-Си на 30 април, АстраЗенека не одговори конкретно на наводите на Сара Мур.

Во писмената изјава за Би-Би-Си, компанијата наведе: „Ние сочувствуваме со секој кој изгубил блиски или пријавил здравствени проблеми.

„Безбедноста на пациентите е наш највисок приоритет и регулаторните тела применуваат јасни и строги стандарди за да обезбедат безбедна употреба на сите лекови, вклучително и вакцините“.

„Од доказите од клиничките испитувања и здравствените податоци од практиката, вакцината развиена од АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд постојано се покажува дека има прифатлив безбедносен профил и регулаторните тела ширум светот постојано наведуваат дека придобивките од вакцинацијата ги надминуваат ризиците од екстремно ретки потенцијално несакани настани."

Промена во препораката за употреба на вакцината

Во јуни 2022 година, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека вакцината на АстраЗенека е „безбедна и ефикасна за луѓе постари од 18 години“.

На 7 април 2021 година, Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација на Обединетото Кралство препорача на возрасните под 30-годишна возраст да им се понуди алтернатива на вакцината АстраЗенека, „по извештаите за екстремно ретки згрутчување на крвта кај многу мал број луѓе“.

АстраЗенека, исто така, истакнува дека препорача ова упатство да се додаде во текстот на етикетата на кутиите и ампулите со вакцина.

Одборот ја смени својата препорака на 7 мај 2021 година, советувајќи алтернативата да им се понуди на помлади од 40 години.

АстраЗенека изјави за Би-Би-Си: „До денес, повеќе од 30 граѓански тужби низ светот се повлечени, напуштени или пресудени во корист на АстраЗенека“.

Праведна отштета

Кејт Скот, сопругата на Џејми, претходно изјави за Би-Би-Си: „Џејми имаше повеќе од 250 терапии за рехабилитација.

„Тој мораше повторно да научи да оди, да голта, да зборува. Тој има проблеми со меморијата“.

„Иако тој многу добро одговори на нив, сега оваа нова верзија на Џејми... тоа е верзијата што ќе продолжи да се движи напред“.

„Има когнитивни проблеми...има афазија [губење или нарушување на претходно стекнатите јазични вештини предизвикани од оштетување на мозокот]...тешки главоболки, слепило.

Таа додаде: „Владата (на Велика Британија) треба да го промени системот за исплата на отштета предизвикана од вакцините.

„Тој е неефикасен и неправеден... и тогаш (сакаме) правична компензација“.

Бразилскиот претседател побара од Конгресот прогласување природна катастрофа во Рио Гранде

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска побара од Конгресот да прогласи природна катастрофа поради големите поплави што ја погодија најјужната држава Рио Гранде до Сул, при што загинаа осумдесет и пет лица.

Над 130 лица се водат како исчезнати по поплавите во кои 150.000 лица ги напуштија своите домови, извести Цивилната заштита.

Покрај уништувањето на патишта и мостови во повеќе градови, предизвикани се и одрони кои се закануваат со уште поголема катастрофа.

Поради тоа, бразилскиот претседател Лула бара од Конгресот да прогласи елементарна непогода во споменатата сојузна држава, со цел да се одобрат дополнителни буџетски средства, без оглед на фискалните правила усвоени минатата година со кои се пропишува горната граница на трошење на сојузните држави.

- Дури кога водата ќе се повлече ќе видиме колкава е штетата. Засега сè уште немаме проценка, изјави бразилскиот министер за планирање и буџет Симоне Тебет.

Иако дождовите се честа појава во овој период од годината во јужниот дел на Бразил, 72-годишниот Флавио Роса од гратчето Каноас вели дека никогаш во животот не видел уништување од ваков обем предизвикано од дождови.

- Секако дека имало поплави и претходно, но никогаш вакво нешто, рече тој.

Поради обилните дождови во јужен Бразил загинаа 60 лица, повеќе од 70 се водат како исчезнати

Според локалните временски прогнози, врнежите може да се вратат оваа недела во помали количества, а поголеми количества се очекуваат меѓу 10 и 15 мај.

- На краток и на среден рок метеоролошките прогнози не се добри. И покрај подобрувањата во некои делови од земјава, некои области ќе бидат проследени со тешки временски услови подолго време, се наведува во прогнозата.

Гувернерот на државата Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите, предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи спасувачите ќе добијат пристап до се повеќе места.

Поплавите не само што ја оштетија патната инфраструктура, туку и бројни фирми и фабрики што мораа да престанат со работа.

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и на техничката влада Андреј Пленковиќ по седницата на претседателството на партијата изјави дека има повеќе од 76 пратеници кои се подготвени да го поддржат.

На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ХДЗ го освои мнозинството мандати во Парламентот, но недоволно за сама да формира влада, па претходните денови имаше интензивни преговори за можни коалиции, а десницата Татковинско движење е најголемиот коалициски потенцијал на кој смета ХДЗ.

„Разговорите продолжуваат утре. Денеска имавме средба со сите колеги кои беа заедно со ХДЗ на листите на изборите, сите тие пратеници, а ги има шестмина, ми даваат силна поддршка како иден мандатар за состав на нашата трета влада“, рече Пленковиќ по вчерашниот состанок.

Тој најави дека денеска ќе се сретне и со претставници на националните малцинства, а потоа и со претставници на Татковинското движење.

„Работите во преговорите за формирање на парламентарното мнозинство и влада се движат во добра насока“, рече Пленковиќ.

притисни ентер