3Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“
СветДОГЕ доби забрана да пристапува до приватните податоци во владините регистриСудијка му забрани на ДОГЕ на Маск да пристапува до приватните податоци во владините регистри. Федерална судијка прелиминарно му забрани на американскиот Оддел за владина ефикасност (Department of Government Efficiency, DOGE), кој е под команда на блискиот соработник на претседателот, милијардерот Илон Маск, да пристапува до приватните податоци на граѓаните во базите на податоци на Министерството за образование, Министерството за финансии и Канцеларијата за управување со персонал. Судијката Дебора Бордман ја издаде забраната како одговор на тужбата поднесена против републиканската администрација на претседателот Доналд Трамп од страна на коалицијата на работнички синдикати предводена од Американската федерација на наставници. Забраната ќе трае до крајот на судењето, а истата може да се обжали. Во тужбата се наведува дека администрацијата на Трамп ги прекршила федералните закони за приватност кога му дала на Одделот за владина ефикасност на Маск пристап до системите што содржат лични информации на десетици милиони Американци без нивна согласност. Бордман, која беше номинирана за федерален судија од поранешниот американски претседател, демократот Џозеф Бајден, претходно издаде привремена забрана која беше со ограничен опсег, но денешната прелиминарна забрана ќе ја спречи намерата на ДОГЕ да пристапи до податоците долго време додека трае судењето, што е неизвесно. Судијката утврди дека администрацијата на Трамп најверојатно го прекршила законот и во образложението наведе дека владата не објаснила соодветно зошто на одделот на Маск му треба пристап до досиејата на милиони граѓани. Бордман наведе дека администрацијата на Трамп сè уште може да ја спроведе агендата на претседателот без да добие неограничен пристап до низата лични податоци поврзани со федерални службеници, приматели на студентски заеми и оние кои добиваат владина помош, вклучувајќи ги нивните приходи и имотна состојба, бројот за социјално осигурување, кој е тајна во САД, датум на раѓање, адреса на живеење, брачен статус и државјанство. - Тие ги дадоа тие информации на федералната влада, во доверба. Таа јавна доверба сега е веројатно нарушена, напиша судијката. Во тужбата се тврди дека администрацијата на Трамп веќе користела чувствителни податоци надвор од целта за која биле дадени, прекршувајќи го федералниот Закон за приватност, и дека наместо да ја спроведува функцијата на федералната програма за студентски заеми, ДОГЕ има пристап до податоците за заемите „со цел да го уништи“ Министерството за образование, кое целосно се укинува. Трамп минатата недела потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование, кое беше основано пред повеќе од четири и пол децении од страна на починатиот американски претседател Џими Картер. Ракувањето со студентски заеми е префрлено на други федерални институции. Американската федерација на наставници претставува 1,8 милиони вработени во образованието, здравствената заштита и поврзаните владини служби. Минатата недела, во друг судски случај во Мериленд, судија привремено го блокираше ДОГЕ да пристапи до базите на податоци за социјално осигурување кои содржат огромна количина на лични информации за речиси целото население на државата./МИАТагови: Маск ДОГЕ податоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните. Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот. Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните. -Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска. Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“. Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан ДистрибуцијаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook