Договоривме 90% од мировен план од 20 точки, кажа Зеленски по средбата со Трамп во Флорида - Канал 5

Договоривме 90% од мировен план од 20 точки, кажа Зеленски по средбата со Трамп во Флорида

Доналд Трамп и Володимир Зеленски кажаа дека направиле прогрес во напорите да се заврши војната во Украина, но „остануваат едно-две спорни прашања“. 

Договоривме 90% од мировен план од 20 точки, кажа Зеленски по средбата со Трамп во Флорида

„Остварен е голем напредок“ – вака Доналд Трамп и Володимир Зеленски ја оценија средбата во резиденцијата на американскиот претседател во Мар-а-Лаго. Детали не беа соопштени, но украинскиот претседател денеска откри дека нацрт-рамката за мир за која и двајцата се согласија дека е 95 проценти усогласена предвидува безбедносни гаранции од 15 години, но тој побарал тие да се продолжат на 50 години. Клучно и натаму останува прашањето за териториите од Донбас кои се под контрола на Киев. Зеленски најави дека не ја исклучува можноста за организирање на референдум доколку ова прашање биде дел од евентуален мировен договор. По средбата, двајцата оценија дека договориле 90 проценти од мировниот план од 20 точки додавајќи дека следните две недели ќе бидат клучни за постигнување на договор.

„Кои се најгорливите прашања кои се уште не се разрешени? / Мислам дека говориме за земјата, дел од таа земја е земена, дел од таа земја можеби е достапна за грабнување. Но, може да биде земена во следните неколку месеци и подобро е да се направи договор сега.“

„Постои можност парламентот да гласа согласно законот или да се има референдум. Не е важно. Доколку планот е многу тежок за нашето општество, секако дека нашето општество ќе треба да одбере и да гласа, бидејќи тоа е нивна земја, не е земја на една личност туку на нашата нација, на многу генерации. “

Вниманието на светската јавност сепак, го привлече реакцијата на украинскиот претседател на изјавата на Трамп кој прашан дали Русија би учествувала во обновата на Украина, одговори дека рускиот претседател Путин бил „многу великодуштен“ и дека сакал да ја види Украина успешна – став што предизвика видлива реакција кај Зеленски.

„Русија ќе помага. Русија сака да ја види Украина успешна. Звучи малку чудно, но му објаснував на претседателот (Зеленски) дека претседателот Путин беше многу искрен во неговите чувства за Украина да успее. Вклучувајќи и достава на електрична енергија и останати работи по многу ниски цени.“

Потрпаролот на Кремљ Дмитри Песков во меѓувреме на потврди руската позиција дека доколку Украина сака мир, треба да ги повлече своите војници од Донбас, во спротивно ќе загуби уште повеќе територија. На брифинг со новинарите Песков се согласи со оценката на Трамп дека страните се блиску до постигнување на мир во Украина и најави нов телефонски разговор Путин –Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори. 

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари.

Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги.

И ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа.

Според проекциите на ММФ, Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии по БДП по жител, со 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора и Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна.

Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите.

Ова е сè она за што СДСМ предупредува последната година. Сега потврдено и од ММФ.

Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки.

Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда.

Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ.

За сè ова, одговорност ќе има.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Локални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон Љубљана

Денес во Словенија се одржуваат локални избори, каде што ќе се избираат градоначалници и членови на општински совети, а најголема неизвесност има на изборите за градоначалник на Љубљана, на кои учествуваат 15 кандидати.

Локални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон Љубљана

3.116 избирачки места се отворија во 7 часот наутро, каде што повеќе од 1,6 милиони гласачи можат да гласаат до 19 часот.

Првите прелиминарни резултати од гласањето се очекуваат по 20 часот, објавува Дело.

Меѓу парламентарните партии, Словенечката демократска партија (СДС) има 78 кандидати за градоначалник на локалните избори, Нова Словенија има 50 кандидати, Движењето за слобода има 44 кандидати за градоначалник, а Социјалдемократите (СД) имаат 42 кандидати.

Во 45 општини, веќе е однапред познато кој ќе ги води во претстојниот мандат, бидејќи само еден кандидат аплицирал за градоначалничката позиција, претежно актуелниот градоначалник.

Во општините и градовите каде што ниту еден кандидат не добие повеќе од половина од гласовите, двајцата најдобро пласирани кандидати ќе се соочат во втор круг, кој ќе се одржи на 29 ноември.

На овогодинешните избори за градоначалник учествуваа 614 кандидати, вклучувајќи 123 жени.

Најголем број кандидати за градоначалник има во Љубљана - 15, додека Марибор и Копер имаат по 10 кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија.

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка.

Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен?

Одговорот е јасен. Затоа што си ја ишка мувата од капата. Филипче е човек полн со багаж од минатото.

Филипче и СДС се ставија во одбрана на ДУИ и Али Ахмети. Жално е да се гледа до кое дно дојде СДС со Филипче.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер