Американскиот амбасадор во Холандија му се закани на Меѓународниот кривичен суд: Рацете подалеку од САД !
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче ништо не му чини оти му се распаѓа партијата, се креираат опозициски фронтови за да си оди од СДС
1Американскиот амбасадор во Холандија му се закани на Меѓународниот кривичен суд: Рацете подалеку од САД !
2ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче ништо не му чини оти му се распаѓа партијата, се креираат опозициски фронтови за да си оди од СДС
3Најмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)
БалканДодик: Вратете ни го Дејтон и ние ќе останеме во БиХ Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека БиХ е создадена за да го уништи српското национално битие и рече дека сега е моментот Србите да направат нешто за себе и дека никој нема право да ја предаде Србија. &nb„БиХ е чудовиште кое е создадено за да го уништи српското национално битие тука. Соберете се, борете се, никој нема право да ја предаде Република Српска. Како претседател на Република Српска, нема да го дозволам тоа, ќе останам на патот на одбрана на Република Српска“, рече Додик на одбележувањето на 30-годишнината од погромот на 15.000 Срби од Западна Славонија во хрватската операција „Блесок“, кога беа убиени 283 Срби, меѓу кои и 12 деца. Тој нагласи дека сега е време Србите да кажат - вратете ни го Дејтон и ние ќе останеме во Босна и Херцеговина, или во спротивно немаат шанса нивните потомци слободно да живеат во Босна и Херцеговина. „За да не ни се случи повторно Славонија, Јасеновац, Брод на Дрина“, нагласи Додик, додавајќи дека сега опасноста е огромна. „Затоа нè тргаат настрана. Ако мислите дека Додик нема подобра работа за правење, сериозно се лажете. Само добивме малку одмор само затоа што во Америка не победи структурата што веќе ќе нè исчистеше. Тие правеа сè систематски 30 години“, рече претседателот на Република Српска. Додик рече дека е горд на сегашното раководство на Република Српска, кое се бори за Србија. „Останувам на патот на одбрана на Српска“, рече Додик од Градишка.Тагови: Милорад Додик Република Српска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
СветАмериканскиот амбасадор во Холандија му се закани на Меѓународниот кривичен суд: Рацете подалеку од САД ! Амбасадорот на САД во Холандија, Џо Пополо, изјави дека САД ќе се воздржат од мешање во работата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) само ако судот не се меша во американските работи. Неговата порака дојде откако холандскиот премиер Роб Јетен повика на заштита на судот со седиште во Хаг. „До нашите холандски сојузници, би сакал да кажам: со задоволство ќе се воздржиме од мешање во работата на Меѓународниот кривичен суд... сè додека судот не се меша во работите на Соединетите Американски Држави. Нашите приговори кон Судот се поддржани од двете страни; претседателите од двете страни одбија да го поднесат Римскиот статут за ратификација“, напиша Пополо на платформата X. Амбасадорот рече дека има „огромно почитување“ кон Јетен, но рече дека МКС е политизирана институција на која американските трупи не треба да бидат подложени. „Нашите војници - кои бројат десетици илјади и кои ја штитат Европа како дел од безбедносна обврска стара повеќе од 80 години - и нашите други граѓани, не смеат да бидат изложени на дејствијата на политизиран суд. Точка“, рече Пополо. Во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Јетен праша како некој може да биде против гонењето на „најлошите злосторства“, објави холандскиот јавен радиодифузер НОС. Тој, исто така, повика на заштита на МКС. Иако не ги спомена директно САД или американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор, пораката на Јетен дојде еден ден откако Трамп го нарече МКС „одметничка организација“ и „малигна група луѓе“. „Рацете подалеку од Судот и сите други институции што го штитат меѓународниот правен поредок“, рече Јетен, објави денес НОС. САД не се членка на МКС и со години ја оспоруваат надлежноста на судот врз американските граѓани. Администрацијата на Трамп воведе санкции против судот на почетокот на 2025 година, вклучувајќи финансиски казни и ограничувања за визи за лица кои помагаат во истрагите против Американците. Вашингтон особено ги критикуваше налозите за апсење на МКС за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант, како и неговата истрага за однесувањето на американските војници и персоналот на ЦИА во Авганистан.Тагови: Меѓународниот кривичен суд САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: На Филипче ништо не му чини оти му се распаѓа партијата, се креираат опозициски фронтови за да си оди од СДСВенко не може да ги обвинува сите за состојбата во која што се наоѓа СДС. Партијата е во таа состојба заради тоа што конкретно Венко Филипче е на чело, а очигледно дека никој не се согласува со тоа, па дури се креираат цели опозициски фронтови за Венко да се тргне од чело на СДС. Не може Венко Филипче да обвинува други политички партии за состојбата во којашто се наоѓа СДС. СДС по последните изборни резултати беше на дното оти толку поддршка им е останата од оние коишто веруваат во Филипче, како чувар на фотелјата на Заев. Поранешни функционери на СДС одамна јавно апелираат дека Венко треба да се повлече од тронот во СДС, но очигледно тој во неверување дека некогашната голема СДС е спадната на ова ниво, и од толкава жед за власт се уште верува дека има некаков легитимитет да биде дел од политичката сцена. ВМРО-ДПМНЕ две години неуморно работи да ја подобри состојбата во државата со економски политики за кои има конкретни бројки што велат дека земјата се движи во правилна насока, проекти кои реално ќе им помогнат на граѓаните да имаат бенефит. Тоа што СДС немаше и нема никаков капацитет да направи нешто добро за државата никако да му влезе во глава на Венко. Две години како претседател на СДС само шири дезинформации и глупости во јавноста кои немаат никаква врска, кои постојано се демантирани дали од домашни дали од европски институции, две години лута и не може да се помири дека е опозиција и не може ни да ја консолидира партијата за да почнат да се однесуваат како опозиција. Бегаат од работни групи, како таа за Изборниот законик, иако е дел од реформската агенда, бегаат од пратенички прашања или се демантираат самите едни со други во Собрание, и тотално не можат да се помират дека се опозиција и уште живеат во златната ера што за нив беше кога крадеа се и сешто. А вчера на една национална телевизија повторно нивен член посочи дека Венко ја држи партијата окупирана и узурпирана, но и дека не може да се однесува во јавноста неодговорно и да се појавува кога ќе му текне за одредени теми да биде гласен, а за одредени теми да го нема на мапа и да нема став. На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Венко Филипче да е претседател на СДС. Не им одговара на граѓаните и на државата. Но ако продолжи вака, на добар пат се да се уништат меѓусебно, Венко и остатокот од талогот на СДС, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
СветНајмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)Јужноафриканската полиција денеска соопшти дека започнала потера откако 17 лица беа убиени, а 15 ранети во пукање во населба во близина на Јоханесбург.Службите за итни случаи прогласиле 13 мажи и 4 жени мртви на местото на настанот, а мотивот за пукањето се уште не е познат, се вели во соопштението на јужноафриканската полициска служба објавено на мрежата Х, објави CNN. #sapsHQ [ACTING NATIONAL COMMISSIONER COMMENDS GAUTENG POLICE FOR SWIFT ARREST IN TEMBISA MURDER CASE] The Acting National Commissioner of the South African Police Service (SAPS), Lieutenant General Puleng Dimpane, has commended Gauteng police for the swift apprehension of a suspect linked to the murder of a woman whose body was discovered at Mooifontein Cemetery in Tembisa on Saturday morning. It is alleged that following the murder, the suspect fled to Tzaneen, Limpopo, where he was apprehended by police on Saturday evening at approximately 23:00. Lieutenant General Dimpane has specifically commended members of Crime Intelligence in the Ekurhuleni District, Tembisa South detectives, the Investigative Psychology Unit, experts from the Gauteng Local Criminal Record Centre (LCRC), and members of Bolobedu Police Station for their coordinated efforts in tracing and apprehending the suspect. “I commend this multidisciplinary team for their swift response, coordination and determination, which resulted in the apprehension of the suspect on the same day. This is the kind of policing we expect from our members. We will continue to pursue perpetrators of murder and gender-based violence and femicide and ensure that they face the full might of the law,” said Lieutenant General Dimpane. The investigation and tracing of perpetrators linked to other women's bodies found in Ekurhuleni is still underway with police following all available leads. #EndGBVF ML — SA Police Service 🇿🇦 (@SAPoliceService) September 27, 2026 Полицијата соопшти дека осум неидентификувани мажи отвориле оган врз гостите кои пиеле пред паб во Ведела, округот Вест Ранд, во саботата навечер по локално време, пред да влезат во барот и „да продолжат да пукаат во гостите внатре“. Според полициските службеници, наводните напаѓачи биле вооружени со пиштоли и пушки АК-47. #BREAKING At least 17 people were killed and 15 others seriously wounded in a mass shooting at a tavern in Wedela, near Carletonville, South Africa, on Saturday night. Police said at least eight suspects armed with AK-47 rifles and handguns opened fire on patrons outside the tavern before entering and continuing to shoot inside. Thirteen men and four women were killed. The motive remains unknown, and police are searching for the suspects. — Global OSINT (@GlobalOSINTHQ) September 27, 2026 Петнаесет лица со прострелни рани се пренесени на лекување во медицински установи. – Пријавено е дека гостите пиеле внатре и надвор од локалот кога пристигнале осомничените и отвориле оган кон оние надвор. Осомничените потоа влегле во барот и продолжиле да пукаат во гостите внатре, напишала јужноафриканската полиција на мрежата Х. Во оваа фаза се уште никој не е уапсен, соопшти полицијата, објави Интернационале.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook