Догодина прва научна монографија за македонските фосили - Канал 5

Догодина прва научна монографија за македонските фосили

Фосилите од праисториски животни пронајдени кај делчевски Стамер и Ѕвегор заедно со колекцијата фосили од праисториски животни од Македонија, го најдоа своето место во првата научна монографија за фосилите од Македонија работена од светски и македонски познати палеонтолози врз собраното научно богатство од стариот палеонтолог проф.д-р Ристо Гаревски, која треба да изелзе од печат наредната година во меѓународното списание Палеонтографика во Германија.

Догодина прва научна монографија за македонските фосили
Познатиот палеонтолог и директор на бугарскиот Природонаучен музеј, проф. д-р Николај Спасов, потенцираше дека оваа монорафија е еден голем труд и прв ваков труд кој обединува светски познати палеонтолози, како Ристо Гаревски, Денис Жирард, Латинка Христова, Георги Марков, Билјана Гаревска и Николај Спасов.

- Тоа е еден голем придонес за исцртување на природното постоење пред 7-8 милиони години на Балканот. Стамер е исто така, вклучен во оваа монографија, јас сметам дека Стамер допрва ќе изненадува со своето природно наследство, но не само Стамер ние сега ќе се обидеме да направиме македонско-бугарски палеонтолошки истражувања во Долни Дисан, каде исто така, има интересни ископани фауни, но пред сѐ, ќе направиме обид да влеземе во трага на најраните хоминиди на Балканот и за почетокот на прачовечката историја, рече Спаспов.

Професорот Спасов информира дека во околината на Чирпан во Бугарија има откриено заб од првиот прачовек, хоминид, стар 7 милиони години. Според него, тоа е основата за да се бара првиот прачовек на Балканот и во Македонија, теза која првично беше поставена при сензационалните откритија во Стамер и Ѕвегор.

- Не сме се откажале од Стамер, фосилите во Стамер имаат малку подоцнежна возраст и човек не може да прави сѐ во исто време и сега одиме со намерата да се концентрираме таму, каде што има најголема шанса да го откриеме тоа што го бараме. Стамер е исклучително интересен, фауната на Стамер допрва треба да се истражува и да ги покаже своите чуда. И во оваа прилика сакам да потенцирам дека ако зборуваме за современиот вид, хомосапиенсот, тој доаѓа од Северна Африка, но нашите факти зборуваат дека Балканот е исклучително важно место, каде што се развила најраната историја на човечките суштетства од кои се развил подоцна човекот, рече Спасов.

Директорот на Природонаучниот музеј во Скопје, м-р Ивица Заркадов, за МИА изјави дека оваа соработка со научната институција во Софија е многу значајна за понатамошни заеднички истражувања на теренот.

- Ние во таа насока потпишавме два меморандуми за соработка со природонаучниот музеј во Софија, но и со Белград, така што овие меморандуми за соработка понатаму многу ќе ни ја олеснат работата и сорабоктата за проекти, рече Заркадов. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Корпусот на гардата на исламската револуција погоди танкер за нафта во Ормускиот Теснец

Поморските сили на Корпусот на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) соопштија дека танкерот за нафта „Тренд“, кој плови под знамето на Того, бил погоден и запрен откако на него избувнал пожар додека се обидувал да помине низ Ормускиот Теснец.

Корпусот на гардата на исламската револуција погоди танкер за нафта во Ормускиот Теснец

Во соопштението објавено во четвртокот вечерта, контраадмиралот Али Азмаеи, командант во поморските сили на ИРГЦ, изјави дека танкерот се обидел да помине низ овој стратешки воден пат „по поттик и преку измама на американската војска што убива деца“.

Според ИРГЦ, танкерот се обидел да помине низ Ормускиот Теснец без дозвола, што ги натерало иранските сили да интервенираат.

„Храбрите воини на исламот и одлучните морнари од морнарицата на ИРГЦ продолжуваат цврсто да ја одржуваат контролата врз виталниот воден пат на Ормускиот Теснец и не дозволуваат ниту еден агресор да помине низ него“, се наведува во соопштението.

Морнарицата на ИРГЦ соопшти дека бродот „Тренд“ бил „погоден и запрен откако на него избувнал пожар“. Иранските сили го повторија своето предупредување дека – како што тврдат – секој обид за нелегално минување низ Ормускиот Теснец би резултирал со „ништо друго освен уништување на бродот што го прекршил правилото“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ на покана на Зеленски на важен состанок во Украина

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, преку социјалните мрежи се огласи утрово во 7:00 часот од Украина со порака за граѓаните.

Вучиќ на покана на Зеленски на важен состанок во Украина

Во објавата на официјалниот профил на Вучиќ на Инстаграм се вели:

„Денес, на покана на претседателот Зеленски, присуствувам на состанок на Иницијативата за карпатска интеграција, важен проект за економско, транспортно и инфраструктурно поврзување на земјите од поширокиот карпатски регион. Сето ова го правам за дополнително да обезбедам стабилност и мир за нашите граѓани и за Србија“.

https://www.instagram.com/reel/DdaoMGcug45/?utm_source=ig_embed

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов Зеланд: Не сме разговарале со ЕУ за статусот на придружен член

Нов Зеланд не водел разговори со Европската Унија за можноста да стане придружна членка, изјави денеска портпаролот на новозеландскиот министер за надворешни работи Винстон Питерс, откако ЕУ објави дека разгледува таков предлог за Канада. 

Нов Зеланд: Не сме разговарале со ЕУ за статусот на придружен член

„Немало никакви дискусии со ЕУ за тоа Нов Зеланд да стане придружна членка“, рече портпаролот, како што пренесе Ројтерс.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во средата изјави дека сака да ѝ ја отвори вратата на Канада да стане првата „придружна членка“ на ЕУ, во обид да се воспостават нови врски меѓу сојузниците во „отворено непријателски свет“.

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со царини доколку продолжи со предлогот за Канада, нарекувајќи ја идејата „смешна“.

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, вчера изјави дека Австралија и Нов Зеланд би можеле да го следат примерот на Канада во продлабочувањето на односите со ЕУ.

„Не се сомневам дека во ова ќе бидат вклучени и други земји“, рече таа во интервју за телевизиската мрежа „Еуроњуз“. „Тоа веќе го гледаме, вклучително и во однос на законодавството што го усвојуваме, каде што партнери од целиот свет – како Австралија и Нов Зеланд – ни порачуваат: сакаме да ги продлабочиме нашите односи.“

Австралискиот министер за трговија, Дон Фарел, во вторникот изјави дека Австралија е „на иста бранова должина“ со Канада во однос на напорите за воспоставување посилни врски со ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер