Договорот со Обединетото Кралство пред пратениците - Канал 5

Договорот со Обединетото Кралство пред пратениците

Договорот со Велика Британија ќе биде целосно транспарентен без никаква штета ниту за граѓаните ниту за државата, уверува премиерот Христијан Мицкоски откако Владата го испрати предлог законот до Собранието.

Договорот со Обединетото Кралство пред пратениците

Според него условите ќе бидат поволни и со најниска камата а објасни и дека преку Министерството за финансии ќе се преговара со кредитодавателите.

-Министерството за финансии откако претходно ќе добие барање од страна на институциите кои се носители на проект, да речеме Македонски железници инфраструктура или Министерството за здравство за болници, ќе излезе на меѓународен пазар и ќе има конкурентен дијалог со, отприлика зацртавме 18-20 потенцијални кредито даватели, меѓу нив ќе бидат и европските банки, оној што е подготвен да финансира вакви проекти со одредена и конкуретна каматна стапка ќе биде избран. Каматната стапка ќе биде пониска од долната маргина затоа што ние го користиме кредитниот рејтинг на Обединетото Кралство,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу македонската и британската влада веќе го помина филтерот во собраниската комисија за надворешна политика и законодавно правната комисија. Според пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ се работи за договор кој на Македонија ќе и овозможи стратешка позиционираност во регионот и развој, опозицијата пак забележа дека не се работи за договор, туку за меморандум за соработка во кој се изразуваат намери на соработка.

-Ова е многу голема инјекција и ветува развој, секако дека начините во кои се определува се доста меки, предвидува медијација што е многу подобро отколку да одиме во судовите во Лондон или Њујорк како што имаше некои бонбона договори кои завршија на многу неславен начин,- изјави – Иванка Василевска – ВМРО ДПМНЕ.

-Пред нас немаме договор за соработка со В. Британија, туку имаме меморандум за соработка. Ние во овој документ немаме ниту права ниту обврски. Ќе видиме дали и во В. Британија ќе следи ратификација во нивниот парламент, изјави – Димитар Ковачевски – СДСМ.

Договорот во име на македонската Влада, минатата недела го потпиша вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Приоритетни проекти за почетен напредок се во четири области - здравство, транспорт, технологија и енергетика, а финансиската поддршката не смее да го надмине ограничувањето од 5 милијарди фунти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер